Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на земјава доби поддршка од 174 држави членки - соопшти попладнево Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што посочуваат, станува збор за историски успех на македонската дипломатија, ...

Самитот во Тиват, се очекува да испрати силни политички пораки за иднината на проширувањето на Европската унија, но како што сметаат дел од политчките аналитичари, од него нема да произлезат драматични пресврти.. На дводневниот состанок меѓу европските челници и претставниците на државите од западниот балкан, фокусот ќе биде ставен на напредокот на земјите од регионот, а ќе се потврди зголемениот интерес за прием на нови членки.. „Овој самит ...

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека денеска на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје. Како што се посочува во соопштението на ДКСК, предметот е отворен поради ...

Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа., објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во на Економскиот и социјалниот совет на ОН - ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. -Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека меѓу Иран и САД продолжува индиректната размена на пораки, иако во моментов не се водат официјални преговори меѓу двете земји, пренесе иранската агенција ИРНА. Во интервју за либанската телевизија „Ал Мајадин“, Арагчи рече дека меѓу последните контакти имало и пораки поврзани со потребата од спречување евентуален израелски напад врз Бејрут. Според него, Техеран случувањата во ...

Русија засега не гледа знаци дека ЕУ може да понуди разумни предлози за преговори поврзани со Украина, изјави заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (ПМЕФ), пренесе ТАСС. – Европа во целата оваа шема на преговори воопшто не фигурира. Не фигурира токму поради својата непријателска и деструктивна позиција кон Русија – изјави Галузин. Тој додаде дека Москва не е ...

Припадник на специјалната полициска единица „Шќипоња“, Енеа Маколи (34), утрово загина при вршење на должноста, а неговиот колега Едисон Агри (36), е повреден, од истрели од огнено оружје од лице барано со потерница во близина на градот Малиќ, Округ Корча. Во акцијата која била спроведена на планината Боден, барано лице, кое се криело во бачило било неутрализирано и повредено за време на операцијата за негово апсење. Околу 7:30 часот, ...

Советот на Европската Унија соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија за проширување на зоната „Роаминг како дома“. Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци додека престојуваат во ЕУ, без дополнителни трошоци. Истото ќе важи и ...

Неколку лица загинаа во пад на мал авион во четврток околу 11:20 часот во близина на Медулин, потврди истарската полиција, а неофицијално се знае дека четири лица загинале, додека по две лица сè уште се трага. Според моментално достапните информации, полицијата добила пријава за пад на мал авион во областа Кампанож, помеѓу Каштијун и Медулин околу 11:20 часот и сите екипи за итни случаи биле испратени на местото на настанот. „Во моментов, ...

Европската комисија соопшти дека ги продолжува прекршочните постапки против Бугарија и Полска, а покренува постапка и против Португалија поради нецелосно транспонирање на европските правила за правна помош, јави БТА. Во соопштението се наведува дека трите држави не ги примениле правилно одредбите на ЕУ што се однесуваат на правната помош за осомничени и обвинети лица во кривични постапки. Европското законодавство обезбедува заштита на ...

Министерот за надворешни работи, Муцунски го оцени извештајот на Вајц како балансиран, со критики, но и со пофалби за напредокот на земјава. Иако Брисел предупредува дека реформите, особено во судството и борбата против корупцијата, се недоволни, Муцунски тврди дека процесите се во тек. Сепак, признава дека правосудството останува слабата алка, со недоволни резултати, особено во високата корупција. Во меѓувреме, во извештајот се најде и ...

На 03.06.2026 во 14:35 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.М.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 75-годишен татко. На 02.06.2026 во 23:00 часот во прилепско село, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 49-годишен маж, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека физички ја нападнал во ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без возачка дозвола, а еден и покрај тоа што имал забрана за управување возило. Три лица во Битола возеле без возачка дозвола и по едно лице во Скопје, Неготино и Кичево. Додека, едно лице во Кичево управувало возило и покрај тоа што имал забрана за управување возило. По ...

На 03.06.2026 во 14:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода Г.С.М.(53) од Сојузна Република Германија. При контрола на кампер „фолксваген“ со германски национални ознаки, кој го управувала, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања и кесички со бела прашкаста материја и марихуана, 82 помали пакувања со тутун, 16 кутии цигари и други предмети со остатоци од бела прашкаста ...

СВР Струмица - ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против правен субјект од Радовиш за сторени кривични дела „посебни случаи на фалсификување ...

Поголема видливост во светската наука и подобрување на незавидните позиции на меѓународните ранг листи. Ова е главниот бенефит што македонските универзитети и истражувачи ќе го добијат преку проектот за паметна специјализација во соработка со Австрија. МОН ќе финансира 14 заеднички проекти кои освен што треба да ги доближат македонските универзитети до светските стандарди, ќе понудат и конкретни решенија за секојдневниот живот. Како да се ...

Повеќе од 650 пациенти чекаат вградување на вештачки колк. Најголеми се листите на ТОАРИЛУЦ , во ГОБ 8 септември и Свети Еразмо во Охрид каде се прават речиси 70 отсто од вкупниот број на вакви интервенции, покажува анализата на Фондот за здравство. На Клинички се чека година и половина, во Охрид до 9 месеци, а од ГОБ 8 септември не дале податоци. Од друга страна во повеќе болници меѓу кои Куманово, Тетово, Струмица има вакви протези, ама ...

Во Основниот кривичен суд денеска почна судењето за злоупотреба на средства од европската ИПАРД програма, случај во кој се обвинети седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев. Обвинителството тврди дека во овој случај не станува збор за некаков пропуст, туку за организирано и свесно заобиколување на законите со цел лична корист. Според обвинението, биле одобрени европски ...

Вработен во Академијата за судии и јавни обвинители добил средства за прекувремена работа за период кога му биле исплатени дневници за службено патување во странство. Никој не водел сметка кој и за какви намени ги користел службените картички за гориво а се делеле и пари за седници без присуство. Државниот завод за ревизија со низа пропусти во финансиското и организациското работење на Академијата содржани во конечниот ревизорски извештај за ...

Агенцијата за храна ќе го проверува производствениот процес на млекарниците кои продавале производи со пониска масленост и палмини масти. Инспекторите ќе вршат вонредни контроли на внатрешните записи и лабораториски анализи за да утврдат од кога е лажното декларирање на млечните производи. Целта на длабинските контроли во фабриките е да се провери системот на самоконтрола на компаниите и да се види како течел целиот процес од влез на суровина ...

Стопанската комора за информатички и телекомуникациски технологии масит, во соработка со Грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE денеска во Скопје го одржуваат првиот македонско-грчки форум со кој се создава организирана бизнис платформа помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор. Целта е да се поттикне регионалниот раст, да се отворат нови пазари и воспоставување директни партнерства помеѓу компаниите од двете земји. Во рамки на форумот беше ...

Стефан Богоев и уште три лица добија 30 дневен притвор. Одлуката ја донесе синоќа судија на претходна постапка при основниот кривичен суд скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК. Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т.1 и т.2 од зкп, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред кривичниот совет. Поранешен директор на царина, Стефан Богоев, и уште тројца се осомничени во случајот со наводно ...

Во 2025 година се склучени 10.507 брака и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5,1 %. Бројот на разводи, пак, изнесувал 2.185 или за 8,0 % повеќе од 2025 година. Најмногу бракови, 1.362 или 13,0 %, се склучени во август, а најмалку во март, 473 брака или 4,5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92,8 % за жените и 92,1 % за мажите. Во втор брак со ...

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува - изјави денеска на брифингот со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој истакна дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. ...

По најавите за реконструкција на Владата во втората половина на јуни, копретседателот на „Вреди“ и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изјави дека во наредните денови се очекува да се разговара за принципите и за можна промена на ресори и имиња. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Албанскиот саем на книгата денеска во Скопје, Меџити рече дека во договор се со партнерите во Владата оти ќе има реконструкција. - ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од с.Црник, општина Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, соопшти МВР. На 06.05.2026 на место викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина-трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумско подрачно стопанство „Равна река“, кои ги ...

На 03.06.2026 во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите кои правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации - кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко,..., безбедноста не е нарушена, туку е нарушен квалитетот и ...

Светскиот првак Аргентина ги почна своите подготовки за Светското првенство. Аргентинците се во тренинг базата во Канзас Сити. На тренингот беше присутен и капитенот и најдобриот играч на шампионот Лионел Меси, но тој тренираше одделно од тимот. 38-годишниот фудбалер на Интер Мајами ќе го игра своето шесто Светско првенство. Сепак настапот на Меси на натпреварите во групата е неизвесен откако се повреди на последниот натпревар што го играше ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе присуствува на Самитот на Г-7 што од 15 до 17 овој месец ќе се одржува во Франција. Трамп преку својата платформа „Truth Social“ соопшти дека во Франција ќе отпатува веднаш по настанот на 14 јуни во Белата куќа, огранизиран по повод неговиот 80-ти роденден на кој, како што најави, ќе бидат организирани и професионални ММА борби. Самитот на групата Г-7 годинава ќе се одржи во бањското ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
6.9
58%
1022
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1024
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
68%
1022
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.97
56%
1021
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.43
83%
1025
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
5.75
49%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
47%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
5.14
28%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
6.71
53%
1023
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.79
48%
1025
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.17
100%
1016
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Паладиум

43596.41

Бакар

13.39

Калај

55.56

Кобалт

56.29

Родиум

278907.73

Платина

56263.81

Иридиум

252383.36

Злато

141562.95

Цинк

0.00

Алуминиум

3.36

Сребро

2099.49

Рутениум

53852.50