Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
На 01.06.2026 во 20:40 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријави дека во периодот од 27.05. до 01.06.2026 бил измамен од Д.П. за сума од 309.800 денари. Според пријавеното, тој со Д.П. се познавал од претходно, а бил измамен на тој начин што Д.П. требал да му посредува при земање на кредит од банка, односно во неколку наврати му ги дал парите за покривање за трошоците за подигање на кредитот. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Македонската фудбалска репрезентација загуби вчера во контролен натпревар против Турција во Истанбул со убедливи 4-0 (2-0) и ја продолжи серијата без победа на осум, а без постигнат гол на четири натпревари. Почетниот состав на македонската репрезентација донесе пет измени од дуелот во петокот против БиХ со Деспотовски, Фетаи и Алиоски во одбраната, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот, но избраниците на селекторот Гоце Седлоски и ...
Изградбата на автопатот Требениште - Ќафасан не е довeденa во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе се утврди неговата траса, вели министерот за транспорт Александар Николоски. Според него, УНЕСКО вели оваа траса е проблематична, но ќе се види финално што ќе кажат крај на јуни, почеток на јули. Како што информираат од Министерството за транспорт, Николовски нагласува дека ќе се направат сите напори да се покаже дека трасата е добра. -Ние ќе се ...
Најмалку седум лица загинаа во руските напад врз Украина во текот на ноќта, соопштуваат локалните власти. Бројот на загинатите во Киев се искачи на три, соопшти шефот на Киевската градска воена администрација Тимур Ткаченко преку Телеграм. „Потврдена е смртта на три лица во Киев“, наведе Ткаченко, откако претходно информираше за 29 повредени, меѓу кои и две деца, во нападите врз неколку делови од украинската престолнина. Во два станбени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рамковен договор со Иран може да се постигне „во текот на следната недела“, објави синоќа американскиот радиодифузер Еј-би-си Њуз (ABC News). Трамп во телефонско интервју за Еј-би-си рече дека меморандумот за разбирање за повторно отворање на Ормуската Теснина и продолжувањето на сегашниот прекин на огнот може да биде завршен и договорен „во текот на следната недела“, пренесе ДПА. „Треба да ...
Силен земјотрес рано изутринава го погоди подрачјето долж брегот на италијанската област Калабрија, а потресот бил почувствуван дури до Неапол, јавуваат италијанските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил во Тиренското Море, во близина на градот Козенца, околу 240 километри југоисточно од Неапол. Според Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија магнитудата на потресот изнесувала 6,1, со епицентар на длабочина од околу 250 ...
Поправките на лансирната рампа во вселенскиот комплекс Кејп Канаверал што беше оштетена минатата седмица при експлозија на ракетата „Њу Глен“ ќе потраат, а не е исклучено работите да се пролонгираат и до 2028 година, изјави директорот на НАСА, Џеред Исакман. Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше при статички тест на погонските мотори на лансирната рампа. Според извори од индустријата, лансирната рампа во експлозијата била речиси ...
Агенцијата за храна и ветеринарство ги објави млекарниците кои продавале производи со пониска масленост и палмини масти. Кај две се забележани најголеми отстапки каде разликата во присуството на млечна маст во сирење и урда, била и до десетпати помала од таа што ја пишувало на декларацијата. По направените анализи во лабораториите на Институтот за јавно здравје, отстапки од правилникот за храна, АХВ утврдила кај млекарниците: Милком, Маврово, ...
Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, што повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час. Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 Целзиусови степена. Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. ...
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците на Бутел и Ѓорче Петров. -На ден 02.06.2026 година (вторник) без електрична енергија ќе останат - во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улиците Натанаил Кучевишки, Петар Манџуков и Александар Урдаревски (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Петар Манџуков и Благоја Вујов. (Општина Ѓорче Петров), соопшти РЦУК по добиено ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе оствари средба и со претседателот на ...
Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. ...
Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвораат пет нови линии, најавува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -„Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг - летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе донесе ...
Со панел - дискусија на тема „Размена на лидерски искуства на високо ниво „Од реформа до реализација: Градење на конкурентна и отпорна енергетска иднина“ продолжува Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026. На овој панел предвидено е да се обратат Орхан Муртезани, специјален советник на премиерот, шведскиот амбасадор во земјава Ола Сулстром, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, ...
Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На 26 мај е забележан најтоплиот ден во мај во историјата на Англија и Велс. ...
Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта ја стартува балканската турнеја и средбите со властите во шесте земји од регионот. По Сараејво денеска, утре Кошта ќе седне на маса и со македонската влада. Според најавите ќе се разговара за исполнувањето на реформите, а во фокусот ќе биде и спорот со Бугарија особено по предлогот на германцкиот канцелар Мерц и неговиот план за проширување. Во пресрет на посетата на Кошта, шефот на ...
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи си поднесе оставка. Како што потврдија владините служби таа ќе биде потврдена и на првата валдина седница, а потоа ќе биде испратена и до Собрнаието за да биде конечно и констатирана. Дека докумнетот е депониран во неговиот кабиент, потврди и премиерот Мицкоски. Фетаи веќе ја објави својата оставка на Фејсбук. Во неа освен тоа што се заблагодарува на соработката со Мицкоски, на крај дава му дава ...
Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан - МЕФ 2026, што се одржува во Скопје. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски ...
Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 301 прекршок за минување на ...
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата и ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Во објавата на Фејсбук во која информира за оставката, Фетаи вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. -Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на овие две години имав чест и ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. -Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, изјави дека нивна цел како Влада не е да ја стават државата во позиција каде што таа само ги отпочнува преговорите, туку да биде во ситуација каде што, доколку се спроведат соодветните реформи во различните области, да може да ги заврши преговорите. -И тука е всушност каде што настанува моментот на постоење на на спор. Односно, убедувањето на најголем дел од земјите ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се креирани нови 17 илјади работни места откако е избрана Владата што ја предводи и оцени дека тоа е показател оти има ефект тоа што се работело во изминатите две години. На новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика за бројот на вработени во првиот квартал годинава Мицкоски оцени дека „тоа е добра вест за сите граѓани, а е лоша вест за оние од опозицијата коишто не сакаат да ...
Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми. Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време. Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци. Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати официјално писмо со оставка до канцеларијата на врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи, во кое се наведува дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда ја презел целосната контрола врз управувањето со земјата, објави Иран Интернешнл, повикувајќи се на ирански разузнавачки службеник. Претседателот на Иран, со писмо го предупредил Хамнеи со невиден и критички тон дека структурата на управување ...
Американските воени сили во последните неколку недели им помогнаа на десетици трговски бродови да поминат низ блокираната Ормуска Теснина – објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на изјави на американски функционери. Во последните три недели Централната команда на американската војска (Centcom) водеше 70-ина трговски брода низ овој стратешки воден пат, откри еден од функционерите под услов да остане анонимен. Истите извори наведуваат дека ...
Нови воени пресметки помеѓу САД и Иран. Централната команда на САД соопшти дека синоќа од воздух таргетирала ирански радарски системи и контролни центри за управување со дорнови во Горук и на островот Кешм, како одговор на неодамнешното соборување на американски дрон во меѓународни води. Како одмазда, Иранската револуционерна гарда соопшти дека со ракети нападнала американска база во Кувајт што ја користат непријателот за напад врз јужен ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 10,867%, кај ...
Во пресрет на летната туристичка сезона, Општина Дојран јавно ги објави резултатите од извршените анализи на површинска вода односно вода за капење од три мерни места на Дојранското Езеро. Примероците се земени на средината на минатиот месец од мерните места „Градска плажа“, „Плажа Гранико“ и „Плажа Полин“, а како што е наведено во објавата на Општината, анализите, кои како и секоја година ги врши ЈЗУ „Центар за јавно здравје" од Велес, се ...