Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Во центарот на Белград, во куќа лоцирана зад старата зграда на БИП, утрово околу 7 часот се случи убиство кое ја крена на нозе полицијата во главниот град. Според првичните информации на надлежните служби, помлад маж на 26-годишна возраст со употреба на секира лишил од живот засега непознато лице. Како што дознава Телеграф.рс, рано утрово во полиција било пријавено тешкото злосторство, по што полициска патрола веднаш била упатена на ...
По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата. - И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата - рече Андоновска. Кога дошла ...
Татко и чичко пукале кон објект на нивниот син на патот Сарај - МаткаВо СВР Скопје на 02.06.2026 година околу 14:30 часот, 29-годишен маж од село Ласкарци пријавил вооружен инцидент што се случил во објект во изградба на патот Сарај–Матка, каде тој работел заедно со свој пријател. Според пријавата, на локацијата пристигнале неговиот татко (57) и чичко (45), со кои претходно имале деловни недоразбирања. По вербална расправија, откако им било ...
На 02.06.2026 околу 13:00 во ОВР Струга, од Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена С.С.(73) од Струга. Според пријавеното, таа се здобила со повредите додека се движела во населба Плитишта, струшко, при што изгубила свест, паднала и се удрила во товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.И.(40) од с.Радолишта, струшко. Извршен е увид од увидна екипа на ...
Нашиот став е јасен и непроменет и нема цена која што може мене како претседател на Владата да ме натера да влезам во таква авантура, а во која што нема да има извесен крај, изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски во врска со вчерашната посета на претседателот на Евтопскиот Совет, Антонио Кошта и ставот дека мора да се донесат уставни измени за да почнат преговорите за влез во ЕУ. Мицкоски беше дециден дека за овие 26 ...
На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, мотоцикл „хамачи“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Грдовци, кочанско, удрил во 74-годишната П.Л. од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Л., а со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. На 02.06.2026 во 11:00 ...
Со презентација на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште обвинителот продолжи со прикажување на материјалните докази кои се однесуваат на инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и ...
Дигиталната трансформација денес е нераздвојна од европската интеграција, а модерната инфраструктура и безбедните системи се клучни за стабилноста и отпорноста на секоја земја - истакна првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали на отворањето на меѓународната конференција посветена на јавната радиодифузија во Скопје. Тој нагласи дека годинешната конференција ги отсликува најактуелните трендови и ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Стефан Богоев во својство на службено лице - поранешен директор на Царинската управа, С.М. поранешен помошник директор во Царинската управа, Д.Г. овластено лице во правно лице, А.С. вработено лице во правно лице и против едно правно лице, поради постоење основи за злоупотреба на јавна набавка, за ...
Во Собранието денеска неколку комисии ќе имаат седници. Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања денеска пред Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија во Собранието ќе ја претстави платформата за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната делегација на Република Македонија при НАТО во Брисел. Македонски амбасадор во НАТО претходно беше Дане Талески, кому му престана ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: визуелна ода за св. Кирил и Методиј“. На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски. Преку сликарство, фотографија и современи визуелни ...
Глаголицата како живо културно наследство што обединува и создава современи уметнички вредности е во фокусот на изложбата „Од глаголица до светлина:Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети во Националниот центар за култура и образование во Братислава, потенцирајќи ја нејзината улога во надминување на границите и зацврстување на културните врски меѓу земјите. На изложбата се ...
Под влијание на циклонска активност, денеска попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на ...
Министерството за финансии ја заокружи отплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, со што во целост е исполнета обврската кон инвеститорите, информираше министерката Гордана Димитриеска - Кочоска, нагласувајќи дека процесот е реализиран навремено, со претходно планирани средства и со заштеди на камати. На денешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Димитриеска - Кочоска појасни дека ...
Македонија забрзува и државата мора да оди напред. Покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу и остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафтената криза, која е увезена. Обезбедуваме инвестиции и отвораме нови работни места. Ние мораме да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите, изјави на денешната прес-конференција во Владата премиерот Христијан Мицкоски. Целта на денешната ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување’’. Во декември 2024 година во комбе со кое вршел превоз на патници, во момент кога немало никој друг во комбето, пријавениот извршил полови дејствија врз 15-годишна малолетничка од тетовско. СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење ...
Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство. Двајцата пациенти се во стабилна состојба. -Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. ...
Кик-бокс клубот „Шампион“ имаше успешен настап на Балканското WAKO Кик Бокс првенство кое се одржа во Нови Сад, Србија, како дел од македонската репрезентација. Клубот настапи со 12 натпреварувачи и освои вкупно 11 медали – 3 златни, 7 сребрени и 2 бронзени, со што значително придонесе за успехот на националниот тим. Златни медали освоија Максим Митровски, Томи Андонов и Туркер Исмаили. Сребрени медали освоија Лука Кипровски, Милан Нешевски, ...
Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија. Дополнително, ФК Шкендија се казнува со 10.000 евра поради националистички скандирања и слогани со навредлива содржина на национална основа, како и со 20.000 евра поради истакнување транспарент со нацистичка ...
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид е заинтересиран да ги засили своите редови со напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, поради неизвесноста околу иднината на Хулијан Алварез, кој се поврзува со трансфер во Барселона, објави вечерва весникот „АС“. Манчестер Јунајтед, Арсенал и ПСЖ се исто така заинтересирани за 27-годишниот нигериски репрезентативец. Осимен е во Галатасарај од летото 2025 година, изминатата сезона на 33 натпревари постигна ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, го одработи првиот индивидуален тренинг по пристигнувањето на актуелниот светски првак во САД пред претстојното Светско првенство. Аргентинскиот капитен од 24 мај се мачи со мускулен замор на левата нога, но се очекува да биде подготвен за првиот натпревар на Аргентина на Светското првенство против Алжир на 16 јуни во Канзас Сити. „Играчите кои имаат проблеми со тегоби и повреди продолжуваат да работат со ...
САД сметаат дека иранскиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, е „жив“ и „сè повеќе вклучен“ во водењето на земјата, изјави синоќа првиот американски дипломат Марко Рубио, во моменти кога има слаб прогрес во разговорите за завршување на војната. „Мислам дека има знаци дека сè повеќе се вклучува на некое ниво, иако целата комуникација е писмена и преку трета страна“, изјави Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, нагласувајќи дека ...
Седум лица се убиени, а 11 повредени во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк, соопшти вршителот на должноста шеф на самопрогласената руска Доњецка Народна Република, Денис Пушилин. Во објава на Телеграм тој наведе дека дронот погодил патнички автобус што сообраќал на линијата Москва – Симферопол на полуостровот Крим што е исто така под руска контрола. Руските медиуми јавуваат дека Истражниот комитет веднаш во врска со ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа предложи воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија. Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена ...
На границата меѓу американската држава Калифорнија и Мексико е откриен тунел долг 600 метри, опремен со електрична енергија, вентилација и железнички систем за транспорт на дрога, а бил користен за транспорт на кокаин во вредност од над 45 милиони долари, соопштија американските власти, цитирани од западните агенции. Ископан на длабочина од околу 17 метри тунелот има зајакнати ѕидови и хидрауличен товарен лифт, соопшти американското ...
Велика Британија е потресена од случајот со 18-годишниот студент Хенри Новак, откако беше објавена снимка од полициски камери на која се гледа како момчето, тешко рането по напад со нож, е ставено во лисици наместо веднаш да добие медицинска помош. Трагедијата се случила во декември 2025 година во Саутемптон. Според судските документи, 23-годишниот Викрам Дигва го избодел Новак повеќепати, а потоа на полицајците им кажал дека тој бил жртва ...
Од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во регионот на градовите Кожани и Агринио за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, при што уапсени се 13 лица, кои нелегално се стекнале со над 2,5 милиони евра, информираа од полицијата. Полициската акција ја спроведува Одделот за борба против економски криминал при Дирекцијата за борба против организиран криминал, со цел разбивање на криминална организација чии членови се ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. ...
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Бутел. -Без електрична енергија ќе останат - во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“ (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“ и „Боца Иванова“ (Општина Бутел), соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН. Исто така, во ...
Македонската православна црква и верниците денеска го слават празникот посветен на светиот цар Константин и неговата мајка, царицата Елена. Денеска, на првата годишнина од осветувањето на храмот посветен на овие светители во центарот на Скопје, во него ќе биде отслужена Света архијерејска литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, во сослужение на повеќе архијереи на МПЦ. Пречекот на архиепископот и ...