Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Американската компанија Старбакс (Starbucks) со седиште во Сиетл објави дека ќе ја продаде контролата над дел од своите бизнис-операции во Кина на инвестиционата фирма Boyu Capital, во зделка вредна 4 милијарди долари, јавува Ројтерс. Ова претставува една од најголемите трансакции на кинеска подружница на меѓународна потрошувачка корпорација во последните неколку години. Зделка што го менува пазарот на кафе во Кина Од Старбакс објаснија дека ...
„Booking Holdings“, матичната компанија на туристички брендови како што се „Kayak“ и „Priceline“, објави прогноза за резервации за целата година поголема од очекуваната, смирувајќи ги инвеститорите кои се грижеа дека пошироките економски проблеми и затворањето на американската влада ќе ја намалат побарувачката за патувања. Гигантот очекува внимателно следениот раст на ноќевањата во собите да биде околу 7% за целата година. Аналитичарите очекуваа ...
Дигитализацијата и вештачката интелигенција (ВИ) отвораат сосема нови можности во финансискиот сектор, со оглед на тоа што податоците се достапни во реално време. Tрадиционалното планирање со менува од корен, но мора да се работи внимателно, бидејќи со новите технолошки можности доаѓаат и многу одговорности. Ова накратко беше заклучокот од 6-тата Македонско-германска конференција за контролинг што се одржа на Хајделберг Факултет во Скопје. На ...
Во делот на економските критериуми, Европската комисија оценува дека Северна Македонија има „добар степен на подготовка“ за функционална пазарна економија, но нотира само „ограничен напредок“. Како позитивен развој се истакнува забрзувањето на растот на реалниот БДП во 2024 година, поттикнат од приватната потрошувачка и јавните инвестиции. Сепак, Брисел предупредува на неколку предизвици. Инфлацијата, по значителниот пад, „повторно се зголеми од ...
Минатата недела Samsung го прикажа својот прв смартфон со двојно преклопен дисплеј. Сега сме сведоци и на видео кое открива повеќе детали за наводниот Galaxy Z TriFold. Се наведува дека надворешниот дисплеј е со дијагонала од 6,5 инчи, додека преклопниот е 10 инчи. Како што се очекуваше, двете странични делови се преклопуваат кон внатре, при што го штитат дисплејот. За споредба, единствениот друг телефон со двојно преклоплив дисплеј, Huawei ...
Европските производители на автомобили се приближуваат кон закрепнување следната година, по серијата предупредувања за добивка во 2025 година. Намалувањето на трошоците и плановите за преструктурирање ги поттикнаа аналитичарите да ги зголемат процените за заработка. Според податоците на „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence), индексот Stoxx Europe 600 Auto е на пат кон нагло зголемување на добивката по акција во 2026 и 2027 година. ...
Xiaomi работи на Redmi смартфон кој ќе има батерија од дури 9.000 mAh со поддршка за 100-ватно полнење. Моментно не е познато за кој модел точно станува збор. Кинеските производители веќе извесно време вградуваат батерии со голем капацитет, и тоа повеќе не е резервирано само за премиум моделите. Според информациите што на Weibo ги објави кинескиот аналитичар Digital Chat Station, Xiaomi работи на поставување батерија од 9.000 mAh во еден од ...
Откриени се првите Android XR очила: Google Raxium microLED екран и напредна оптика на Magic Leap, најавувајќи нова ера на паметни очила. Google се подготвува следната година сериозно да влезе на пазарот на паметни очила преку целосно нов Android XR систем, со поддршка од брендовите како Gentle Monster и Prada. Како еден од клучните партнери, компанијата Magic Leap на неодамнешниот Future Investment Initiative настан за прв пат јавно го прикажа ...
Македонија чекори кон вистинска дигитална револуција. Само во последниот месец преку државната Платформа за интероперабилност се реализирале над 2,6 милиони дигитални трансакции, раст од 260 проценти во однос на минатата година, што ја позиционира земјата меѓу водечките во регионот. Овие податоци денеска ги соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на осмата Регионална конференција за е-трговија, што се ...
Кога и да прошетате низ Скопје, насекаде по тротоарите, улиците и кафулињата можете да ги забележите оние средени, шармантни мажи кои на некој начин се и одлика на главниот град. Но, што е заедничко за сите овие урбани мажи и зошто тие го одбираат ваквото секојдневние? Дефиницијата за „урбан маж“ постојано се менува, но сигурно можеме да најдеме неколку заеднички фактори кои еден маж го прават модерен, мудар и урбан – подготвен за современиот ...
Во омиленото летувалиште на Македонците во Грција наскоро ќе започне со работа инвестиција тешка една милијарда долари. Канадската компанија Eldorado Gold соопшти дека нејзиниот рудник Skouries, на полуостровот Халкидики во Грција, ќе започне со експлоатација на бакар и злато во првите месеци на 2026 година. Инвестицијата изнесува 1 милијарда долари и до сега се завршени околу 70% од изградбата на рудникот. Од компанијата додаваат дека се работи ...
Директорот на Microsoft AI, Мустафа Сулајман изјави дека свеста може да постои само кај биолошките суштества и дека обидите за создавање „свесна вештачка интелигенција“ претставуваат погрешна насока во развојот на технологијата. Директорот на одделот за вештачка интелигенција во Microsoft, Мустафа Сулајман, предизвика нова дебата во технолошкиот свет со изјава дека свеста може да постои исклучиво кај биолошките суштества. Во интервју за CNBC, ...
Сакате да го совладате германскиот јазик, да го повратите студентскиот данок од Германија или ви се потребни професионални преводи? Кај нас ќе ги најдете сите услуги на едно место Обуки по германски јазик Изберете програма според вашите потреби и цели: -Курс за конверзација – зборувајте слободно, природно и со самодоверба. -Интензивен курс (индивидуално) – идеален за брз напредок и фокусирано учење. -Подготвителен курс – за меѓународни испити ...
Бизнис Членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со нови акции 04.11.2025г Од Гранит АД информираат дека дел од членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од компанијата и тоа: - Страшо Милковски – претседател на Управен одбор се стекна со 8.760 обични акции - Зоран Милковски – член на Управен одбор се стекна со 12.300 обични акции - Ивана Милковска - Симева– ...
„Амазон“ (Amazon.com Inc.) преку својата клауд-единица потпиша договор вреден 38 милијарди долари за да обезбеди дел од ненаситната побарувачка на „Опен еј-ај“ (OpenAI) за компјутерска моќ. Акциите на „Амазон“ пораснаа. Создавачот на „Чет ЏПТ“ (ChatGPT) ќе плаќа на „АВС“ (Amazon Web Services – AWS) за пристап до стотици илјади графички процесорски единици на „Енвидија“ (Nvidia Corp.) како дел од седумгодишен договор, соопштија компаниите во ...
Синдикатот бара исплата на септемвриската плата и К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со престанат работен однос, како и исплата на помош за починат член на семејството. Според најавите, блокадата ќе се одржи во текот на денот пред седиштето на претпријатието. „Работниците секојдневно се грижат за парковите, зелените површини и јавниот интерес, а месец по месец се соочуваат со финансиски неизвесности. Доста е ...
Во Националната опера и балет во Скопје денеска ќе се одржи 8. регионална конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Како што информираат од Асоцијацијата за е-трговија, оваа година конференцијата доаѓа со свеж концепт – две паралелни сцени, на кои ќе се одржуваат инспиративни главни говори и интерактивни практични работилници. Непосредно пред официјалниот почеток на рагионалната конференција, во ...
Бизнис Во Турција престојувале 50 милиони странски туристи 03.11.2025 Туристичкиот сектор на Турција продолжува да бележи силен раст и во првите девет месеци од 2025 година, во земјата престојувале 50 милиони странски посетители, што е зголемување од 1,6% во споредба со истиот период минатата година. Приходите од туризам достигнаа 50 милијарди американски долари, што претставува раст од 5,7% во споредба со претходната година. Според податоците ...
Бизнис Германците консумираат повеќе јајца и месо од живина 03.11.2025 Птичјиот грип се заканува на еден од најуспешните сектори на германското земјоделство. Побарувачката за живинско месо и јајца никогаш не била поголема, објави Федералниот завод за статистика, повикувајќи се на Агенцијата за земјоделство и исхрана. Потрошувачката на живинско месо по глава на жител минатата година достигна рекордни 13,6 килограми, што е за половина килограм ...
Извршниот директор на „Ексон“, Дарен Вудс, изјави дека Директивата на ЕУ за корпоративната одржливост ќе има „катастрофални последици“ доколку се усвои во сегашната форма. Директивата бара од компаниите што работат во ЕУ да ги намалат ризиците за животната средина низ нивните комплетни синџири на снабдување и компаниите ќе ги смета за одговорни дури и во операциите надвор од Европа. „Ако не можеме да бидеме успешна компанија во Европа, и што е ...
Од утре на хрватскиот автопат А3 помеѓу Поповача и Новска ќе започне инсталацијата на првите 7 портали од новиот систем за наплата на патарините во Хрватска. Системот „Crolibertas“ е целосно дигитален и уникатен систем за електронска наплата на патарина, објавија тамошните медиуми. На самата траса на автопатот ќе бидат лоцирани 3 портали и тоа на делниците Поповача – Кутина, Кутина – Липовљани и Липовљани – Новска, додека преостанатите 4 ќе ...
Државниот завод за статистика денеска извести дека бројот на вработени во индустрискиот сектор бележи пад од 2,8 проценти во септември годинава, во споредба со септември минатата година. Во периодот јануари – септември годинава, забележан е намален број на работници за 3,7 проценти, споредено со истиот период од претходната година. Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, има редукција од 2,9 проценти на работната сила во ...
Акциите на БЈД (BYD Co.) во понеделникот се приближија до најниското ниво во речиси девет месеци, откако производителот на електрични возила забележа втор последователен пад на продажбата и повторно се најде на второто место на кинескиот пазар. Продажбата во октомври падна за 12 отсто во однос на истиот месец лани, со вкупно 441.706 продадени возила, соопшти во неделата компанијата со седиште во Шенжен. Акциите паднаа за 1,9 отсто, на 98,70 ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на одлуката од 30.10.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ...
Производителот на електрични возила, „Серес груп“ (Seres Group Co.), собра 14,3 милијарди хонгконшки долари (1,8 милијарди американски долари) со што ги постави акциите за своето влегување на пазарот во Хонг Конг на највисоката цена што ја имаше планирано, дополнително зголемувајќи го обемот на понудата. Компанијата од Чонгкинг, која соработува со „Хуавеј“ (Huawei Technologies), продаде околу 108,6 милиони акции по цена од 131,50 хонгконшки ...
Во време кога локалната економија бара стабилни партнери и одржливи модели на раст, Flex Group се издвојува како пример дека успешниот бизнис не се мери само во бројки туку и во влијание. – Нашата улога е повеќекратна. Имаме клучна улога во финансиската инклузија, работиме таму каде што класичните банки не се присутни, обезбедувајќи пристап до финансиски услуги за луѓе и бизниси кои инаку би останале на маргините – вели Горан Арсов, ...
Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност”, порача гувернерот на Народната банка Трајко Славески, на настанот по повод Светскиот ден на штедењето, којшто се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација, во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар Емини, претседателката на МБА, Маја ...
Американскиот технолошки гигант „Алфабет“ (Alphabet), матичната компанија на „Гугл“ (Google), повторно се враќа на европскиот пазар на долгови, планирајќи продажба на обврзници со вкупна вредност од најмалку 3,5 милијарди долари (околу 3 милијарди евра). Ова е вторпат годинава како компанијата ќе искористи еврообврзници за финансирање на своите амбициозни проекти, особено оние што се поврзани со вештачка интелигенција (ВИ) и инфраструктура во ...
Крајот на септември до средина на ноември е терен за најсладок шумски „сток-пазар“ – периодот кога старите букови и дабови шуми се полнат со вргањ, кралот на шумските печурки. Вргањот (Boletus edulis) е една од најбараните печурки во гастрономијата во Европа. Најдобрите сушари од Италија и Словенија буквално се борат за добра суровина – тие тоа го нарекуваат „бело злато“. пазарна реалност: зошто вргањот е бизнис? во Македонија, сезонската цена ...
Бизнис (ВИДЕО) ФИЛИП НИКОЛОСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „РЕФОРМАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА ЕФИКАСНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА“ 03.11.2025г „За да тргнеме напред, прво треба да ја лоцираме суштината на проблемот. Ние тоа го правиме, но кога ќе дојде моментот на решавање на проблемот, тука застануваме. Затоа ние не го решаваме проблемот, туку ги санираме последиците. Второ, треба да се создадат услови за професионални институции, со ...