Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Поради дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“, од 09 до 22 часот без вода ќе останат повеќе објекти во централното градско подрачје. Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, ...
Албанската влада на попладневната седница го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „Уан стоп шоп“ со Македонија, објави државната агенција АТА. Системот првично ќе се воведе на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе се проширува и на останатите гранични премини со Албанија. Ова доаѓа откако македонската влада пред два дена го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки со ...
По последното предупредување од Комисијата за хартии од вредност кое се случи пред 3 години, „Вистиномер” открива дека се направени промени во регистрацијата на компанијата „Соларгруп” која повеќе нема регистрација во Вануату, мала држава составена од островски архипелаг во Јужниот Пацифик, туку се префрлила на друга оф-шор дестинација – Коморските Острови Пишува: Мирослава Симоновска Три години откако Комисијата за хартии од вредност (КХВ) ...
Во Кавадарци денеска беа одбележани 113 години од Тиквешкото востание. Бројни делегации положија цвеќе пред споменикот во паркот Полана, а историчарот, професор доктор Далибор Јовановски, одржа историски час. Јовановски раскажа дека по петвековното турско ропство, кога Србите дошле во Кавадарци, народот ги дочекувал со ракија, но многу брзо станал свесен дека дошле нова власт и ново ропство, што не дозволувала автономија за Македонија. Самиот ...
Иако на светските берзи цената на нафтата се намали, тоа не значи дека брзо ќе се намалт цените и на останатите производи кои беа врзани со цената на овој производ. Очекувањата се дека стабилизиација на инфлацијата ќе треба да се очекува кон крајот на годината. А, поради стравувања од нови инфлаторни состојби, и НБРМ ја покачи минимално каматната стапка за 0,25%. Ова меѓу другото го кажа Драган Пехчевски, Претседателот на УО на ССКМ во ...
На почетокот на месец април, Општина Струга помпезно најави расчистување на јавните површини долж Дрим од метални конструкции. Но, наместо најавеното ослободување на узурпираниот простор, угостителите, како и секоја сезона, го распослаа кејот со маси, столици и друг вид урбана опрема. И сето тоа помина несанкционирано – сè до вчера, кога на терен излегоа инспекциските служби, но наместо поширока акција, започна отстранување на инвентарот од ...
Според истражувањето на Европската комисија, од земјите од Западен Балкан, поддршката за пристапување кон Унијата е најголема во Албанија (92 проценти) и Косово (83 отсто) Повеќе од 60 отсто од испитаниците во Северна Македонија се изјасниле дека се за пристапување на земјата во Европската Унија – покажуваат резултатите од најновите анкети за перцепција за проширувањето меѓу граѓаните во Западен Балкан, Источното соседство и Турција што ...
Врз основа на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Берово за 2026 година и Правилникот за начинот на користење на финансиските средства од Буџетот на Општина Берово, се објавува Јавен повик за надоместување на дел од трошоците (субвенционирање) на граѓаните од подрачјето на Општина Берово кои набавиле енергетски ефикасни грејни тела (инвертер клима уреди и топлински пумпи) за 2026 година. Општина Берово ќе надомести дел од трошоците ...
Мирослав Лабудовиќ, заменик министерот за енергетика, во емисијата Бизнис21 на ТВ21 вечерва рече дека не очекува да има промена на цената на струјата на крајот на годината. „Се прават анализи, што ќе се случува не можам да дадам коментар да не има некакво влијание врз Регулаторната комисија, затоа што целта е на регулаторот да биде растеретен од било какви влијание и да донесе најдобра цена за граѓаните. Како министерсртвото со различни ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Д.(39) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“. На 21.04.2026, пријавената постапила спротивно на Решение од Центарот за социјални работи Кочани на тој начин што не му дозволила на поранешниот невенчан партнер до го види своето дете. ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Д.(39) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...
Европа смета дека до 2040 година, ќе треба повеќе од 26% електрична енергија од сегашната, за да се задоволат потребите на сите граѓани. Дали ќе се успееме со тоа, одговара заменик министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. „Со овие проекти дури сметам дека ќе го надминеме. Гасната централа во Битола, ЕСМ што финансира обновливи избвори. Во планот е предвидена гасна електрана која ќе се гради во Дуброво во ...
Овните ги очекуваат доживувањата во викендот исполнет со енергија и нови можности за интересни средби. Сепак, астролозитеwarn дека импулсивното однесување може да доведе до непотребни проблеми. Во текот на викендот, припадниците на овој знак ќе се чувствуваат мотивирани и подготвени за акција, но ќе биде одлично ако својата енергија ја насочат кон продуктивни активности, наместо во расправии и конфликти. Иако викендот нуди можности за одмор, ...
Заменик министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ, вечерва во Бизнис21 на ТВ21 зборуваше за проектот Чебрен и Галиште. Тој рече дека ќе биде потребно многу време да се направи, ќе чини над 1 милијарда евра, но ќе биде трајно наследство за државата. „Чебрен и Галиште ќе биде македонски бисер во енергетскиот сектор, и со реализација ќе имаме и сриозен резервоар за вода, затоа што ќе биде битка и за питка вода. Предвидено е да се прави седум ...
Петтемина највисоки партиски раководители ги предводеа партиските делегации на денешните разговори на партнерите во Владата, во рамките на најавената реконструкција на владиниот кабинет на премиерот Христијан Мицкоски. Како што неодамна најави тој, за денеска беше закажана средба на делегациите на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, а утре најголемата владејачка партија треба да има разговори со претставниците на движењето ЗНАМ. Според сознанијата, однапред ...
Ова е библиска приказна. Приближно точна, но сепак многу поучна. Да потсетам, Мојсеј цели 40 години ги водеше Хебреите од Египет, каде што биле во ропство, до ветената земја. Проучувачи на Библијата тврдат дека е тоа намера на Господ. Има оправданост во таквите толкувања Повторно малку историја или мал час по историја. Зошто да не, кога и онака за нашата судбина (некогаш УДБА, сега ЕУ) сѐ е поврзано со историјата. И тоа онаа добро спакувана ...
!250 години независност на САД – децениско партнерство со Македонија Ми беше особена чест, вечерва заедно со в.д. амбасадорот на САД, Н.Е. Никол Варнс, да присуствувам на концертот на Free Groove, бенд на американската армија, по повод прославувањето на две и пол вековната независност на САД, пишува на ФБ, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Ова е јубилеј на една идеја за слобода, демократија, за еднакви можности и верба дека ...
Најавите на Владата за подготовка на нова законска рамка за изградба на дата центри отвораат сериозни прашања поврзани со енергетската политика, користењето на природните ресурси и долгорочниот јавен интерес, сметаат од ДОМ. „ДОМ смета дека пред да се пристапи кон измени на законите и создавање поволности за нови инвестиции јавноста има право да добие јасни одговори за ефектите што овие проекти ќе ги имаат врз енергетскиот систем, животната ...
Секој заинтересиран ќе има увид во емисиите на индустриските капацитети преку веб страницата на министерството за животна средина и просторно планирање, тоа е регистарот што го најавив пред нешто повеќе од еден месец и ова работиме, најави Муамед Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Тоа ќе биде транспарентно за сите граѓани. Стојам за тоа што сум го кажал. Ако евентуално ...
Попладнево се создадоа огромни сообраќајни колони на патниот правец Гостивар – Стража, каде што возачите чекаат речиси еден час за да поминат низ семафорот. Според сведочењата на граѓаните, метежот е толку голем што, како што велат, чекањето е подолго отколку на некои гранични премини во екот на туристичката сезона. Револтирани возачи велат дека повеќемина ја пријавиле состојбата во полиција и побарале интервенција за регулирање на ...
Шенаси Мислани, во јавноста познат како Шенки Версаче, излегува од притвор, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд. Според нашите информации, судот донел одлука притворот да му биде заменет со мерки на претпазливост. На Мислани му е определена обврска редовно да се јавува во судот, а истовремено му е одземена патната исправа за да се спречи евентуално бегство. Тој се наоѓаше во притвор од декември 2024 година. За разлика од него, ...
Барањето на цементарница „Титан Усје“ за обновување на А интегрираната дозвола за работа е доставено уредно, постапката тече, треба да заврши во март месец, законот влегува во сила во септември во 2027 година, што значи дека дозволата за „Усје“ ќе биде според правилата на новиот закон, уверува Муамед Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Тоа ќе го кажеме ние, ќе го кажат ...
Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори трева, екипите се на терен и се очекува набрзо да го изгаснат. „Денеска во 19:15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112, е добиена пријава за пожар на отворен простор во близина на последната автобуска станица на линијата 16, во непосредна близина на парк-шумата ...
Современите безбедносни предизвици бараат меѓународна соработка, зајакнување на институциите и заеднички пристап кон дигиталните, хибридните и геополитичките закани. Ова беше пораката на еден од панелите на меѓународната безбедносна конференција чиј домаќин беше Скопје. Како дел од програмата беа одржани пет тематски панели на високо ниво. На првиот панел, посветен на мултилатералната безбедност во фрагментиран свет, учесниците разговараа за ...
Јуриј Ивашенко, менаџер на семејна фарма од 1 500 хектари во Авдивка на околу 45 километри од руската граница, го поправа тоа што останало од неговите објекти и механизација. Ни покажа снимки од уништени хангари и механизација од пред две недели, по напад од руски дронови. Штетата ја проценува на околу 100 000 долари. Ова е втор напад со дронови врз фармата, по првиот во април. Цел се и други земјоделци во областа Проценките се дека Украина ...
Претставници на бугарското Министерство за одбрана положија венци и свежо цвеќе на бугарските воени гробишта, кои се наоѓаат на територијата на селото Ново село во Северна Македонија, јави БГНЕС. Во церемонијата учествуваа претставници на Сојузот на ветераните, питомци од ВВВУ „Георги Бенковски“, претставници на Гвардејскиот дувачки оркестар, како и бугарскиот генерален конзул во Битола, Петар Петров. „Се наоѓаме на територијата на едно ...
Најавената реконструкција на Владата ги зовре партиските кујни, но и аналитичките дебати. Дали се работи за вистинска желба за ефикасност и резултати или пак е обичен политички пазар и внатрепартиски чистки !? Аналитичарите Марковиќ и Божиновски во „24 Анализа“ нотираат дека Илинденска бр. 2 се наоѓа пред сериозен тест за стабилноста на коалицијата, каде секоја кадровска рокада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ може да го наруши кревкиот баланс. ...
Коалицијата „Менуваме“ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција против министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, врз основа на наводи поврзани со член 353 од Кривичниот законик – изјави на денешната прес-конференција, Суарет Алишан, координатор на „Менуваме“. Како подносител на кривичната пријава се јавува коалицијата за застапување на правата на лицата со ...
– ОВР – Неготино, до Основното јавно обвинителство – Кавадарци, поднесе кривична пријава против 52-годишен неготинец поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. – На земјиште во негова сопственост на место викано „Дубровско“ во Неготино, без да поседува соодветна документација, изградил неколку објекти и вршел ...
Со исчистени и попесочени плажи, искастрена вегетација и уредено шеталиште, Дојран денеска пречека десеттици автобуси со пензионери од цела Македонија. На традиционалниот настан наречен „Под јаворите” секое лето со собирање на пензионери од целата држава се означува почетокот на летната туристичка сезона, во духот на дружењето, традицијата и убавините на Дојранското Езеро. Жители на Струмица, Велес, Гевгелија, Прилеп, Кочани, Куманово, Свети ...
Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ја посетија пречистителната станица за отпадни води во селото Мачево, каде извршија увид во функционирањето на објектот и во процесите за третман на отпадните води. При посетата тие се запознаа со технолошките процеси што се применуваат во пречистителната станица, при што било истакнато дека нејзината ...