Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
ПСЖ повторно се искачи на европскиот врв, откако во финалето на Лигата на шампионите на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта го совлада Арсенал по изведување пенали. Финалето донесе голема неизвесност и драматична завршница. Арсенал прв дојде до предност преку Каи Хаверц во првото полувреме, но францускиот шампион се врати во игра во 65. минута кога Усман Дембеле реализираше пенал за 1-1. Бидејќи до крајот на регуларниот дел и по продолженијата ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска реагираше на објавата на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој напиша на социјалните мрежи дека „мирниот сон на граѓаните на Европската Унија е завршен“, предупредувајќи дека сите земји од НАТО конечно треба да почнат сериозно да ги сфаќаат ваквите зборови. „Полска, балтичките држави, а сега и Романија. Има сè повеќе руски провокации. Вчера, поранешниот руски претседател Медведев рече дека ...
Во време кога менталното здравје сѐ почесто се отвора како важна тема во јавноста, во Кочани започна со работа Центар за поддршка на момчиња и мажи. Станува збор за простор каде мажите од сите возрасти можат да побараат совет, психолошка поддршка, разговор и помош за справување со секојдневните предизвици. - Живееме во динамично време, а општествените очекувања се мажите да бидат силни, со тоа што често ги потиснуваат своите емоции. ...
Збогатувањето на гастрономската понуда е клучен фактор за привлекување повеќе туристи и продолжување на нивниот престој. Локалните бизниси и туристичките работници треба повеќе да го насочуваат фокусот кон креирање автентични и незаборавни искуства кои ги спојуваат традицијата и современите трендови. Рестораните кај нас имаат исти менија во текот на целата година наместо да нудат сезонска понуда по теркoт на светските дестинации. Добрите ...
Комисијата за заштита која што го контролира спроведувањето на Законот џза нефер трговски практики досега има оформено 45 предмети и изречено казни од над 200.000 евра. Според заменик министерот за економија Марјан Ристески вели дека за да се заштитат граѓаните казнената политика ќе продолжела со несмалено темпо, а до крајот на летото се очекува зголемување на казните и до 10 пати, како и доуредување на дел од законот. „Треба да има техничко ...
Законот за заштита од употреба на цигари, тутун и други сродни производи се очекува да стапи на сила ова лето. Во вторник ќе се најде на владина седница, по што ќе биде испратен во Собрание. 14 инспекции ќе казнуваат ако не се почитуваат законските одредби во цела Македонија. Премиерот најави дека нема да има повластени објекти, региони, ниту градови. - Апелирам овој закон што е можно побрзо да се донесе. И уште еднаш би сакал јавно, еве овде ...
Премиерот Мицкоски е загрижен од почетокот на новата влада на Радев за тоа како се однесува кон македонските евроинтеграции и вели додека не види испорака од нивна страна, ние нема да поместиме ни милиметар во однос на бугарските барања. Сепак, се надева дека кај источниот сосед ќе преовлада разумот и ќе прекине како што вели, со уцената и булингот. Реакцијата на Мицкоски стигнува по ставовите на бугарската шефица на дипломатијата Петрова ...
Народот кој ги чува свои корени никогаш не се губи, народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом, а народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што се одржува попладнево во Нови Сад. Идентитетот, потенцираше, не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Традицијата не се пренесува без ...
Премиерот Христијан Мицкоси и неговиот српски колега Ѓуро Мацут денеска на средба разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји. - Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и ...
Намалените акцизи од 2 денари за горивата ќе останат да важат и од понеделник. ДДВ за бензините се враќа од 10 на 18 отсто. Владата на вонредна седница утре делумно ќе ги продолжи мерките и според очекувањата на премиерот, дизелот ќе се продава за 6,5 денари поевтино, а бензините или по иста цена или незначително повисока. Се уште траат преговорите со ОКТА за евентуален нов попуст, вели премиерот. - Според нашите пресметки, врз основа на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е во одлична здравствена состојба, со добра срцева, белодробна, невролошка и општа физичка активност. Ова беше наведено во соопштението на Белата куќа, издадено синоќа врз основа на резултатите од медицинскиот преглед спроведен оваа недела, објавија светските новински агенции. По неговата посета на Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во вторникот, трета во последните 13 месеци, Трамп рече ...
Дронот што падна врз станбена зграда во Романија за време на напад врз соседна Украина, бил руски, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел. НАТО ќе процени како да ја зајакне одбраната на Романија и НАТО од закани од беспилотни летала, додадоа од Алијансата. Во меѓувреме, постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер го осуди „неодговорниот упад“ во колумна на Икс и вети дека Соединетите Американски Држави „ќе ја бранат секоја ...
Во Демократска Република Конго, бројот на лица за кои има сомневање дека се заразени со ебола изнесува 1.028, споредено со 906 претходниот ден, изјави министерот за здравство Самуел Роџер Камба. Тој рече дека има 225 потврдени случаи со оваа инфекција. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од прогласувањето на епидемијата на 15 мај во Конго се регистрирани десет потврдени и 223 сомнителни смртни случаи од ебола, ...
Шефовите на Меѓународната агенција за енергија, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светската трговска организација предупредија дека војната на Блискиот Исток ги оптоварува испораките на енергија и ги погодува најранливите економии. Војната на САД и Израел против Иран ја наруши трговијата, ги потресе финансиските пазари и предизвика загриженост во врска со глобалните испораки на енергија, особено преку Ормуската теснина, клучен ...
Аеродромот во Минхен повеќе од еден час изутрината беше целосно затворен поради нарушувања кои пилоти ги пријавија за време на лет, а за кои имало сомневање дека биле предизвикани од дрон, пренесуваат германските медиуми. Аеродромот беше целосно надвор од функција од 9 часот, пренесува „Билд“. Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување. Портпаролот на федералната полиција, Стефан ...
Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“ во Скопје. Како што информираат од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „ауди а4“ управувано од Н.Х.(31) од село Визбегово и два мотоцикла – „бмв“ управуван од М.Ф.(19) и „хонда хдв“ управуван од Н.Б.(21), двајцата од Скопје. Мотоциклистот М.Ф. се здобил ...
Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои, како што информира, ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во земјава. Овие активности беа детално презентирани на 10. состанок на секторската работна група за здравство. - Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. ...
Во Нови Сад попладне со свечена академија ќе бидат одбележани „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“. На свечената академија ќе се обратат македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на српската Влада Ѓуро Мацут, претседателката на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ, како и претседателката на Национален совет на македонското национално малцинство во Србија Зорица Митровиќ. На 25 мај премиерот на Србија ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи не беше изработуван ад-хок, ниту по принципот на сила, туку во еден инклузивен процес, заедно во консултации со сите засегнати страни, вели премиерот Христијан Мицкоски. Негова единствена цел е, како што нагласува, да има што е можно помалку лица кои конзумираат тутун. Нагласува дека нема да има повластени во однос на неговата примена без разлика во кои делови ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. За утре најави онлајн владина седница, а, како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, земјава ќе остане со убедливо најниски цени на горивата. - Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно ...
Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција е ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица, според медиумите од Солун, кои пишуваат дека туристите се соочуваат со непријатности и задржувања поради биометриските контроли, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, според медиумите, чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и ...
Ја заокружуваме целокупната консултативна и институционална постапка за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи. Ова не е закон што се носи набрзина, ниту закон што се носи без слушање на засегнатите страни. Напротив, ова е закон што помина низ широка, инклузивна, детална и аргументирана постапка на усогласување меѓу државните институции, со инспекциските и надзорните органи, со претставниците на ...
Секој договор со Иран за прекин на војната американскиот претседател Доналд Трамп ќе го потпише само ако се исполнат неговите „црвени линии“, изјави синоќа функционер на Белата куќа, кратко откако состанокот во „собата за ситуации“ заврши без одлука. Со тоа продолжува неизвесноста околу исходот од разговорите меѓу Техеран и Вашингтон, откако извори во Вашингтон завчера спомнаа прелиминарен договор со кој примирјето би се продолжило за уште ...
Пред финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ, главниот тренер на Арсенал, Микел Артета, истакна дека лондонскиот тим мора да игра со прецизност и храброст. – Подготовката беше многу добра, фокусирана и позитивна. Арсенал е тука затоа што го заработи ова право со својата изведба. Мора да го заработиме правото на овој трофеј. Ова е второ финале на Лигата на шампионите во историјата на клубот (по 2006 година). Имаме можност да напишеме ново ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу по повод Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи ќе одржат состанок со еснафските здруженија и заинтересирани страни. Средбата, како што информираат од владината прес-служба, ќе се одржи во Свечената сала во Владата. Предвидено е обраќање да има премиерот Мицкоски. МИА Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу ...
Во 2025 година деловните субјекти зафатиле 6.067 милиони кубни метри вода, од кои 3.096 милиони кубни метри биле користени, а 3.046 милиони кубни метри се испуштени како отпадни води, при што само 629 милиони кубни метри, односно 20,6 проценти биле пречистени. Вкупната зафатена вода е намалена за 11,3 проценти во однос на 2024 година. Според потеклото, речиси половина од водата или 49,7 проценти, е зафатена од површински извори. Последните ...
Утрово е најстудено во Берово, 3 степени, а максимални 11 се измерени во Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Како што информира УХМР; до 08:30 се измерени и 4 степени во Лазарополе и на Попова Шапка, 5 во Крива Паланка и Mаврови Анови, 7 во Скопје-Петровец, Претор и Битола, 8 во Тетово, Демир Капија и Kрушево, 9 во Охрид, Штип и Куманово, како и 10 степени во Велес, Виница, Струмица и Кавадарци. Времето денеска ќе биде сончево со мала локална ...
Вкупното производство и уловот на риба во 2025 година изнесувале 1 992 тона што во однос на 2024 година претставува намалување за 19,5 отсто. Како што информира Државниот завод за статистика, намалување бележи и производството од аквакултура кое во 2025 година изнесувало 1 847 тони што е пад за 21 процент во споредба со 2024 година. Во 2025 година уловот од внатрешни води изнесува 145 тони и бележи зголемување од 5,1 отсто, а во рамки на ...
Владата викендов ќе одлучува дали повластеното ДДВ од 10-отсто за бензините и намалените акцизи од 2 денари за горивата ќе продолжат да важат и од понеделник. Мерките со кои се спречи енормен скок на цените на горивата, а со тоа и на храната, истекуваат на крајот на месецот. Ако сигналите се дека цените на нафтата на светските берзи ќе продолжат да растат, не се исклучува можноста повторно, на вонредна седници, да се активираат мерките, велат ...