Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот - целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“. Во судницата беа ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имал „напнат“ разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во врска со планираниот израелски напад врз цели на либанската милитантна група Хезболах во Бејрут, изјави денеска неименуван член на кабинетот на Нетанјаху. Тој за израелскиот Канал 12 го демантираше претходниот извештај на мрежата дека Трамп го опцул Нетанјаху и лично го напаѓал за време на синоќешниот разговор, пренесува Тајмс оф ...
Четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење обезбедени во акција на Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство. Според првичните информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош. Меѓу лицата опфатени со ...
- Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. - Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево пред Владата го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, денеска престојува во Скопје. Кошта пристигна во Скопје од Тирана, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Мицкоски и Кошта во Владата ќе имаат тет-атет средба по што ќе следува состанок помеѓу владината ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак. Словачкиот вицепремиер ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован ...
Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. - Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската ...
Ќе се прочистува списокот на невработени, кои се пријавуваат во Агенцијата, а работат на црно. Надлежните најавија законски измени, со кои јасно ќе се разграничи колку од 90-те илјади невработени, навистина се без работа. Голем дел од нив се пријавуваат само за да не им се укине минималната загарантирана помош, вели првиот човек на Агенцијата и затоа веќе е формирана работна група, која на терен ќе проверува дали овие лица се неформално ...
Тропска бура Џангами денеска ја погоди Јапонија, при што се повредени 16 луѓе, а речиси 48.000 домаќинства во префектурите Окинава и Кагошима се без електрична енергија. Железничкиот и патниот сообраќај во погодените области е во прекин. Се претпоставува дека сообраќајот во Токио ќе биде отежнат до утре наутро. Во префектурите Кагошима и Окинава, најмалку 15 згради се делумно оштетени а патиштата се поплавени, вкупно 331 лет се откажани, а ...
Амбасадорите на Израел и на Либан во САД денеска во Стејт департмент почнаа уште една рунда директни разговори за завршување на конфликтот. На преговорите не учествуваат претставници на Хезболах. Тоа е четврта средба помеѓу претставниците на двете земји, кои немаат дипломатски односи. На средбата присуствуваат израелскиот амбасадор Џехиел Лајтер, либанската амбасадорка Нада Хамадех Моавад, како и Даниел Холер, советник на американскиот ...
Пожарникарите се бореа со пожарите во Киев денеска во утринските часови по серијата напади, а жителите пребаруваа низ урнатини и изгорени автомобили, откако руски беспилотни летала и ракети погодија градови низ Украина, при што загинаа најмалку 10 лица и беа повредени околу 100, соопштија официјални лица. Нападите се случија по неколкудневни предупредувања дека Москва планира голем напад. Го нападна снабдувањето со електрична енергија и ...
Тројца државјани на Македонија се под истрага во Хрватска поради сомнение дека сториле кривично дело „оштетување туѓ имот“ на подрачјето на Цавтат, соопшти Полициската управа Дубровничко-неретванска. Според информациите од полицијата, по добиени пријави било утврдено дека на повеќе јавни површини и објекти биле залепени налепници со содржина на кирилица. Меѓу оштетените предмети се сообраќајни знаци, патокази, канти за отпадоци и информативен ...
Општествено одговорни компании организираа крводарителската акција во Штип. Да се подигне свеста во јавноста и да се помогне на оние на кои им е најпотребно е идејата по која се воделе бизнисмените од овој град. За прв пат ваква акција организирале пред неколку години по јавните апели дека штипската трансфузиологија се соочува со недостиг на крв. Освен успешни компании, менаџерите сакаат на овој начин да покажат дека бизнис заедницата може и ...
Скопскиот центар за јавно здравје не нашол потврда за труење со храна на ученици и наставници од кујната во Невена Георгиева Дуња во Кисела Вода. Нивна екипа вчера иако била во училиштето, не земале брисеви од работни површини бидејќи сите пријавени со симптоми јаделе од различни угостителски објекти. - Хигиената според увидот е на задоволително ниво, дадени се насоки да се засили хигиената, но со сигурност не може да знаеме од каде е ...
Законот за заштита од пушење цигари помина на Владина седница. Пред да стапи на сила треба да се најде и пред пратениците каде ќе биде доставен со европско знаменце. - Коресподентните табели веќе се спремнби до вечер ќе бидат до дефинирани и следниот чекор е законот да биде на седница во собрание и истиот да се изгласа. - Очекувате ли пред распуштање на собранието за летниот одмор веќе да се изгласа и да стапи на сила? - Дефинитивно, ...
Артим Ислами и Феузи Џафери се двајцата кандидати во трка за испразнетото место во Судскиот совет. Собраниската комисија за избори и именувања на денешната седница ја утврди листата со овие двајца кандидати, а кој од нив ќе седне во телото кое унапредува и разрешува судии, ќе одлучат пратениците на пленарна седница. Ислами е адвокат, исто како и Џафери, но тој, претходно работел и во кабинетот на поранешниот министер за образование Сулејман ...
Почнуваат преговори меѓу Мицкоски, Касами, Меџити и Димитриевски за најавената реконструкција на владиниот кабинет. Помалиот партнер ЗНАМ останува во Владата и покрај тоа што го намали бројот на пратеници по заминувањето на Цеков од нејзините редови, потврди премиерот. Новата распределба на ресори и кадри треба да заврши до крајот на месецот, што ќе се поклопи и со двегодишнината од првиот владин состав на Мицкоски. Промените во Владата ...
Македонија ќе биде прва земја во ЗБ по однос на спроведени реформи и на следните извештаи на Европската Комисија, тврди советникот во влада за реформската агенда Орхан Муртезани, кој до декември беше и министер за европски прашања. Тој за Сител вели дека се уште има предизвици на патот поврзани со системот, но владата е подготвена да најде решение. „Jас упорно тврдам дека во следниот извештаен период Македонија ќе биде прва земја во Западен ...
Охрид ја прослави европската шампионска титула на градскиот плоштад. Градот го живее ракометниот сон по триумфот на ГРК Охрид над МОЛ Татабања во финалето од ЕХФ Европскиот куп. Во весела и празнична атмосфера голем број граѓани им оддадоа признание на шампионите. Ракометарите со пехарот во раце најавија дека не застануваат тука и дека за овој успех заслуга имаат сите навивачи и подржувачи на ракометот. Градоначалникот Кирил Пецаков истакна ...
Седум и пол години затворска казна за Вангелица Илијевска, која пред 2 години во Кратово ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан. На последното рочиште јавното обвинителство изврши преквалификација, од кривично дело „двојно убиство со умисла“ во „две убиства на миг“. Тоа всушност цело време го тврди одбраната, која преку 75 докази, материјални и вербални, се обидуваше да докаже дека обвинетата делувала во состојба на силна раздразнетост и ...
Струмица ја збогатува културната понуда. Од 4 до 7 јуни во градот ќе се одржи првото издание на Џез Стрим фестивал, манифестација која има за цел да поттикне создавање и развој на џез творештвото и да донесе нови содржини за љубителите на овој музички правец. Според организаторите, идејата за фестивалот произлегла од желбата Струмица да добие современ џез настан, но и од фактот што џез културата во градот има долга традиција и значајно место ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан, за да се сретне со лидерите од регионот и ...
Триесет и четиригодишна жена од гостиварско село е лишена од слобода поради сомнение дека физички ја нападнала својата јатрва по претходна семејна расправија. Од СВР Тетово информираат дека на 1 јуни во 21:15 часот полициски службеници од Полициското одделение Галате ја привеле жената, постапувајќи по претходна пријава. Според пријавеното, во 17:20 часот во ОВР Гостивар, 39-годишна жена пријавила дека ден претходно, на 31 мај, во заедничката ...
Кога како сонце низ облаци ќе пробие детската насмевка темнините се затскриваат. Додека сме уморни од секојдневието, лошите вести, предрасуди и страшни судови некој не заобрава да твори и создава поубава иднина. Даваме значење и сила на гласот кој пробува да биде поразличен, поразумен и помисл за слушање. Токму затоа, бевме во посета на OOУ „Његош“ во населба Јурумлери, Гази Баба. Ова е приказна која никого не остава рамнодушен. На ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во однос на денешата посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Скопје и очекувањата од неа нагласи дека тој како претседател на Владата нема намера да поддржи авантура, без да знае дека таа има извесен крај, додавајќи дека во текот на целиот евроинтеграциски процес македонската страна покажува дека е конкурентна, капацитетна и оти има волја за брзо завршување на процесот. Но, додаде ...
Скопје се уредува до најситен детал. Покрај големите капитални проекти што го менуваат ликот на градот, со еднакво внимание работиме и на секој детал што значи поголем ред, безбедност и урбана култура - пишува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во денешната објава на неговата фејсбук-страница. Тој информира дека интензивно се врши обележување на хоризонталната сигнализација, како и замена на дотраената вертикална сигнализација на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат во прашање угледот на производителите и довербата на потрошувачите. -Најважното прашање е дали постои ризик за здравјето на ...
На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово, кој бил гостин во хотелот. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. На 01.06.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотел ...
На 02.06.2026 во 01:20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.(46) од Скопје затоа што при обид за легитимирање од страна на полициски службеници извадил пиштол и испукал еден куршум кон полициските службеници, по што се дал во бегство, а по преземени мерки бил пронајден и приведен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 02.06.2026 во 01:20 ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, во 2023 година, срушил и уништил куќа- заштитен објект на културно наследство, на кој била ...