Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Уште еден помалку препознаен аспект на нашиот државен и национален опстанок Во Уставот формално не би се впишале само неколку илјади лица попишани како Бугари. Во политичка смисла, Македонија би го отворила својот највисок правен акт за држава што има повеќе од шест милиони жители и која веќе подолго време покажува амбиција да биде арбитер на македонските идентитетски прашања. Таму каде што денес се бара впишување, утре ќе следуваат нови ...
Преговорите меѓу САД и Иран закажани за во Швајцарија се одложени поради логистички причини, соопшти Белата куќа, но порачува дека остануваат подготвени за продолжување на процесот штом се создадат услови. Во меѓувреме, Ормускиот Теснец е повторно отворен, а американската блокада укината. Тече 60-дневниот период за постигнување траен мировен и нуклеарен договор. „Мировниот план на претседателот веќе дава вистински плодови. 12,5 милиони барели ...
Младиот македонски математички талент Дарјан Мирчевски постигна голем успех на меѓународната сцена, освојувајќи бронзен медал на Јуниорската балканска математичка олимпијада 2026, која деновиве се одржа во Романија. Како дел од македонската репрезентација, Дарјан го претставуваше нашето знаме на едно од најзначајните математички натпреварувања за млади ученици. Неговиот бронзен медал е резултат на огромна посветеност, упорна работа, безброј ...
Од СДСМ оценија дека по две години од владеењето на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, државата се соочува со економски проблеми, зголемен јавен долг и недоволни резултати во подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Според партијата, буџетскиот дефицит е речиси исцрпен уште во првата половина од годината, додека растот на економијата се темели претежно на личната потрошувачка. Од СДСМ тврдат дека нема доволно средства за ...
СДСМ во своето соопштение ја оцени најавената реконструкција на Владата како политичка претстава, сметајќи дека зад оваа иницијатива не стојат вистински реформи или промени во политиките. Опозициската партија истакнува дека во време кога граѓаните се соочуваат со значајни економски предизвици, поскапувања и опаѓање на животниот стандард, владејачкото мнозинство своето внимание го насочува кон кадровски промени, а не кон решавање на реалните ...
Конкуренцијата за задржување на младите денес не е локална или регионална, туку европска и глобална, смета комуникологот Бојан Кордалов. На прашањето на „Локално“ дали се мотивираат младите во земјата со закани да останат и да не се иселуваат, по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека ако продолжи трендот на иселување нивните места во Македонија ќе ги земат луѓе од трети земји Кордалов вели дека тоа е прашање кое заслужува индивидуален ...
Охрид, 20. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пред нас е летото, кога сонцето немилосрдно го загрева металот на автомобилот, а многу возачи се соочуваат со навидум едноставна дилема, која е уште поголема за време на топлотни бранови – дали е подобро да се отворат прозорците и да се пушти свеж воздух во кабината или да се вклучи клима уредот? Одговорот не е толку очигледен како што можеби мислите, бидејќи тајната лежи во еден број. Ограничување – 72 ...
Предлог-законот за судска служба на Министерството за правда, наместо да претставува реформски чекор напред, е опасен обид за враќање на судството две децении наназад и за дополнително зајакнување на влијанието на извршната власт врз судската власт, велат од Левица. – Токму затоа Левица поднесе 50 амандмани, изработени врз основа на предлозите и забелешките на синдикатите и претставниците на судските службеници, кои предупредуваат дека ...
На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува ...
Охрид, 20. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово на „Сараиште“, со мотив од Охридското Езеро. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 20. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни ...
Единаесет лица се пренесени во Клиничката болница во Штип по тешка сообраќајна незгода која околу 21 часот се случила на магистралниот пат Свети Николе – Куманово, објави локалната Телевизија Стар. Според првичните информации, во несреќата учествувале комбе и камион. Повредените со возила на Итната медицинска помош се транспортирани во Клиничката болница Штип, каде што им се укажува лекарска помош. На местото на несреќата се врши увид од ...
Речиси шест децении патот кај Долно Дупени завршуваше пред затворена рампа. Зад неа останаа блиски села, разделени семејства и еден природен регион пресечен со граница. Новиот премин Маркова Нога – Лемос треба повторно да ги поврзе луѓето од двете страни на езерото и да донесе нова надеж за туризмот, локалната економија и иднината на Преспа. На крајниот југ на Македонија, таму каде што асфалтот се приближува до брегот на Преспанското Езеро, ...
На патниот правец Свети Николе – Куманово синоќа се случила сообраќајна несреќа во која биле повредени неколку лица, информираат од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе. Интервенцијата била реализирана на 19 јуни во 21:02 часот, кога на местото на несреќата било испратено едно противпожарно возило. Пожарникарите учествувале во спасувачката акција, при што извршиле извлекување на повредените лица од возилата. По укажаната прва ...
Продолжуваат разговорите за реконструкција на Владата. Денес, според најавите, треба да се реализира средбата со ЗНАМ. Оттаму велат дека нивните министри одлично си ја вршат работата. Министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ Горан Минчев во интервју за Канал 5 откри дека веќе имаат направило детална евалуација на двегодишното работење на сите нивни функционери и дека ставот на партијата оти нивните кадри одлично си ја вршат ...
Според известувањето од ЕВН Македонија, денеска (20 јуни) без електрична енергија ќе останат корисници од делови на општина Кисела Вода поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа. — реклама — Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат улиците „Герника“ 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10, „Иван Хаџиниколов“ 1, 3, 5, 7 и 9, како и делови од улиците „Методија Патчев“ и „Антон Димитров“. — реклама — Од ЕВН апелираат ...
Му беше претходник на престолот на римскиот папа Маркел. Па кога Диоклецијан го повика и му се закани со маки, тој им принесе жртва на идолите, заради што царот богато го даруваше со скапоцена облека. Маркелин горко се покаја и плачеше дење и ноќе за своето одрекување од Христа, како некогаш апостолот Петар. Во тоа време имаше некој епископски собор во Кампанија. Папата се облече во кострет, си ја посипа главата со пепел, па влезе во соборот ...
Точно пред три години на ова исто место го објавивме текстот „Молдавија или Македонија: Кој ќе влезе во ЕУ во 2030?“. Се разбира, прашањето беше повеќе реториричко, но суштината на текстот беше какви чекори презема поранешната советска република (која е на задната линија на фронтот на војната во Украина) и како е заглавена Македонија една година по усвојувањето на „францускиот предлог“. Тогашниот амбасадор на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, таа ...
Руската војна против Украина на источната граница на Европската унија, занемарувањето, или дури презирот, кон меѓународното право од страна на САД под претседателот Доналд Трамп, како и обвинувањата за кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на Израел во војната во Газа, предизвикаа длабок шок кај многу Европејци. Светскиот поредок воспоставен по Втората светска војна дојде до својот крај. Германскиот канцелар Фридрих Мерц на ...
Охрид, 20. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“ по седми пат организира незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање, Фестивалот на планината и езерото 2026 година, што ќе се одржи денеска и утре.Од клубот велат дека годинава доаѓаат 100-на гости од Босна и Херцеговина, а во најава се и гости од Словенија и Србија. – Авантурата започнува во сабота на 20 јуни со ...
Во главниот град денеска ќе се одржи Парадата на гордоста, настан кој ќе започне во попладневните часови од Градскиот парк. Организаторите посочуваат дека маршот е насочен кон поддршка на човековите права, еднаквоста и борбата против дискриминацијата. Годинашното издание се одржува со пораки за поголема видливост, солидарност и почитување на различностите. Учесниците ќе тргнат од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, а маршрутата ќе продолжи ...
Поради дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“, од 09 до 22 часот без вода ќе останат повеќе објекти во централното градско подрачје. Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, ...
Албанската влада на попладневната седница го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „Уан стоп шоп“ со Македонија, објави државната агенција АТА. Системот првично ќе се воведе на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе се проширува и на останатите гранични премини со Албанија. Ова доаѓа откако македонската влада пред два дена го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки со ...
По последното предупредување од Комисијата за хартии од вредност кое се случи пред 3 години, „Вистиномер” открива дека се направени промени во регистрацијата на компанијата „Соларгруп” која повеќе нема регистрација во Вануату, мала држава составена од островски архипелаг во Јужниот Пацифик, туку се префрлила на друга оф-шор дестинација – Коморските Острови Пишува: Мирослава Симоновска Три години откако Комисијата за хартии од вредност (КХВ) ...
Во Кавадарци денеска беа одбележани 113 години од Тиквешкото востание. Бројни делегации положија цвеќе пред споменикот во паркот Полана, а историчарот, професор доктор Далибор Јовановски, одржа историски час. Јовановски раскажа дека по петвековното турско ропство, кога Србите дошле во Кавадарци, народот ги дочекувал со ракија, но многу брзо станал свесен дека дошле нова власт и ново ропство, што не дозволувала автономија за Македонија. Самиот ...
Иако на светските берзи цената на нафтата се намали, тоа не значи дека брзо ќе се намалт цените и на останатите производи кои беа врзани со цената на овој производ. Очекувањата се дека стабилизиација на инфлацијата ќе треба да се очекува кон крајот на годината. А, поради стравувања од нови инфлаторни состојби, и НБРМ ја покачи минимално каматната стапка за 0,25%. Ова меѓу другото го кажа Драган Пехчевски, Претседателот на УО на ССКМ во ...
На почетокот на месец април, Општина Струга помпезно најави расчистување на јавните површини долж Дрим од метални конструкции. Но, наместо најавеното ослободување на узурпираниот простор, угостителите, како и секоја сезона, го распослаа кејот со маси, столици и друг вид урбана опрема. И сето тоа помина несанкционирано – сè до вчера, кога на терен излегоа инспекциските служби, но наместо поширока акција, започна отстранување на инвентарот од ...
Според истражувањето на Европската комисија, од земјите од Западен Балкан, поддршката за пристапување кон Унијата е најголема во Албанија (92 проценти) и Косово (83 отсто) Повеќе од 60 отсто од испитаниците во Северна Македонија се изјасниле дека се за пристапување на земјата во Европската Унија – покажуваат резултатите од најновите анкети за перцепција за проширувањето меѓу граѓаните во Западен Балкан, Источното соседство и Турција што ...
Врз основа на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Берово за 2026 година и Правилникот за начинот на користење на финансиските средства од Буџетот на Општина Берово, се објавува Јавен повик за надоместување на дел од трошоците (субвенционирање) на граѓаните од подрачјето на Општина Берово кои набавиле енергетски ефикасни грејни тела (инвертер клима уреди и топлински пумпи) за 2026 година. Општина Берово ќе надомести дел од трошоците ...
Мирослав Лабудовиќ, заменик министерот за енергетика, во емисијата Бизнис21 на ТВ21 вечерва рече дека не очекува да има промена на цената на струјата на крајот на годината. „Се прават анализи, што ќе се случува не можам да дадам коментар да не има некакво влијание врз Регулаторната комисија, затоа што целта е на регулаторот да биде растеретен од било какви влијание и да донесе најдобра цена за граѓаните. Како министерсртвото со различни ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Д.(39) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“. На 21.04.2026, пријавената постапила спротивно на Решение од Центарот за социјални работи Кочани на тој начин што не му дозволила на поранешниот невенчан партнер до го види своето дете. ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Д.(39) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...