Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
БИТОЛА – Сточарите од Пелагонија најавуваат протест за 30 јуни ако дотогаш не им се исплатат субвенциите по грло говедо и премијата за млекото. Здружението на сточари од Пелагонија „Пелагониско поле“, ги повикува сите сточари и земјоделци кои не се задоволни од исплатата на субвенциите да им се придружат на протестот во Битола со блокада на подрачната единица на Министерството за земјоделие во центарот на градот. Револтот расте поради ...
Летото и календарски започна, иако високите температури веќе некое време го диктираат дневниот ритам и се порано ги празнат улиците и парковите. Повозрасните граѓани меѓу првите се засолнуваат под сенка и ги прилагодуваат дневните активности и исхраната на жештините. Па добро ние сме во ризична група прво, болни, имаме проблем со притисок, јас повеќе дома седам, не знам за другите, од сабајле излегувам, значи кога е вака малку пријатно. ...
Општина Дебар започна со реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за градот, изградба на јавни паркинзи, со цел подобрување на сообраќајниот режим, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за граѓаните и посетителите на градот. -Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција со вкупна вредност од 16.215.470 денари. Ќе се изгради простор со 250 ...
Општина Крива Паланка спроведе награден конкурс за кратки видеа со еколошки пораки на тема „Реката не е депонија – твојата одлука прави разлика“, во рамки на проектот „Интегрирање на родовата перспектива во обезбедување на локални услуги во Југоисточна Европа преку НАЛАС“ поддржан од НАЛАС и ЗЕЛС, а финансиран од UN WOMEN. Tрите најкреативни видеа со најсилна порака согласно критериумите добија парични награди. -Во рамки на проектот Општина ...
Се почесто одекнува сирената на Брзата помош низ скопските улици. Зад секој повик стои нечие нарушено здравје, а понекогаш и борба за живот. Екипите на Итната медицинска помош дневно интервенираат во околу 80 случаи, најчесто поради колапси на јавни места, но и кај пациенти со акутни, кардиоваскуларни и белодробни заболувања. – Човекот како топлокрвно битие, високите надворешни температури му влијаат и се разбира дека организмот се обидува да ...
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека во рамките на предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот. Според краткото соопштение на Обвинителството, двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка. За едниот осомничен судот определил мерка притвор, додека за вториот се ...
На 21.06.2026 во 04:40 часот во Меморијален центар АСНОМ во селото Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Р.(41) и Б.Р.(39), двајцата од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во Меморијален центар физички нападнале вработен во агенција за обезбедување, а потоа се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тие биле ...
На 20.06.2026 во 17:30 часот, пред паркот на Универзитетот во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу и М.Д.(20) и Л.А.(26), двајцата од Тетово. При пресметката било употребено ладно оружје, при што Л.А. му нанел убодни рани на М.Д., кој е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му е укажана лекарска помош. Полициските службеници, кои го обезбедувале настанот, веднаш постапиле, при што на местото е пронајден нож, а ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против жена од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.05.2026 на автобуска постојка во Куманово, по претходна расправија. пријавената фрлила мобилен телефон на малолетничка и ја турнала, при што малолетничката се удрила од автобуската постојка. СВР Куманово поднесе кривична пријава против жена од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Денес го славиме нашиот најголем природен бисер, изворот на живот, убавина и вечна инспирација. Охридското Езеро е дом на уникатен свет кој никаде на друго место го нема и гордост впишана на светската мапа на УНЕСКО. Благодетот да се ужива во неговите убавини е привилегија, но тоа носи и огромна обврска. Наша заедничка должност е да го чуваме, штитиме и негуваме за генерациите што доаѓаат. Нека биде вечно синилото на езерската вода и ...
Шеесет и шестгодишен државјанин на Бугарија е лишен од слобода во Скопје, откако бил пријавен дека следел жена и се самозадоволувал пред неа. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 21 јуни во 07:50 часот полициски службеници го привеле В.Н. (66) од Република Бугарија. Тој бил приведен по претходна пријава од 29-годишна жена, која пријавила дека околу 06:00 часот на подрачјето на Општина Аеродром ја следел и вршел ...
На Балканот, војните веќе не мирисаат на барут. Мирисаат на мастило, и можеби апсурдно, но и на архивска прашина. За слободна Македонија некогаш тука, а за волја на вистината неретко и во Европа, се гинело херојски со пушка, бомба или со револвер во рака, а денес се исчезнува со само еден потпис на некаков си добрососедски договор. Македонија денес не ја напаѓаат со тенкови, напалм бомби и со пешадија. Тоа би било премногу бучно за ...
Денеска на 78 години по кратко боледување почина новинарката Билјана Мартиновска. Мартиновска, која работниот век го помина во „Нова Македонија“, беше дел од онаа генерација новинари кои беа целосно предадени на својата професија. Веста за смртта на Билјана Мартиновска ја објави нејзината ќерка Ана. Мартиновска остави неизбришлива трага во покривањето на темите од културата. Таа работеше во времето кога културните рубрики на весниците и ...
Вчера (20.06.2026) во 12:09 часот во ОВР Гостивар било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со употреба на огнено оружје или пиротехнички средства на улица „Гоце Делчев“. „Полициски службеници веднаш излегле на местото и забележале дека има семејна веселба. Во разговор со сопственикот и организатор на веселбата, И.С. (53) од Гостивар, тој изјавил дека тој лично испукал неколку пиротехнички средства, огномети. По целосно документирање на ...
Првиот летен викенд заглави на Богородица со долги колони возила кон Грција, откако утрово на граничниот премин се создаде голем метеж од патници што тргнаа на викенд, одмор или транзит кон јужниот сосед. Возилата се движат бавно, колоните се протегаат кон меѓуграничниот простор, а дел од патниците чекаат под силното летно сонце. Метежот на Богородица доаѓа веднаш по официјалниот почеток на летото, во период кога традиционално расте бројот на ...
Сите зборуваат за дигитализација. Сите ветуваат побрзи услуги, помалку шалтери, помалку редици, помалку хартија. Но граѓанинот сè уште многу често има едно исто прашање: ако државата е дигитална, зошто јас пак морам да трчам од институција до институција? На хартија, сè изгледа модерно. Имаме портали, системи, електронска најава, дигитални услуги, електронски документи. Националниот портал за е-услуги е замислен како место каде граѓаните ...
Пратеникот Борислав Крмов на прес-конференција предупреди на, како што рече, сериозни проблеми со откупот на млеко во регионот на Малешевијата и Пијанечкиот крај, обвинувајќи дел од млекарниците за притисоци и уцени врз локалните сточари. Според Крмов, се доведува во прашање дневно производство од над 15.000 литри млеко, како и егзистенцијата на повеќе од 80 сточари. Тој наведе дека млекарниците „Осогово милк“ и „Малеш“ претходно целосно го ...
Краткотрајно невреме проследено со силни поројни дождови, силен ветер, грмежи и појава на град ќе ја зафати Македонија во деновите што следат. Метеоролозите најавуваат остар пресврт на атмосферата, со што земјава влегува во долготраен период на изразена нестабилност. Главниот удар на влажниот бран се очекува на почетокот на неделата, кога на повеќе места низ државата ќе наврнат пообилни количини воден талог. Според прогнозите, во одредени ...
На 20 јуни 2026 година во 11:00 часот во СВР Скопје, М.К.(39) од Скопје пријавила дека претходниот ден, околу 20:30 часот, на игралиште на подрачјето на Центар во Скопје, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници. — реклама — Според пријавата, при нападот бил употребен и тврд предмет. — реклама — — реклама — Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 61-годишниот З.Б. од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот во текот на 2025 година набавил фалсификувана лична карта. — реклама — — реклама — На 15 јуни 2026 година, тој ја употребил лажната исправа во правниот сообраќај со цел да поднесе барање ...
На 21.06.2026 во 02:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Д.(42) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговиот сосед Б.Ј.(20) дека на 20.06.2026 околу 22:00 часот во неговиот двор му се заканувал со остар предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 21.06.2026 во 02:15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.Д.(42) од Штип, ...
„Едно езеро – безброј приказни“ – прослава по повод Денот на Охридското Езеро во Струга Струга е домаќин на централната прослава на Денот на Охридското Езеро, која годинава се одржува под мотото „Едно езеро – безброј приказни“. Во рамки на манифестацијата, градоначалниците на Охрид, Струга и на албански Поградец учествуваа заедно собирот за промоција на туризмот, одржан пред хотел „Дрим“ во Струга. Општина Струга, „Јуроп Хаус Струга“ и хотел ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: За ВЛЕН, културата не е само уметност, туку вредност што ги обединува граѓаните и го зајакнува идентитетот на општеството. Спектакуларниот концерт на Филхармонијата на Северна Македонија, кој собра илјадници граѓани во Градскиот парк, ја потврди токму оваа моќ на културата да ги зближува луѓето надвор од сите разлики. Со три оркестри, три хора и повеќе од 200 музичари на сцената, оваа извонредна вечер ...
Почитуван министре Тошковски, Со внимание ја проследив информацијата за измените на Правилникот со кои се дозволуваат видливи тетоважи и бради кај полициските службеници. На прв поглед, оваа одлука може да изгледа како чекор кон модернизација, усогласување со современите трендови и почитување на личните права и слободи. Но, дали навистина станува збор само за индивидуален избор на изглед или со оваа одлука се отвора едно многу подлабоко ...
Викенд рациите на патниот сообраќај во Гостивар завршија со две приведени лица и целосно одземени превозни средства кои се пренесени во полициски депоа. Полициски службеници најпрво го лишиле од слобода 35-годишниот С.А. од село Трново, кој бил затекан како зад воланот на „опел“ вози сопрен без соодветна возачка дозвола. Неколку часа подоцна, на булеварот „Гоце Делчев“, со лисици завршил и 42-годишен гостиварчанец кој на ист начин нелегално ...
Голем успех за младите математичари од Штип на 30-тата Јуниорска Балканска математичка олимпијада (ЈБМО) 2026, која се одржа во романскиот град Бужау во периодот од 15 до 20 јуни. На престижниот натпревар учествуваа вкупно 133 ученици од 23 држави, од кои 11 балкански земји и 12 гостински учеснички, што ја прави олимпијадата една од најсилните математички смотри за млади таленти во регионот. Особено се истакна Дамјан Чамушев, ученик во ...
Голем успех за најмладите членови на Културно-уметничкото друштво „Охриѓанка“ од Охрид, кои освоија второ место на меѓународниот фолклорен фестивал „Новоградски дани“, одржан во Сараево, Босна и Херцеговина. Со својот настап, исполнет со богатство од македонски народни игри, музика и традиционални носии, младите фолклористи успеаја да ја воодушеват публиката и стручната комисија, достоинствено претставувајќи ја македонската култура и ...
Денеска (21 јуни) околу 11 часот се случила сообраќајна несреќа на патот Дебар-Ростуше, во месноста Ростушки Вител, на делница која жителите со години ја посочуваат како една од најризичните во регионот. Според информациите што Gostivarpress.mk ги доби од очевидец, моторџија се излизгал на опасната кривина и се здобил со скршеници. Неофицијално станува збор за државјанин на Германија, кој по укажаната прва помош, бил пренесен во Здравствениот ...
Мицкоски ветуваше подобар живот а донесе поголема сиромаштија, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека по две години од Владата на ВМРО граѓаните живеат полошо, со намален животен стандард, повисоки цени и поголема сиромаштија. „Денес, наместо зголемен животен стандард, стандардот е намален во споредба со пред две години. Граѓаните живеат полошо и потешко, паричниците и ...
На прашањето колку внатрепартиските промени во СДСМ донеле промени, Филипче посочи дека постојаниот фокус на владејачката партија кон СДСМ е доказ дека капацитетот на опозицијата расте и оти е консолидирана. Тој изрази задоволство од придонесот на партиските структури, но и од новиот бран поддршка што ја добиваат Опозицијата нема да му даде алиби на премиерот за распишување предвремени парламентарни избори, а најавената реконструкција на ...