Претставничкиот дом на Конгресот на САД усвои резолуција со која се бара прекин на воените дејствија против Иран без претходно одобрение од Конгресот. Резолуцијата, предводена од демократите, беше усвоена со 215 гласови „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републикански конгресмени. Иако гласањето претставува „политички удар“ за претседателот Доналд Трамп, мерката засега има симболично значење, бидејќи за да стапи во сила, ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на вчерашната заедничка прес-конференција со претседателот Володимир Зеленски во Киев изјави дека испораката на американските ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина продолжува „секојдневно и неделно“. Руте напомена дека ракетите пресретнувачи PAC-3 се исклучително важни за противвоздушната одбрана и оти е пожелно нивниот вкупен број да биде поголем од она што во моментов е достапно. – Добрата вест е што ...

Руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништила 272 украински дрона над повеќе руски региони, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Според соопштението, дроновите биле соборени над териториите на Белгородската, Брјањската, Волгоградската, Воронешката, Курската, Нижњеновгородската, Орловската, Ростовската, Рјазанската и Тамбовската Област, како и над Крим и над Азовското и Црното Море. Во меѓувреме беше соопштено дека ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска е предвидено да одговара на прашања од новинари од Западот, на вториот ден од Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург. Путин ќе се сретне со претставници на меѓународни медиумски организации за да разговара за внатрешната и надворешната политика на Русија, соопшти неговиот советник за надворешна политика, Јури Ушаков. Претходните години таквите сесии со новинари вообичаено ...

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3.0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со ...

Албанската мафија станува сè повлијателна во Белгија, според истражувањето спроведено од Институтот Кнак за локалните медиуми, објави агенцијата Белга. Истражувањето го испитувало учеството на осомничени Албанци во случаи на белгиските судови помеѓу 2020 и 2026 година. Повеќе од 2.000 осомничени Албанци се појавуваат во тековните истраги на федералната судска полиција. - Според Франсоа Фарси, директор на судството во Лиеж, овој феномен ...

Безбедносната и информативна агенција на Србија доцна синоќа соопшти дека официјално го советувала претседателот на државата, Александар Вучиќ, да не патува во Црна Гора, „бидејќи е утврдено постоење висок безбедносен ризик“. Како што е наведено во соопштението, таков совет е даден „поради непријателско дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора“. „Според нашите оперативни сознанија, водачот на кавачкиот клан, Радоје ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комитетот за односи меѓу заедниците, како и комисиите за прашања на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет. За расправа пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за високи раководители, во прво читање, како и Предлог законот за соодветна и правична застапеност, исто така во прво читање. Комитетот за односи меѓу ...

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира настан на кој ќе ги одбележи 15- годиншнината од основањето и 7 јуни - Светскиот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“.. На настанот, посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата на животните и заштитата на јавното здравје, како и на промовирање на современи ...

Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според статистичките податоци градежниот сектор во првиот квартал годинава бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки, истакнува ...

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8:00 часот наврнал во Маврови Анови – 30 литри на метар квадратен, по што следуваат Лазарополе со 27 и Крива Паланка со 23 литри на метар квадратен. Значителни врнежи се регистрирани и во Охрид - 15 литри на метар квадратен, Штип и Крушево 14, како и во Скопје-Петровец и Виница по 13 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно ...

Стартува третата фаза од проектот е-фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот е-фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури, информира денеска УЈП. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, ...

Светската здравствена организација денеска соопшти дека во Демократска Република Конго се потврдени 344 случаи на ебола, а 60 пациенти починале од болеста. Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, на прес-конференција изјави дека одговорот на епидемијата сè уште доцни, но дека здравствените служби „под водство на владата на ДР Конго, ја стасуваат“ епидемијата. Епидемијата на ебола од Конго се ...

Кувајт прогласи двајца ирански дипломати за „персона нон грата“ и им нареди да ја напуштат земјата во рок од 24 часа како одговор на најновите ирански напади врз неговата територија. Бројот на вработени во иранската амбасада во емиратот исто така ќе биде намален, соопшти денеска кувајтското Министерство за надворешни работи. Вршителот на должност во иранската амбасада во Кувајт беше повикан во Министерството за надворешни работи. Таму ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени ...

Позлатен меч во рамка, бисер во златна школка, порцелански вазни, колекционерски монети, пешкири... Вакви подароци завршиле во евиденцијата на Антикорупциската комисија по пријавата на јавните функционери. Листата на сајтот на Комисијата е сиромашена во однос на тоа колку малку избраните и именувани функционери јавно објавуваат што примиле како подарок. Само двајца државни функционери објавиле какви подароци примиле во име на државата. ...

Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство. Двајцата пациенти се во стабилна состојба. -Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. ...

Од 6 до 15 ноември 2026 година, Скопје и нашата земја ќе бидат домаќини на ВАКО Европското првенство за сениори, ветерани и паракикбокс, кое ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“. Ова престижно натпреварување претставува најзначајниот кикбокс настан во нашата држава годинава. Доделувањето на организацијата на нашата држава претставува големо признание за македонскиот спорт, за работата на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија ...

Додека многу европски земји се борат со енергетската криза, високите цени и економската неизвесност, македонската економија бележи раст. Според најновите бројки на Државнa статистика, економијата во првите три месеци од годинава пораснала за 3,1 процент. Премиерот Мицкоски нагласи дека според податоците на Евростат, Македонија е меѓу петте земји во Европа со најголем економски раст. „Вредноста на растот на БДП според Еуростат, значи ова не ...

Бруто-домашниот производ порасна за 3,1 % во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период од 2025 година - соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7,2 % и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6,1 %. Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,3 %, а ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потврди дека украинската армија уништила нафтен терминал во Санкт Петербург, како и фабрики во руската Тамбовската област. Погодениот нафтен терминал во Санкт Петербург е оддалечен 1.100 километри од украинската граница. Зеленски посочи и дека украинската армија погодила воени цели во базата Кронштат во близина на Санкт Петербург, а во Тамбовската област погодена е фабрика за производство ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран се откажал од својата програма за нуклеарно вооружување. Тој во поткаст на „Њујорк пост“ изјави дека веќе е постигнат договор за нуклеарното оружје на Иран. – Не можеме да им дозволиме нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија да немаат. Тоа беше голема работа, посочи Трамп. Тој негираше дека Иран има предност во судирот. – Иран нема морнарица. Нема воздухопловни сили. Имаат многу малку ...

Едно лице е убиено во иранскиот напад врз Кувајт утрово, објави кувајтското Министерство за надворешни работи. Во соопштение на платформата X, министерството остро ги осуди континуираните напади на Иран со балистички ракети и беспилотни летала врз Кувајт, насочени кон цивилни и витални објекти, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром во Кувајт. Иранската револуционерна гарда тврди дека во Кувајт нападнале американска воена база. Ракети ...

Позлатен меч во рамка, бисер во златна школка, порцелански вазни, колекционерски монети, пешкири... Вакви подароци завршиле во евиденцијата на Антикорупциската комисија по пријавата на јавните функционери. Листата на сајтот на Комисијата е сиромашена во однос на тоа колку малку избраните и именувани функционери јавно објавуваат што примиле како подарок. Само двајца државни функционери објавиле какви подароци примиле во име на државата. ...

Триесетина лица со години не оделе на работа во Институтот за јавно здравје, а на колеги кои ги евидентирале им плаќале по 200 евра. Неколкумина кои не биле вработени во ИЈЗ имале картички од институцијата и си точеле бензин за лични потреби. Архиварка имала плата од 100 000 денари бидејќи и се прсметувала и припарност иако не е во таа категорија а други вработени земале од 44 000 до 88 000 денари плус на плата за на пример чистење на дворот. ...

Како постапувале инспекторите во Кочани кога вршеле редовни и вонредни контроли во кафулето Класик и фирмите поврзани со Дејан Јованов Деко беа приложени како докази денеска во судницата. Според извештаите од контролите кои ги преезентираше Обвинителството, иако биле утврдени нерегуларности во овие фирми, не биле преземени никакви мерки. Документацијата ги отвара прашањата за односот кои го имале инспекторите и општината кон фирмите поврзани ...

Запрената истрага за набавката на Мазут за ТЕЦ Неготино тешка над 160 милиони евра е по лупа на Вишото јавно обвинителство, потврди републичкиот обвинител Ненад Савески.. Тој на брифинг со новинарите, рече дека предметот кој го водела Обвинителката Катерина Коларевиќ, заедно со жалбата поднесена од ЕСМ се веќе дадени на виш јавен обвинител кој ќе одлучи за иднината на случајот.. Пред вишото обвинителство се две опции - да го прифати ...

Со претседателот на Европскиот совет Антонио Кпошта имаме искрени и пријателски разговори, но остануваат разликите околку барањето за уставни измени. Владата останува на својата позиција и нема цена по која ќе го промени ваквиот став, вели премиерот Мицкоски по посетата на брислескиот авторитет. Мицкоски не очекува промена на ставот и на официјална Софија, но вели дека Македонија ќе победи со аргументи. Она што го гледа како минус на наша ...

Неколку училишта во Белград и Војводина добија дојави за поставени бомби утрово, што беше потврдено од Министерството за внатрешни работи. Известувањето за бомбите беше испратено на е-поштата на училиштата, а според информациите на „Данас“. Слични пријави беа примени утрово во основните и средните училишта во Нови Сад, односно во Јужнобачкиот округ. Пријави за бомба преку е-пошта беа примени и во Врбас и Бачки Петровац. Во е-поштата се ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
6.9
58%
1022
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1024
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
68%
1022
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.97
56%
1021
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.43
83%
1025
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
5.75
49%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
47%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
5.14
28%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
6.71
53%
1023
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.79
48%
1025
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.17
100%
1016
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Цинк

0.00

Платина

56263.81

Бакар

13.39

Родиум

278907.73

Кобалт

56.29

Паладиум

43596.41

Алуминиум

3.36

Злато

141562.95

Сребро

2099.49

Калај

55.56

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36