Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со четири лица од Куманово, кои се сомничат дека од угостителски објект на улицата Гоце Делчев одзеле поголем број маси и столови. -Вчера во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово. Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на ...
Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам - стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа - истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешниот увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога - Лемос. Според министерот Тошковски, проектот за Маркова Нога е ...
Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот. -Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање ...
Фудбалската федерација на Македонија реагираше по последното соопштение на Шкендија истакнувајќи дека нема да дозволи притисоци, уцени или обиди за влијание врз нејзините одлуки. „Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки. Никакви уцени, притисоци или ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатениот ураниум од таа земја. „Би можеле да го добиеме веднаш. Не мислам дека би можеле да не спречат доколку решиме да го преземеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. Трамп исто така изјави дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер, Моџтаба Каменеи, но додаде ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа оцени дека би било „одлично“ претседателите на Русија и Украина да се состанат и да постигнат договор за ставање крај на конфликтот. Коментирајќи го отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можен состанок со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп изјави дека ја поддржува идејата за директен дијалог. - Не знам. Драго ми е што можеби разговараат за состанок. Мислам дека ...
Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE, информира денеска МАСИТ во соопштение што МИА го пренесува интегрално. „Анализата на ...
Бизнис магазинот „Форбс“ проценува дека американската поп суперѕвезда Тејлор Свифт стана најбогатата музичарка во историјата со богатство од 2 милијарди долари, што претставува зголемување од 100 проценти во споредба со 2024 година. Свифт (36) го доби статусот на милијардерка во 2024 година благодарение на нејзината турнеја „Eras Tour“. „Форбс“ ја нарече Свифт еден од најкомерцијално успешните текстописци на сите времиња. Во 2020 година, ...
Организацијата која управува со имотот на покојниот пејач Принс во август ќе објави албум под називот „Timeless“, кој содржи 10 претходно необјавени песни создадени во текот на целата негова кариера, почнувајќи од 1977, па сè до годината на неговата смрт, 2016 година, пренесе магазинот „Варајети“. Колекцијата ќе биде објавена во партнерство со издавачката куќа на Сони, „Legacy Recordings“, а излегува на 28 август. Најавата доаѓа со ...
Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијасо (26), би можел во летниот преоден рок да ги засили редовите на Барселона, јавија денеска италијанските медиуми. Интерес за услугите на италијанскиот репрезентативец покажува и лондонски Челзи, но според медиумските извештаи, Барселона е во предност да го обезбеди потписот на Камбијасо. Во јануари минатата година, Манчестер Сити, исто така, беше заинтересиран, но евентуалниот трансфер пропадна поради ...
Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 2.6 %. Во споредба со претходнио месец, пак, цените се повисоки за 0.1 %, објави Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.7 % МИА Цените на угостителските услуги ...
Германија и Франција се подготвени да лансираат нова иницијатива насочена кон забрзување на процесот за пристапување во Европската Унија за земјите од Западен Балкан и за Молдавија, нудејќи им придобивки од подлабока интеграција уште пред полноправно членство. Предлогот, претставен во заеднички документ за позиција во кој ДПА имала увид, повикува земјите кандидатки да добијат награди за исполнувањето на пристапните критериуми, вклучувајќи и ...
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков, изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски упатено до рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време доколку сака средба. „Имав можност да го прочитам писмото. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го направи тоа“, изјави Песков. Зеленски во ...
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги отфрли наводите што кружат низ западните земји за наводен претстоен напад на Русија врз НАТО, оценувајќи ги таквите тврдења како апсурдни и како „намерна манипулација“, а истовремено порача дека Русија е подготвена за мир со Украина и дека е потребно во преговорите посредник да биде некој што е неутрален. – Која е целта на напад врз Европа и борба против НАТО? Ова не е само бесмислица, тоа е ...
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, синоќа ја оцени изјавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар дека „Унгарија граничи со самата себе“ како „тешки зборови“ и потсети дека Унгарија на север граничи со суверената Словачка. Според Фицо, „острата реторика“ никому не му помага и само ја зголемува напнатоста, а во овој момент се потребни здрав разум и прагматизам. - Германија исто така ја плати цената поради острата реторика на својот канцелар ...
Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас, изјави денес дека засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Ормуската Теснина. Тој рече дека моментално нема проблеми со снабдувањето со млазно гориво во Европа и дека не се очекува недостиг во блиска иднина. Според него, најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост произлегува ...
Австралиските власти запленија повеќе од 100.000 живи егзотични лебарки од комерцијален одгледувач во сојузната држава Нов Јужен Велс, во она што официјалните лица го опишаа како најголема заплена на илегални егзотични безрбетници во историјата на земјата. Одделот за климатски промени, енергија, животна средина и вода (DCCEEW) денес соопшти дека инсектите, чија вредност се проценува на износ до 200.000 австралиски долари (142.000 американски ...
Во документот, со наслов „Нов поттик за проширувањето во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан (5 јуни 2026) и самитот ЕУ – Молдавија (22 јуни 2026)“, се оценува дека „проширувањето останува една од најпривлечните понуди и највлијателни политички алатки што ги поседува Унијата“. „Но на политиката на проширување ѝ е потребен нов поттик. Претстојните самити со Западен Балкан и Молдавија претставуваат можност што не смееме да ја пропуштиме. ...
Со 72 девојки кои вчера пристигнаа во Центарот за обука на регрути во грчкиот град Ламија и официјално започна доброволното служење воен рок за жени во Грција, во траење од 12 месеци, јави дописничката на МИА од Атина. Можноста и жените да служат воен рок ја соопшти министерот за одбрана Никос Дендиас на крајот на октомври минатата година, а следеше и кампања на Генералштабот на копнената војска на Грција со видео на социјалните мрежи во вид ...
На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, произлегува од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија - Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, во Црна Гора. Самитот, како што соопштуваат од Владата ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro", каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- ...
Министерот за здравство Азир Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Летонија. Дводневниот состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа - како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат ...
Полската тенисерка Маја Хвалинска продолжува со изненадувањата на Ролан Гарос откако синоќа се избори за саботното финале. Таа со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4) за два часа игра ја совлада Дијана Шнајдер. Полската тенисерка во моментов се наоѓа на 114.место на ВТА листата и со пласманот во финалето влезе во тениската историја. Таа само втората тенисерка која од квалификациите стигнува до финале на Гренд слем турнир, а пред неа тоа и успеа на ...
Македонската влада очекува охрабрувачки сигнали за проширувањето на утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват. Шефот на дипломатија Муцунски, вели дека чувствува желба кај европските претставници за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија. Без да ја толкува последната порака на Кошта од Скопје, вели дека за владата не постои алтернатива освен полноправно членство во Унијата. Ја повтори позицијата дека нема услови за уставни измени ...
Српскиот претседател Вучич вечерва ќе оди во Тиват и покрај заканите по неговата безбедност. По препораките на српската тајна полиција БИА да не патува во Црна Гора поради висок безбедносен ризик, Вучич сепак одлучи да присуствува на Самиот на Европката Унија и Западниот Балкан, каде вети дека пред сите ќе каже за сите игри во кои Србија е преставена како мала Русија, а тие како измачени балтички земји. - „ Им да дадов збор и на Урсула фон ...
Остануваме со јасна стратешка ориентација во надворешната политика, но исто така цврсто остануваме на позицијата дека во овој момент услови за уставни измени нема. Услови за уставни измени може да се создадат врз основа на градење меѓусебна доверба, како што често повторуваме, а меѓусебната доверба може да се изгради прво ако има институционални гаранции за што верувам дека нема проблем кај скоро сите земји членки, освен кај една, изјави ...
Законот за правична застапеност со кој се предвидува државните органи и јавни претпријатија да го почитуваат уставните принцип за вработување на различни етнички заедници ја почна собраниската процедура. Тој треба да го замени укинатиот Балансер од Уставниот суд. Според предлог-одредбите правичната застапеност во институциите треба да се заснова на реални податоци од последниот попис и конкретните потреби за вработување. За владејачката Вреди ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас шокиран од состојбата во која се наоѓа струшката депонија.Тој при денешната посета истакна дека загрижува тоа што се наоѓа во непосредна блзина до градот ,езерото и водоснабдителниот систем и најави итно решение на овој проблем . Струшкиот градоначалник Ќура уверува дека ќе се одржува депонијата особено во екот на сезоната кога многу често се палеше и го загадуваше градот. Според последните мерења во 2021 година ...
Сулејман конечно доби дом каков што заслужува, а ти ќе можеш да го посетиш во кое било годишно време. Желките во скопската зоолошка градина за првпат ќе имаат сопствено живеалиште изградено според стандардите, благодарение на донацијата на Флекс Групацијата. Едни од најстарите африкански желки сега посетителите ќе може да ги гледаат цела година, наместо како досега, само во летните денови. „Ова ни е прва иницијатива која ја сработивме заедно ...