Дали Македонија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија зависи исклучиво од власта, смета лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој и понатаму тврди дека токму затоа власта има обврска да го распише референдумот што тој го бара за уставните измени. Без конкретно да одговори дали СДСМ е сигурен дека уставните измени се последното барање од Софија и Брисел, Филипче одговори дека билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка. „Власта ...

Масовно труење или стомачен вирус во ОУ Невена Георгиева – Дуња во Кисела Вода? Дваесетина деца и еден наставник од четвртокот до вчера поради гадење, повраќање и чести дијареи побарале лекарска помош на Детската клиника и на Инфективна. - Од четвртокот навечер до вчера 15-тина деца побарале медицинска помош на нашата клиника кои се со слична симптоматологија – гадење, повраќање, дијареа. Меѓутоа најголем дел беа со полесна симптоматологија и ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор. Како што информира Министерството за внатрешни работи, изутрина во 08:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с.Добридол, гостиварско, со престој во Тетово, поради ...

Во Одделението за управни работи - Скопје, одобрение за патување во странство за малолетни лица, покрај во работни денови ќе може да се извади и во стабота. Како и во изминатите години МВР очекува зголемениот обем на барања во наредниот период. - Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот ...

Во координирана акција на полицијата во изминатите 24 часа, шест возачи низ државата завршиле во полициска станица поради сообраќајни прекршоци, меѓу кои возење под дејство на алкохол, предизвикување незгоди и напад врз полициски службеници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во Скопје се приведени двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Кај едниот, кој управувал мопед, биле измерени 1,85 промили ...

Индустриска зона со нови фабрики, реконструкција и изградба на улици и дополнителни капитални проекти, се дел од инвестицискиот циклус вреден околу 1,2 милиони евра што се реализира во Општина Новаци. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општината, нагласувајќи дека проектите претставуваат значајна поддршка за локалниот развој и отворање нови работни места. - ...

Намалената акциза од 2 денари за горивата ќе продолжи да се применува до средината на јуни. Повластеното ДДВ од 10 отсто за бензините се укинува и ќе се врати на 18%. Владата на вонредна седница одлучи делумно да ги продолжи мерките за горивата кои истекуваа денеска. Дополнително, обезбеди и попуст од 2 денари по литар од најголемиот снабдувач ОКТА, кој ќе се применува од утре, информираат од Владата. - Со овие мерки и согласно нашите ...

Во периодот јануари - март годинава во државава запишани се 2 472 хипотеки врз недвижностите со вкупна вредност од 246.365.356 евра и 5.923.616.828 денари. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во јануари се запишани 619 хипотеки, во февруари 849, а во март 1004. Во Центарот за катастар на недвижности Скопје во првиот квартал годинава се запишани 1318 хипотеки во вредност од 125 707 841 евра и 3 217 079 946 ...

Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Париз поради немирите по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2025/26, објави „Франсинфо“. Според сведоци, мотоциклист роден во 2002 година удрил во бетонска бариера на излезната рампа од кружниот пат кон „Порт Мајот“ на западот од главниот град. Бројот на приведени лица во Франција за време на немирите се искачи на 780. Педесет и седум полицајци беа повредени за време на ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изрази загриженост откако дрон вчера ја погоди зградата на турбината на најголемата европска нуклеарна електрана Запорожје, при што наводно е пробиен отвор во нејзиниот ѕид, објави агенцијата на социјалната мрежа Икс. МААЕ соопшти дека за инцидентот била информирана од раководството на централата, која е под руска контрола. – Генералниот директор на МААЕ, ...

Седум полицајци се повредени, а 416 лица од кои 283 во Париз се уапсени за време на синоќешните немири предизвикани од навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) на улиците на Париз по победата на нивниот тим во финалето на Лигата на шампионите против лондонски Арсенал. Според тврдењата на неименуван полициски извор, една жена доживеала срцев удар и била лекувана, а друга жена е повредена со нож во близина на парискиот Плоштад на ...

Соединетите Американски Држави планираат да го забрзаат повлекувањето на војниците од базите во Европа и ќе презентираат предлози за ова прашање на своите сојузници од НАТО идниот месец, објави германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на неименуван извор од Пентагон. Вашингтон месецов најави планови за повлекување на 5.000 војници од Германија, што е широко протолкувано како резултат на расправијата меѓу американскиот претседател Доналд ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да заземе побавен пристап кон преговорите со Иран и покрај загриженоста за економското влијание на конфликтот. Тој рече дека брзањето во преговорите би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор. „Не брзам. Би сакал да биде побрзо, бидејќи знаете што, цените на бензинот ќе се намалат, но ако брзате, нема да добиете добар договор“, рече американскиот претседател ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русите само оваа недела лансирале повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против украинскиот народ. „Во текот на оваа недела, Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови за напад, речиси 1.560 наведувани воздушни бомби и 108 ракети од различни типови против нашиот народ. Сите овие напади беа насочени едноставно кон ...

На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници при вршење службени дејствија. Дополнително, било пријавено дека во угостителски објект во Росоман физички го нападнал Л.Л.(18) од с.Паликура, при што ...

Полициски службеници, синоќа, во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) од Дебар кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци. Полициските службеници утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај. - А.Л. на улицата „Амди Леши“ во Дебар, управувајќи моторно ...

Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, земаа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите. Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите ...

УХМР информира дека до крајот на работната недела ќе се задржи претпладне променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој во вторник во западните делови повремено ќе достигнува ...

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. Николоски напомена дека предвидените рокови за ...

Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска, одговарајќи на новинарско прашање, го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. При посетата на Општина Могила, Николоски истакна дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на ...

Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од утре, понеделник, први јуни. - Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се ...

Француската полиција приведе 326 лица за време на немирите што зафатија неколку градови во земјата по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, објави „Ле Фигаро“, повикувајќи се на службеници за спроведување на законот. Вкупно 235 лица беа приведени во метрополитенската област на Париз. Немирите се проширија во Авр, Ажен, Монпелје и Дижон. - Прославите во некои градови, вклучувајќи го и Париз, беа придружени со немири, што бараше ...

Во првото полувреме од финалето на Лигата на шампионите 2025/26 помеѓу ПСЖ и Арсенал, лондонскиот тим имаше историски најниска стапка на точност на додавањата. Според „Опта Спортс“, „Топчиите“ комплетираа само 69 додавања во првите 45 минути. Ова е најлошиот настап во првото полувреме во финале на Лигата на шампионите откако почна да се собираат вакви статистики (од сезоната 2003/04). И покрај негативниот рекорд Арсенал го доби првото ...

САД и Иран наскоро би можеле да постигнат мировен договор, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека ако преговорите не успеат, обновувањето на непријателствата останува на маса. Во интервју за Фокс њуз, Трамп исто така рече дека Техеран се согласил да не развива, ниту да набавува нуклеарно оружје. „Би сакал да имаме договор, бидејќи можеме да ја отвориме (Ормуската теснина) веднаш по потпишувањето. Единствената ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн. Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го ...

Четвртата меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро ќе започне денеска во 10 часот на плажата кај хотел „Бисер“ во населбата Калишта, а во неа ќе учествуваат нуркачки клубови од земјава, како и гости од Србија и Хрватска. Покрај нив, во акцијата која има за цел зачувување на природните вредности и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, се очекува вклучување и на голем број волонтери, граѓани, еколошки ...

Скопското обвинителство ќе спроведе истрага за 31-годишното лице кое е осомничено дека свртувајќи на дупла полна линија и управувајќи возило под дејство на дрога удрило во 19-годишен мотоциклист кој од ударот се здобил со тешки повреди од кои починал. За осомниченото лице е побарана мерка притвор. - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано ...

Со слегувањето на Св. Дух врз апостолите се исполни Домостројот на спасението на човечкиот род, заврши основањето на Црквата Христова или Царството Божјо на земјата. Од мигот на првата христијанска Педесетница, Црквата почна да го живее својот живот во полнота, да расте и да се развива внатрешно и надворешно, во висина и ширина, за да подготвува и прима нови души за Христа. Кога се зборува за празникот Педесетница, тогаш неопходно е да се ...

Екипите на Арсенал и на ПСЖ играат продолженија, откако основните 90 минути во финалето на Лигата на шампионите завршија нерешено 1:1. Германецот Каи Хаверц го отвори резултатот во 6. минута. Лондонци ја пресретнаа топката по грешката на дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос, во центарот на теренот. Хаверц влезе во противничкиот шеснаесетник од левата страна и шутираше под пречката од тежок агол. ПСЖ израмни преку Усман Дембеле кој го реализираше ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
56%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
57%
1022
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1024
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
73%
1023
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
57%
1022
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.13
51%
1012
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.62
42%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
30%
1017
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
7.72
50%
1024
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 15ᴼ
3.09
51%
1025
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
100%
1016
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Родиум

278907.73

Бакар

13.39

Паладиум

43596.41

Калај

55.56

Сребро

2099.49

Злато

141562.95

Платина

56263.81

Алуминиум

3.36