Вкупно 16.885 казни се изречени во текот на изминатиот месец при интензивни сообраќајни контроли на патиштата спроведени од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење – 4.473 прекршоци. Следуваат непрописното паркирање со 3.851 санкција, како и користењето мобилен телефон при управување ...

Основниот кривичен суд донесе пресуда врз основа на признание на вина за Р.Р., вработен како обезбедување во Владата, кој беше обвинет за кривичното дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На денешното рочиште обвинетиот ја признал вината, по што Судот донел пресуда со која му е изречена условна осуда. Согласно донесената пресуда, на обвинетиот Р.Р. му е утврдена казна затвор во траење од една ...

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, освојувачи на бронзени медали на Европското првенство за борачи до 15 години што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и нивните тренери, како и претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов. Како што информираат од Министерството за спорт, Ристовски им го честитал големиот успех на ...

Компанијата „Окта“ АД - Скопје воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава. Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ...

- Потребата од згрижувачки семејства е постојана. Потребно е да се зголеми свеста за оваа хумана работа, но и да се направат системски промени за да се овозможи развој на ваквиот тип на семејства, односно да се понудат повеќе мотивирачки решенија од страна на Министерството за социјална политика. Вакви пораки денеска испратија претставниците на надлежните институции на одбележувањето на Денот на згрижувачките семејства. Директорката на Домот ...

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина ...

Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството Милан Ристески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, рече ...

Со изведба на социјален танц-театар, на кој беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост, ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар денеска пред Собранието ја испратија пораката дека заштитата на децата од насилство мора да биде највисок општествен приоритет и дека „булингот“ секојдневно се случува во училиштата, но често останува незабележан од возрасните. Настанот, кој е во организација на ...

Заедно со заменик-градоначалникот на Карпош, Неделчо Крстевски, денеска го означивме почетокот на реконструкцијата на улица „Загребска“, една од важните сообраќајни артерии во Карпош, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Оваа улица има особено значење не само за жителите на Карпош, туку и за сите кои гравитираат кон овој дел од градот, особено имајќи предвид дека токму тука се наоѓа Институтот за респираторни заболувања кај децата ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за детски болести, каде што е отворен Центар за менаџирање и третман на обезност, односно дебелина кај децата. Потребата од ваков специјализиран центар е резултат на податоците од Институтот за јавно здравје и Клиниката за детски болести, според кои над 30 отсто од децата на возраст од шест до девет години во Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14 ...

Во четири одвоени случаи со четири чамци јужно од грчките острови Крит и Гавдос, утрово биле откриени и спасени вкупно 143 бегалци и мигранти и сите биле безбедно префрлени на пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина. Во морскиот дел југоисточно од местото Кали Лимени на Крит, воздушно средство на силите на Фронтекс открило два чамци со 41 и 42 лица и со помош на брод што пловел во близина и спасувачки брод на грчката крајбрежна ...

Македонската кикбокс репрезентација оствари извонреден настап на ВАКО Балканското првенство кое се одржа од 29 до 31 мај во Нови Сад, Србија, освојувајќи вкупно 66 медали – 13 златни, 25 сребрени и 28 бронзени одличја. Македонија на шампионатот настапи со делегација од 108 лица, составена од 75 натпреварувачи, 27 тренери, 4 судии и 2 официјални лица, претставувајќи една од најбројните национални селекции на првенството. Во силна конкуренција ...

Ракометарите на Охрид се победници во Европскиот куп сезона 2025/26. До историскио тпрв трофеј на европската сцена, ГРК Охрид дојде по две победи во финалните пресметки со унгарска Татабања. По минималната победа (29:28) на гостински терен минатата недела, охриѓани вчеравечер во преполната сала „Билјанини Извори“ домаќините славеа триумф со 31:25 (полувреме 12:11). И минатата сезона трофејот во третото по квалитет клупско европско ракометно ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра уште еден пријателски дуел. Најдобрата селекција гостува кај Турција уште еден учесник на Светското првенство кое почнува на 11. јуни. По натпреварот во Сараево со Босна и Херцеговина (0:0), селекторот Гоце Седлоски ќе има прилика да испроба играчи на кои ќе смета за следниот циклус натпревари во Лигата на Нациите. На прес конференцијата во пресрет на дуелот и за важноста на овој тип ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан синоќа повика на фундаментална промена во стилот на лидерство во земјата, додека неговиот кабинет ги негираше гласините дека планира да поднесе оставка, јави ДПА. Пезешкијан рече дека раководството на Иран не смее да се состои од ограничена група лидери и функционери, пренесе државната агенција Фарс, која е поврзана со моќниот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Тој повика на вклучување на ...

Мнозинството Германци не веруваат дека конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц би постигнале подобри резултати во анкетите на јавното мислење доколку тој биде заменет со друг лидер од неговата партија, покажа денеска објавената анкета на агенцијата „Форса“ за потребите на радиодифузерот РТЛ и списанието „Штерн“. Анкетата, пренесува ДПА, покажа дека 53 отсто од испитаниците не мислат дека конзервативниот блок, составен од Христијанските ...

Американската војска потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, кои ги опиша како чин на „самоодбрана“ по неодамнешното соборување американско беспилотно летало. Според Централната команда на САД (CENTCOM), цел на нападите биле ирански радарски системи, како и командни и контролни центри за управување со беспилотни летала во местото Горук и на островот Кешм, што се наоѓа во стратешки важната Ормуска Теснина. Американската ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Истовремено, тој жестоко ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран. „Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да ги нападне позициите на либанската милитантна група Хезболах во предградијата на либанскиот главен град Бејрут. „Како одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах и нападите врз нашите градови и граѓани, заедно со министерот за одбрана Израел Кац, им наредив на Израелските одбранбени ...

Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Денеска и утре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Од град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. МИА ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Словачка. Сиљановска-Давкова утре во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе ...

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одбележи 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски. Предвидена е промоција на Собрани трудови IV (2015 - 2025) од академик Јовановски и на капиталното дело - монографијата „Македонски природни богатства“, приредена од академик Јовановски. Пригодно обраќање ќе има претседателот на МАНУ, Живко Попов, за Собраните трудови ќе зборува академик Глигор Јованоски, додека за ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска до 5 јуни ќе го посети Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5 јуни. Како што информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и ...

Меѓународниот парламент за толеранција и мир ги надминува националните парламентарни агенди и ги обединува пратениците околу универзалните вредности, како мирот и толеранцијата. Неговата примарна цел е да ја разбуди човечката одговорност во оневозможувањето на насилството, промовирањето разбирање и одбраната на човековото достоинство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која синоќа имаше средба со учесниците на 14-тата ...

Во ДР Конго и во Уганда заклучно со вчера се потврдени 263 случаи на инфекција со вирусот ебола, изјави денеска генералниот директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести, Жан Касеја. „Се истражуваат повеќе од 1.100 сомнителни случаи, а 43 лица заразени со реткиот сој на ебола Бундибугио се починати“, изјави Касеја денеска во интервју за „Фајненшл тајмс“. Кесаја рече дека националните системи за инциденти мора брзо да се ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека земјите од Европската Унија, кои, како што изјави, прават сè што е можно за да го продолжат украинскиот конфликт, не треба да зборуваат за никакви „црвени линии“, бидејќи во оваа смисла „тие преминале сè што може да се премине“. „Тие (земјите од ЕУ) преминаа сè што може да се премине, па затоа нема смисла да се набројува“, изјави Песков за порталот Вести, коментирајќи ја изјавата на ...

Јаловиштето од рудникот „Злетово“ кај Пробиштип со децении важи за еден од најсериозните еколошки проблеми во источниот дел на Македонија. Станува збор за стара хидројаловишна депонија во која се наталожени милиони кубни метри отпад од преработката на оловно-цинкова руда, што содржи тешки метали и фини честички прашина. Поради тоа, јаловиштето често се нарекува „еколошка бомба“ за регионот. Општина Пробиштип изработи проект за санација на ...

Следната пролет се очекува да бидат пуштени во употреба првите километри од новиот автопат Прилеп-Битола кој се гради со одлично темпо. Ова денеска го потенцираше министерот за транспорт и врски Александар Николоски, при посетата на општините Могила и Новаци. Автопатот ќе зчачи многу за економијата и развојот на целиот Пелагониски регион. „Што многу ќе значи за движењето и економијата и поврзување покрај на Прилеп и Битола и на општините ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
56%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
57%
1022
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1024
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
73%
1023
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
57%
1022
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.13
51%
1012
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.62
42%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
30%
1017
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
7.72
50%
1024
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
3.09
51%
1025
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
100%
1016
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Цинк

0.00

Алуминиум

3.36

Сребро

2099.49

Родиум

278907.73

Злато

141562.95

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Калај

55.56

Паладиум

43596.41

Бакар

13.39

Платина

56263.81

Рутениум

53852.50