„Не знаеш како е да си јас. Не можам да седам мирно бидејќи имам чувство дека нозете ми се во пламен или дека стотина мравки ме лазат по рацете”. Карли и нејзината сестра близначка се родени во Торонто. Кога наполниле две години, развојните разлики меѓу нив станале очигледни. Карли доцна научила да седи и да оди, а нејзиниот говор не се развивал. Набрзо ѝ бил дијагностициран аутизам. „Тешко е да се живее со аутизам, бидејќи никој не ме разбира. ...

Што треба да се случи за мажите да бидат засегнати од сеприсутното насилство? Во февруари годинава, односно, ако сум искрена, на Денот на вљубените, во Кинотека го гледав филмот Париз, Тексас (1984), по не знам кој пат. Како и сите филмови на Вим Вендерс, така и овој (или особено овој), ни раскажува нешто речиси непоимливо за човековата состојба – не толку преку зборовите и приказната, туку преку боите, сликите, светлото, музиката, погледите, ...

Габриела Бример била поетеса и активистка за правата на лицата со попреченост. Се родила со церебрална парализа во 1947 година во Мексико Сити во еврејско семејство кое го преживеало холокаустот. Како невербална корисничка на инвалидска количка, таа уште од раното детство учела како да го најде своето место во свет кој тешко ја прифаќа различноста. Во тоа време не се знаело многу за церебралната парализа. На нејзините родители им било кажано ...

Фото: Макс Гордон (Кон кореодрамата „Полноќ“ по концепт и во режија на Јоан Буржоа и во продукција на Уметничката трупа на Јоан Буржоа, Франција. Главни улоги: Јоан Буржоа, Мари Буржоа и Оливие Матје) Кореографијата на Јоан Буржуа нè наведува да помислиме на тоа: во каква форма доаѓа љубовта кај нас и дали сме секогаш подготвени да ја земеме со себеси. Оваа кореодрама едноставно наречена „Полноќ“ се занимава со еден друг аспект на љубовта и ...

Од книгата „Животот на животните“ од Џ. М. Куци го објавуваме уводниот текст на Ејми Гатмен. Книгата всушност е необичен роман-расправа во кој/а учествуваат Џ. М. Куци, Марџори Гарбер, Питер Сингер, Венди Донигер и Барбара Сматс. Се разбира дека секој љубител на животните и сите луѓе што се загрижени за состојбите на планетава и за нејзините живи битија - би требало да ја прочита оваа исклучителна книга која ја преведе Фросина Крушкаровска, а ја ...

На прашањето која личност најдобро ги претставува најлошите тенденции на нашата брутална доба, први на ум би ни биле Јахја Синвар (водачот на Хамас во Газа), Бенјамин Нетанјаху, Ким Џонг-Ун или Владимир Путин. Пред сè затоа што сме бомбардирани со вести за овие лидери. Ако го прошириме фокусот и ги земеме предвид ужасите кои главно ги игнорираат западните мејнстрим медиуми, ќе видиме дека водачите на конфронтираните страни во граѓанската војна ...

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Коле Неделковски" - Центар на работилница со уметникот Доротеј Нешовски Синоќа, на 29 септември, во КСП „Центар - Јадро“ и во Парк на Франкофонија официјално започна третото издание на Маалски фестивал под мотото „Културата како јавно добро“. Сончевиот петок беше одличен за маалска дружба! Во текот во денот, во Парк во Франкофонија активистите, уметниците и учениците ги споија познавањата и креативноста во ...

Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје” оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални музички имиња. Програмата ќе биде збогатена со изложби и проекции на филмови, како дел од програмските активности на центарот. „Звукот на Скопје” значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснa во ново скопско музичко ...

(Во текстов нема да наведувам цитати, зашто текстот не е академски. И покрај тоа што темата е неизмерна, а за неа е пишувано многу од разни агли, секоја референца само би го отворила прашањето зошто баш тој, а не некој друг автор. Значи, ова е само личен став - а, како што знаеме, поединците не се важни.) Кај источноевропските елити постојат два проблеми. Тоа се: национализмот и парохијализмот. За да ги разбереме национализмите (множина) на ...

Зад аголот доаѓа третото издание на Маалски фестивал, кој ќе се одржи од 27 до 29 септември во КСП Центар Јадро и Мобилно/монтажна галерија во Парк на Франкофонија. Не само што изданиево е трета среќа, туку годинава Јадро слави и јубилеј - „Пет години КСП Центар Јадро“, кој ја потврдува нивната визија дека КСП „Центар Јадро“ е приказна што се создава колективно. Токму и со изложбата по повод овој јубилеј официјалнно ќе биде отворено ова ...

За еден месец колку што ќе трае најновата владина мерка за дисциплинирање на маржите, македонските граѓани ќе може да купат еден леб фазла! Ова е „подарок“ од трговците, кои во есенската кошница го сместија поевтинувањето на лебот од 1 денар. Добро прочитавте! Откако ќе се пресметаат и другите „дарежливи“ намалувања, повеќе од јасно е дека трошокот од акциите спакувани во звучни имиња, повторно ќе падне врз грбот на потрошувачите. Владата не ...

Денес, на 25 септември, на 51-годишна возраст, почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, мецосопран во Националната опера и балет (НОБ), објави нејзиното семејство. Погребот ќе се одржи в петок во 12 часот, на градските гробишта во Бутел. Добитничка на неколку награди и школувана во Македонија, Софија, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитираше на сцената на Македонската опера и балет во 1996 со улогата на Мадалена во „Риголето“. Настапувала на ...

Елиза Сагс на шеснаесетгодишна возраст Во Америка во 19 век Елиза Сагс го постигнала незамисливото: како обоена жена со попреченост, се стекнала со образование. Нема многу информации за нејзиниот живот. Најмногу што можеме да дознеме за неа е од нејзината книга „Сенки и сончев сјај”. Родена е на 11 декември 1867 година во Илиноис како четврта ќерка на некогашните робови Џејмс и Мелинда Сагс. Четири месеци по нејзиното раѓање, кога ја доживеала ...

За исходот на претседателските избори во Америка одлучуваат оние држави во кои Републиканците и Демократите се приближно моќни. Една од нив е и Северна Каролина, иако таму Републиканците веќе извесно време имаат блага предност и победуваат. Изборите никогаш не се само претседателски, туку се гласа и за други структури на власта. Во Северна Каролина, меѓу другото, истовремено се избира и гувернер. Гласачите во најголем број на сите гласачки ...

Последниот инцидент со Бугарија, каде што претседателката Сиљановска-Давкова беше дочекана без какви било државни обележја, иако се претвори во своевидна драма, податлива за јавноста, всушност претставува само еден симптом на процес што се одвива подолго време и на повеќе фронтови. Фактот дека се одвива во забавена слика (slow motion), не треба да нè одврати од заклучокот во кој правец се движат нашите односи со Бугарија – назад кон засилен ...

Кога ќе помислам дека би требало да пишувам за блутникавата и понижувачки банална политичка стварност мацедонска, мозокот ми рипнува нагонски во обратна насока, кон општочовечки или филозофски теми, или, конечно, кон што и да е само да е далеку од животоважните теми на најстарата овоземна цивилизација и колевка на супериорната бела раса на мацедонски надлуѓе. Така и без некоја цврста намера или соодветна подготовка често ќе се најдам во ...

Денес, 23 септември, со почеток во 19:30 часот, во Мобилна / Монтажна галерија, во Парк на франкофонија, ќе се одржи самостојна изложба на уметникот Иван Аџиевски насловена „Монумент за неродените”. „Монумент за неродените” е четврта самостојна изложба на македонскиот автор Аџиевски Иван, истата преставува концептуален проект во кој преку ликовната уметност авторот се обидува на пошироката јавност да ѝ покаже критицизам на реалната опшествена ...

Повоените меѓународни економски организации се осмислени и формирани на конференцијата во Бретон Вудс во јули 1944 година, пред цели осумдесет години. Целта била да се избегнат катастрофалните економски ефекти на протекционизмот, кој ја продлабочил и продолжил Големата депресија и можеби довел до војна. Правилата се засновале на идеите за фиксен девизен курс, умерена царинска заштита, можности за задолжување заради решавање на привремените ...

Филмскиот критичар Слаѓан Пенев е селектор на главната натпреварувачка програма на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“. Со него разговараме за изборот на филмовите, за трендовите на европската и светска кинематографија, за жените во кинематорафијата и за филмовите кои вреди да се погледнат… Како изгледа процесот на селекција на дела и автори за главната програма на фестивалот „Браќа Манаки“? Процесот на селекцијата е ...

Излезена пред петнаесетина години, книгата на Амин Малуф „Растројството на светот“ почнува со зборовите: „Во новиот век влеговме без компас“ и продолжува дека случувањата од почетокот на 21 век наведуваат на помисла дека со светот завладеала некоја чудовишна растроеност. Ужасната карактеристика на ова планетарно нарушување е што таа се случува во повеќе подрачја истовремено:како интелектуално растројство, финансиско растројство, климатско ...

Вработените во градежното друштво во Свонси биле изненадени кога добиле разгледница адресирана до Лидија Дејвис за која се верува дека датира од 1903 година. Се верува дека Лидија Дејвис живеела на таа адреса пред повеќе од еден век и дека имала 16 години кога требало да ја добие разгледницата. „Планот е разгледницата да ја вратиме на некој кој можеби е поврзан со Лидија и тоа да им биде спомен што би можеле да го пренесат на генерациите што ...

„Сигурно сте слушнале за чудовиштата што живеат под креветот. Излегуваат навечер - спремни да нападнат ако се осмелиш да ги вознемириш. Некои деца се плашат, некои пак уживаат во своите мирни соништа без воопшто да помислат на нив. Но дали некогаш сте се прашале каде се чудовиштата преку ден? Јас знам… Тие се кријат во моите чевли.” Претставата на авторката Јована Зајкова насловена „Во моите чевли” ќе биде изведена на 23 септември, во 20 часот, ...

На 14 јуни 2022 година, на седумдесет и осум годишна возраст, почина Гордана Рајков, светски позната активистка на движењето за правата на лицата со попреченост и прва пратеничка со попреченост во Собранието на Република Србија. Гордана Рајков е родена на 29 декември 1944 година во Белград. Дипломирала на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Белград и работела како професор по математика. По студиите станува активна во ...

(Кон петтиот театарски фестивал „Театар на крстопат“ одржан во Ниш, 2-8 септември, 2024 година) Театарот е синтетичка уметност и неговото постоење подразбира континуирано преиспирување и преформулирање. Фестивалот „Театар на крстопат“ кој веќе петта гдина се одржува во Ниш (Србија), ги собира највредните и најинтересните театарски дела од регионот, а со тоа го премерува театараскиот артизам создавајќи слика за движењата во театарската уметност ...

Разговаравме со Томаж Мастнак, истакнат словенечки социолог, публицист и поранешен граѓански активист. Во скорешните дела неговиот истражувачки фокус е врз конфликтните односи меѓу Истокот и Западот, критиката на либерализмот, фашизмот и неолиберализмот, а пишува и за бонапартизмот. Во моментов подготвува антологија на младохегелијанците на словенечки јазик. Разговорот со Томаж Мастнак го води Среќко Пулиг. Од радикален застапник на цивилното ...

Демократската партија на конвенцијата во Чикаго приреди извонредна претстава. Имаше сè: големи музички ѕвезди, говори кои предизвикуваат ентузијазам, верска посветеност, многу солзи, будење на надежта, моменти на радост, восхитувачки патриотизам, Опра Винфри и многу, многу балони. Телевизиските коментатори беа импресионирани од начинот на кој потпретседателката Камала Харис се претстави: со нејзината насмевка, говорот на телото, гласот – дури и ...

16/09/2024 02:02 - Окно
-

„Сè што сакам за роденден е уште еден роденден“ Иан Дјури Иан Робинс Дјури (12 мај 1942 - 27 март 2000 година) беше англиски пејач, текстописец и актер кој се прослави во доцните седумдесетти од минатиот век, за време на панк и њу вејв ерата на рок музиката. Беше пејач и текстописец на Ian Dury and the Blockheads и претходно Kilburn and the High Roads. Во седумдесеттите години цртал илустрации за The Sunday Times, а во осумдесеттите и ...

Минатиот петок во бегалскиот камп Џенин се одржаа единаесет погреби. Војската уби осуммина, а тројца умреа од природна смрт. Не беше можно да се погребаат претходно заради бруталните акции на израелската војска во кампот. Војската од кампот одзеде уште пет тела за свои потреби. Тоа утро, по завршувањето на акцијата со садистичко име „Летен камп“, војската излезе од бегалскиот камп, а жителите почнаа да му се враќаат на она што остана од нивните ...

При секоја смена на власта ја слушаме истата приказна: ТИЕ се криминалците, а НИЕ сме чесни. Зарем ВМРО-ДПМНЕ не беше „криминална банда“ пред седум години? Зарем СДСМ и ДУИ не се „криминалната банда“ денес? Ако на власт се сменуваат една група криминалци со друга тогаш очигледно е дека проблемот е во системот кој овозможува криминал и корупција. Ако, пак, власта има тенденција да корумпира, а системот овозможува криминал тогаш и најчесните можат ...

Практиката на уметницата Моли Кент од Единбург е начин на навигација на нејзиното искуство со комплексна психичка состојба, но истовремено и допирање на пошироки општествени теми. Крајот е тука, 2022 Прикажувајќи запалени пожари, тела што паѓаат и торнада, таписериите на Моли Кент создаваат апокалиптичен амбиент. Исповеди во тетратка, 2022 Но, она што ги прави овие вознемирувачки природни слики толку релевантни е начинот на кој уметницата ги ...

Скопје

3ᴼ/3ᴼ
3.6
60%
1013

Белград

5ᴼ/3ᴼ
2.78
56%
1009

Софија

1ᴼ/0ᴼ
3.6
71%
1014

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
4.23
57%
1012

Љубљана

4ᴼ/2ᴼ
2.06
91%
1002

Атина

20ᴼ/19ᴼ
6.26
55%
1007

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.03
43%
1011

Подгорица

8ᴼ/7ᴼ
1.54
66%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4722

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.9161

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $