Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Охридскиот аеродром продолжува со зајакнување на својата меѓународна поврзаност. На 21 јуни ќе биде реализиран првиот лет на авиокомпанијата Austrian Airlines на релација Виена – Охрид, со што уште една европска дестинација се поврзува директно со македонскиот туристички бисер. По повод пристигнувањето на првиот лет, на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи прес-конференција на која ќе присуствуваат генералниот директор на ТАВ ...
Од Владата со нова порака до Регулаторна комисија – очекуваат, во понеделник се бензините да поевтинат за околу четири денари по литар, додека цената на дизел-горивото би можела велат да се намали за околу седум денари по литар....Оваа пресметка на Владата доаѓа по преговорите на Блискиот исток и оворањето на Ормутскиот Теснец, по што цената на суровата нафта на референтните берзи моментално се движи околу 80 долари за баре, пазарите веќе ...
До десетти јули ќе биде готова новата линија за снабдување со вода од Вруток до Дебрешта, Циглана, Фазанерија, вели за ТВ 24 градоначланикот на Општина Гостивар по вчерашниот протест каде револтирани празните кофи ги оставија пред општината...Лимани тврди дека проектот почнал пред неколку дена да се гради и дека до 10 јули ќе биде готов , а со него ќе се реши 50% од проблемотр со снабдување со вода кој преку лето се појавува во овие места и ...
Во Пехчево заврши обуката во рамките на проектот „AI4HerWellbeing“, насочена кон унапредување на дигиталните компетенции, менталната благосостојба и економското оснажување на жените преку примена на современи технологии и вештачка интелигенција. Во рамки на обуката, учесничките се запознаа со практични AI алатки кои можат да се користат во секојдневната работа, за подобрување на професионалните вештини и за полесно адаптирање на барањата на ...
Намалувањето на стапката на невработеност, кое го презентира Владата, не е резултат на отворање нови работни места или на подобрени економски услови, туку пред сè на иселувањето на младите луѓе од државата, велат од СДСМ. Според најголемата опозициска партија, голем број млади ја напуштаат земјата бидејќи не гледаат перспектива за својата иднина, а причините ги лоцираат во, како што велат, корупцијата, партизацијата на институциите, ...
Додека бугарските здруженија закажуваат, па откажуваат протести и најави за блокирање на македонско-бугарските гранични премини, а политичката реторика периодично добива и губи на интензитет, секојдневието на граѓаните од двете страни на границата продолжува со вообичаената динамика. Познато е дека жителите на Струмица и Ново Село често патуваат во блиските бугарски градови за пазарење и бањски туризам, додека нивните соседи од Бугарија ...
Намалувањето на невработеноста со кое се фали Владата не е резултат на отворање нови работни места, економски напредок или подобар животен стандард, туку последица на масовното заминување на младите од земјата и иселувањето, се вели во соопштението од СДСМ. „Намалувањето на невработеноста што го соопштува Владата на ВМРО-OKГ не е резултат на нови работни места и економски напредок, туку на масовно заминување на младите од земјата и иселување. ...
Новинарката Лепа Џундева реагираше на значителното зголемување на сумата што пациентите ја плаќаат за лекот „Фостер“, кој се користи во терапијата на астма и хронична опструктивна белодробна болест. Според нејзината објава, со новиот шифрарник на лекови, кој се применува од 18 јуни, доплатата за „Фостер“ се зголемила од околу 300 на 1.080 денари. Повисоката сума се плаќа и со лекарски рецепт и приложен специјалистички извештај. „Фостер“ е ...
Ние треба да се радуваме, да има дата центри во Македонија. Првиот регулатор Ристов во интервју за Телма вели дека светот се движи кон дигитализација и ние не може да се противиме и да не ги следиме трендовите. Во последно време во земјава дата центрите се главна тема. Дел од познавачите сметаат дека Дата центрите ќе трошат големи количини струја, но и вода, што ќе има негативни последици за земјата. Од друга страна првиот регулатор уверува ...
До 1 јули пред Собранието ќе се најде списокот со новиот владин кабинет - најави премиерот Христијан Мицковски. Првичните разговори вчера со ВРЕДИ, а денес со ЗНАМ - ВМРО-ДПМНЕ ги завршија зад затворени врати и без било какви информации кои ресори ќе претрпат измени. Мицковски разговорите со албанскиот партнер ги оцени како пријатни, а разговорите ќе продолжат за сите предности и слабости со партијата на Максим Димитриевски. Министерот за ...
Со химните на Република Бугарија и на Република Северна Македонија, кај споменикот на генерал-мајор Константин Каварналиев во близина на Дојран беше одбележана 113-годишнината од смртта на бугарскиот офицер, загинат за време на Меѓусојузничката војна, јавува БТА. На настанот присуствуваа амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија Желјазко Радуков, генералниот конзул во Битола Петар Петров, претставници на Министерството за одбрана на ...
Станува збор за уште еден во низата прекини во работата на системот во изминатиот период. Во текот на последната година, граѓаните повеќепати се соочуваа со проблеми при користењето на апликацијата, како и со доцнење на исплатата на средствата по основ на поврат на ДДВ. Имено, граѓаните масовно се жалат на социјалните мрежи дека повторно добиваат порака која вели „Нема конекција до УЈП“, се почеста појава во изминативе неколку недели. Дел од ...
При интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, каде гореше дива депонија и сува трева, дојде до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Причината за експлозијата сè уште не е утврдена. ...
Во одделни полициски акции спроведени вчера (19 јуни), полициски службеници на подрачје на Гостивар лишиле од слобода осум лица, а при претреси и контроли биле пронајдени наркотични супстанции. Првата акција била реализирана во 20:15 часот, кога биле приведени Б.З. (27) и А.З. (23) од Гостивар, како и Ј.М. (31) од Република Албанија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични ...
Дали Битола е град по мерка на децата? Ова е најновото њеб анкетно прашање коешто сеуште може да го одговорите на интернет страницата tera.mk Досегашните резултатит покажуваат поделено мислење кај граѓаните за тоа. Од досегашните одговарања на прашањата 32 % сметаат дека битола е град по мерка на децта, 35% сметаат дека не е, а 35% оценуваат дека градот има неискористен потенцијал. Фактите говорат дека само една третина од граѓаните имаат ...
Недозволено наплаќање за посета на природниот локалитет Камени кукли во кратовското село Куклица или само наплаќање паркинг на приватен имот брз фискална сметка. Општина Кратово и Здружението на граѓани Извор со години се натегаат кој треба да управува со локалитетот до кој се стигна по пат кој поминува низ приватно земјиште. Проблемот тлее со децении, но пошироката јавност дозна кога се појави видео снимка која предизвика лавина реакции. ...
Денеска (20.06.2026), полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот. Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. ...
Состојбата со недостигот на вода за пиење во гостиварското село Дебреше е скандалозна и е директна последица на долгогодишното лошо и неодговорно владеење со Општина Гостивар, обвини денеска ВРЕДИ преку партиско соопштение. „Арбен Таравари со години го водеше Гостивар и ја остави општината во тешка состојба. Ја заглави во долгови, ја остави со инфраструктурни проблеми бидејќи негова грижа не беа граѓаните, туку неговата политичка кариера. Од ...
За последниве 6 години бројот на наставниците во основните училишта во Општина Струмица се зголемил за 150 а вкупниот број на ученици од прво до деветто одделение се намалил за 170. Вака кажа Александра Ќосева советник за образование при Општина Струмица на седница на Советот на Општина Струмица каде го презентираше планот за оптимизација на училишната мрежа при што даде детален опис за бројот на ученици и наставници во струмичките основни ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, присуствуваше на фестивалот „Prespa Run and Fun“, кој покрај Преспанското Езеро обедини спортски активности, забава и дружење со граѓаните. Филипче оцени дека настанот привлекол големо внимание во целиот регион, особено меѓу младите, и им честиташе на организаторите за реализацијата на фестивалот. Во спортската трка учествувале и екипи на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија. „Позитивна ...
Додека во делови од Тетово уличните светилки се вклучени и среде ден, трошејќи електрична енергија без реална потреба, во некои градски маала, граѓаните со денови се во темнина поради прегорени сијалици. Од современи светилки со сензори до дотраени сијалици поставени на бандери, сликата за јавното осветлување во градот е нерамномерна и исполнета со различни предизвици. Во населбата позната како Тетовчанка, велат дека цела измината недела ...
Соопштение на ВЛЕН: Она што се случува со водата за пиење во Дебреште е скандалозно. Тоа ја покажува хаотичната состојба во која е оставена Општина Гостивар. Ова е последица на долгогодишно лошо управување, на општина оставена во неред, со долгови, наталожени проблеми и сериозен недостаток на одговорност. Арбен Таравари со години го раководеше Гостивар и ја остави општината во тешка состојба. Ја задолжи, ја остави со инфраструктурни ...
Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, денес гостуваше во емисијата „Перспектива“ на телевизија Њузмакс Балканс каде дискутираше за актуелните случувања во државата, при што се осврна и на евроинтеграцискиот пат на Македонија и ја истакна неуморната посветеност и заложбите на Владата за исполнувањето на чекорите од Реформската агенда кои како што вели Бојковска, претставуваат доказ за европската интеграција и европската ...
СВР Тетово излезе со официјално соопштение за случајот од вчерашниот протест на жителите на Дебреше поради недостиг на вода пред зградата на Општина Гостивар. Соопштението го пренесуваме во целост: „На 19.06.2026 година во 14:15 часот, пред зградата на Општина Гостивар, дошло до нарушување на јавниот ред и мир за време на претходно најавен протест на кој биле присутни околу 300 граѓани. Во еден момент, поголема група од присутните се обидела ...
Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува ...
Денес ќе зборувам за резултатите во индустријата и за ефектите од економските политики кои Владата ги спроведува во изминатиот период. Она што е најважно е дека бројките зборуваат сами за себе, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во 2026 година индустриското производство бележи раст од 7,6 проценти во однос на 2025 година. Во исто време, ...
Подлабок здив за помалку стрес- во време на напнато темпо на живот каде секојдневието е оптоварено со обврски и притисоци, многумина спасот се почесто го наоѓаат во јогата. Илјадници луѓе ширум светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на јогата, древна практика која промовира здрав живот, физичка активност и внатрешен мир. Таа не е вежба на физичко ниво, е и тоа, но е многу подлабоко, преку здивот ние се конектираме со својата ...
Струга – градот на мостовите, но со мостови кои се распаѓаат. Измина една година откако петмина стружани самоиницијативно и волонтерски го санираа највисокиот мост на реката Црн Дрим и оттогаш ништо не е сменето. Цела деценија, без грам одговорност, ниту една локална струшка власт со прст не мрдна сериозно да го санира мостот, кој само оддалеку плени со својата убавина. Крајно небезбеден, трул и искршен, тој и понатаму претставува опасност. ...
Од понеделник па сè до 1 јули ќе има прекин во сообраќајот на повеќе патнички возови во земјава, информираат од Јавното претпријатие „Железници – инфраструктура“. Причината се завршните градежни активности на пругата Скопје – Велес, на потегот од железничката станица во Скопје до Зелениково, кои се реализираат во рамки на проектот „Градски воз“. Од претпријатието појаснуваат дека поради работите привремено се укинуваат повеќе линии на ...
Сѐ поголем број граѓани во Македонија кои секојдневно нарачуваат храна, производи и услуги преку интернет-платформи и апликации за достава се соочуваат со ист проблем – нарачката пристигнува, плаќањето се извршува, но фискална сметка најчесто нема. Наместо фискален исечок, купувачите добиваат електронска потврда за нарачката или фактура на е-пошта. Ова директно ги остава без можност да ја користат апликацијата „Мој ДДВ“, преку која државата ...