Пешачкиот мост во Делчево повторно бил цел на вандалски оштетувања, поради што локалната самоуправа донесе одлука тој привремено да биде затворен за користење сè до неговата целосна санација и обезбедување безбедни услови за движење на граѓаните. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски информираше дека мостот со години наназад во повеќе наврати бил оштетуван на различни начини, а ваквите постапки директно ја загрозуваат безбедноста на ...

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, како што информираат од неговиот кабинет, продолжува да ги вреднува, поддржува и наградува трудот, знаењето и креативноста на младите, кои со своите идеи се позитивен пример и инспирација за целата заедница. Имено, денеска тој имал средба со учениците и нивните менторки од ООУ „Гоце Делчев“, кои со својата посветеност и тимска работа создле исклучително вреден проект – прототип на ...

Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на ...

Минута молк на почетокот на денешниот прес на Коалицијата „Менуваме“. Причината е смрт за една недела на седум лица со попреченост, на возраст од 50 до 60 години, кои имале телесен инвалидитет, слепило и Mултиплa склероза. Починале поради кратењето часови за лични асистенти, рече координаторот на Коалицијата. „Мислам дека е алармантна ситуацијата . Си го поставуваме прашањето кога излегуваат министрите, кога велат „Еве ние социјалата ја ...

„Имајќи предвид дека станува збор за кривично дело што спаѓа во групата на кривични дела против човечноста и меѓународното право и кое својата основа ја наоѓа во Конвенцијата на Обединетите нации за превенција и казнување на кривични дела насочени против меѓународно заштитени лица, вклучително и дипломатски претставници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор во траење од 30 ...

Бедри Бериша алиас Зекири бил уапсен денеска во акција на АНБ и на МВР. Претходно за него беше издадена потерница, а се поврзува со скопскиот нарко клан Барон. Пред пет години бил запрен и приведен на граничниот премин „Блаце“, но по интервенција на полициски началник бил пропуштен, пред да се утврди дека по него има распишана потерница. Од МВР за Телма потврдија дека уапсениот бегалец за кого има затворска казна за обид за убиство е префрлен ...

Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, ...

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување на едно од најважните реформски законски решенија во областа на правосудството. Голем дел од суштински поднесените амандмани беа прифатени. Предлог-законот претходно беше предмет на јавна расправа во која активно ...

Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека денеска во ЈЗУ Клиничка болница Тетово се донесени одлуки за вработување на 119 лица од 13 различни медицински профили, кои се неопходни за секојдневното функционирање на оваа здравствена установа. Во објава на Фејсбук, Алиу истакна дека станува збор за значаен институционален чекор кон кадровско зајакнување на една од најважните здравствени установи во Полошкиот регион. Тој потсети дека од ...

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ лично му ја предеде Национална стратегија за спречување на корупцијата 2026-2030 година, на претседателот на собранието Африм Гаши и побара пратениците побрзо да ја донесат. Фокусот на Антикорупционерите во наредните 5 години ќе биде врз јавните набавки и надзорот над спроведувањето на законите, како и врз секторите Правосудство, Транспорт и инфраструктурни проекти, ...

Во првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година во средните училишта во државата се запишале 13.397 ученици од вкупно 15.075 пријавени кандидати. Најголем дел од запишаните се на настава на македонски наставен јазик, додека повеќе од 3.300 ученици се запишале на албански наставен јазик. Според податоците на Министерството за образование и наука, најголем интерес имало за стручното образование, каде што се запишани 8.910 ученици, додека во ...

Новата петгодишна стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси, што ја изготви Државната комисија за спречување на корупцијата, денес беше доставена до Собранието. Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ изјави дека начелно добил поддршка од претседателот на Собранието Африм Гаши дека Собранието ќе ја усвои, и додаде дека таа стапува во сила веднаш по усвојувањето. Од нашата мрежа Мундијалски бум: На пазарите на предвидувања ...

Врз основа на финализираните ранг-листи за првото пријавување на учениците за упис во средните училишта за учебната 2026/2027 година, кое беше спроведено преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни 2026 година, со доставување на потребната документација на 16 јуни и 17 јуни 2026, пријавени биле 15 075 ученици, од кои се запишале 13 397 ученици. Како што објави денеска МОН, 9813 ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3357 ...

За државата монопол, за приватните обложувалници клуч на врата и 10 илјади лица на улица. Остри реакции на јавната расправа пред собрансиката комисија за новиот закон за игри на среќа. Вака скроен е против уставен, дискриминаторски нелогичен и парадоксален, чија цел не е да се спречи играњето, туку привилегии и пристап да има само Државната Лотарија, Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, Асоцијатата на спротски обложувачници, ...

Со особена чест и задоволство, Општина Охрид ќе земе учество на годинашното издание на „Македонско културно лето“, кое ќе се одржи од 1 до 5 јули во Пустец, Република Албанија. Охрид пред посетителите ќе се претстави преку богатството на својата фолклорна традиција, обичаи и културно наследство. Во рамки на програмата ќе биде прикажан краткометражниот филм „Приказна за една охридска свадба“, изработен од учениците од СОСУ „Св. Кирил и ...

Кога паровите планираат семејство, тие ретко се грижат за годишното време во кое ќе се роди детето. Сепак, интересни социолошки и медицински истражувања со години покажуваат дека бебињата родени во текот на летото имаат голем број здравствени придобивки. Научниците идентификуваа неколку клучни причини зошто летните бебиња првично имаат мала „предност“ кога станува збор за здравјето. Повеќе сонце значи повеќе витамин Д за мајката и бебето ...

Во Владата почна политичкото преживување. Кој ќе ја задржи фотелјата, а кој ќе биде жртва на реконструкцијата? Премиерот Мицкоски отворено порачува дека дел од функционерите повеќе уживале во привилегиите на власта отколку што испорачувале резултати. Почнуваат клучните средби со коалициските партнери, а зад затворени врати веќе се кројат списоците за замена. Кои имиња се најблиску до излезната врата и кога ќе паднат првите глави? Анита ...

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане, осомничен за четири убиства и два обиди за убиство извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година. Според Обвинителството, обвинетиот со умисла одзел живот на четири жени и се обидел да убие уште две. Вештачењата покажале дека делата ги извршувал од ниски побуди, односно со намера да ги задоволи своите полови нагони кон ...

Љубителите на музиката вечерва ќе имаат можност да уживаат во талентот и креативноста на младите музичари од ОСУ „Мирко Милески“ – Кичево, кои со свечен годишен концерт ќе ја заокружат успешната учебна година. Настанот ќе се одржи во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ со почеток во 19:30 часот, а влезот е слободен. На концертот ќе настапат музичките секции при ОСУ „Мирко Милески“, хорот, оркестарот и вокалните солисти, кои и оваа година ...

Жителите побараа локалното раководство веднаш да најде решение на проблемот кој, како што велат, им го отежнува секојдневното функционирање Општина Гостивар соопшти дека проблемот со водоснабдувањето во дел од Дебреше трае со децении и дека годинава биле одржани три средби со жителите и локалните здруженија, на кои биле договорени конкретни решенија Поради недостиг на вода, денеска жителите на селото Дебреше излегоа на протест пред Општина ...

Дури 65,7 отсто од македонските граѓани сметаат дека членство на Македонија во Европска Унија е најдобрата алтернатива, а помалку од една третина сметаат дека Македонија треба да бара сопствен модел за развој надвор од Унијата, покажува истражувањето „Еврометар 2026“ изработено од организацијата Еуротинк. Истражувањето покажува закрепнување на еврооптимизмот во државата. Најголем дел од граѓаните (28,2) веруваат дека Македонија никогаш нема ...

Обвинителството бара притвор за 8 лица и мерки на претпазливост за 4 лица уапсени вчера како дел од истрагата против 18 поединци и 8 компании за присвојување на околу 3 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија. Сите 12 лица, вклучувајќи го поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски, кои беа уапсени вчера, веќе се изведени пред судијата на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, каде тој треба да одлучи за барањата на ...

Три жени од 23, 40 и 49 години од Делчево, Штип и Кочани биле физички нападнати од своите сопрузи. Сите троца сопрузи се уапсени од страна на полицијата по пријавата. Првиот случај е од Кочани, од синоќа, а во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Ф.Р.(40) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал при што употребил тврд ...

Утре 20.06.2026 година (сабота) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка „Пролет“ во населено место Козле, Општина Карпош. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Утре 20.06.2026 година (сабота) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на ...

Многумесечната најава на премиерот Христијан Мицкоски дека во јуни, на половина од мандатот, ќе има реконструкција на Владата, веројатно ќе се остварат. За денеска и утре се предвидени средби со ЗНАМ и Вреди. Од Владата соопштуваат дека работата била „чувствителна“ и во рана фаза и затоа засега немаат што да соопштуваат. „Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен ...

Донесен е документ од Советот на општината Штип, со кој повторно се тргнува во постапка за продажба на мнозинскиот пакет на АД Брегалница 2008 од страна на општината Штип, која е моментален целосен сопственик на истоимениот фудбалски клуб. Ќе се понудат 128 акции на клубот во износ од 1172 евра по акции или вкупно 150,000 евра во денарска противредност пресметана во средниот курс на Народна банка на денот на реализација наци. На седницата на ...

Денеска (19.06.2026), заменик министерот за внатрешни работи, проф. д-р Астрит Исени, оствари работна посета на Граничниот премин Ќафасан, каде што одржа состанок со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, градоначалникот на Поградец, Илир Џаколи, градоначалничката на Корча, Флоринда Зегуљај, како и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Запад и раководството на Граничниот премин Ќафасан. На средбата се разговараше ...

Неподвижен и тешко болен, покрај мртовечки ковчези, веќе една недела на душек на земја, живее Осамедин Усеинов во просторија на Новата џамија во Радовиш. Вратен од старечки дом, тој останува без семејство и грижа, а неговите роднини за да го чуваат, не сакаат ниту да слушнат. Не може да говори, да станува и да ги извршува своите основни потреби, а сега останал и без кров над глава. Според граѓаните, тој бил оставен пред џамијата, а тие како ...

Штипско културно лето 2026 го отвора своето 41. издание со богата и разновидна програма која ќе донесе нови културни доживувања за граѓаните и посетителите. Свеченото отворање ќе биде збогатено со настапот на оперската пејачка Виолета Арсовска, а како што најавуваат организаторите, ќе има и настапи на странски уметници. Публиката ќе има можност да ужива во концерти, театар, изложби и различни културни содржини за сите генерации, а влезот за ...

„Ќе направиме сè што можеме за да го заштитиме бугарскиот национален интерес“. Ова е одговорот на бугарскиот премиер Румен Радев на новинарско прашање – дали ќе побара запирање на евросредствата за Северна Македонија. Во продолжение на одговорот, најави дека следи нова тура убедување на европските лидери во исправноста на позицијата на Бугарија, со оглед дека во межувреме голем број од нив се расколебале. Тој потсети дека кога „пред години“ ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
6.04
28%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
44%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.02
33%
1022
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.93
44%
1016
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
7.35
28%
1015
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.89
42%
1022
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
5.81
47%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.35
28%
1013
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
6.44
27%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.13
53%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
4.47
35%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.4
82%
1013
Currency

61.635

Currency

53.8968

Currency

71.9564

Currency

37.4097

Currency

37.9311

Currency

67.0363

Currency

7.93334

Currency

0.69816

Currency

0.33375

Currency

0.5251

Currency

1.15166

Currency

0.56567

Платина

52662.92

Калај

52.24

Рутениум

49029.89

Сребро

2007.01

Злато

134200.43

Кобалт

56.29

Бакар

12.51

Цинк

0.00

Паладиум

40220.58

Алуминиум

3.09

Родиум

260421.05

Иридиум

233896.68