Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Првиот посериозен аларм пристигнал за инцидент на улицата „Гоце Делчев“, каде граѓаните исплашено пријавиле пукање од огнено оружје среде бел ден. Интервентните полициски екипи веднаш излегле на местото, каде утврдиле дека се работи за приватна семејна веселба организирана од 53-годишен гостиварчанец. Сопственикот признал дека лично испукал неколку силни пиротехнички средства и огномети, по што против него веднаш е отворена соодветна ...
Ретки се настаните кои создаваат чувство дека присуствувате на нешто кое постепено се претвора во културен феномен. Токму таква беше атмосферата на последното издание на BURU, кое викендов ја затвори својата прва сезона во Музејот на современа уметност во Скопје. Со најголема посетеност досега, колективот уште еднаш покажа дека зад неговиот раст не стои само добро организиран настан, туку јасно изградена идеја за тоа како музиката може да ...
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, ѝ упати јавна честитка на Мирјана Митрева, која го освои второто место во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Во својата објава, Јанчев истакна дека Мирјана со својот талент, посветеност и истрајност достојно ги претставила Кавадарци и Македонија, оставајќи силен впечаток кај публиката и стручната јавност. „Овој успех не е само признание за нејзиниот извонреден музички талент, туку и ...
Римска бања кај Прилеп, откриена на локалитетот „Долиште“ кај селото Прилепец, повторно ја отвори големата археолошка мистерија за античкиот град што постоел меѓу прилепските села Прилепец и Волково. Екипите на Завод и музеј Прилеп трета година по ред го истражуваат локалитетот, а откритието на поголем римски бањски комплекс го засилува прашањето дали токму тука се крие изгубениот антички град Пелагонија. Според археолозите, станува збор за ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста. Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека едно од најголемите разочарувања по две години владеење на Христијан Мицкоски е целосниот неуспех да се испорача подобар животен стандард, и дебакл во борбата против корупцијата и реформите во правосудството, иако токму тоа беше едно од клучните ветувања пред изборите. Филипче изјави дека Мицкоски ветуваше одговорност, правда и искоренување на корупцијата во јавните набавки, но реалноста ...
Соопштение на СДСМ: Организираната криминална група ВМРО и Мицкоски со голема помпа соопштуваат дека индустриското производство пораснало за 7,6% во април 2026 година. Ова е класичен пример на статистичка манипулација и селективно прикажување на податоци. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите четири месеци од 2026 година индустриското производство пораснало за само 0,2%. Ова е практично стагнација. Едномесечниот раст ...
На 19.06.2026 година, околу 23:00 часот, во СВР Скопје, лице (30) од Скопје пријавило дека на подрачјето на Гази Баба било опожарено неговото патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 19.06.2026 година, околу 23:00 часот, во СВР Скопје, лице (30) од Скопје пријавило дека на подрачјето на Гази Баба било опожарено ...
Просечната нето-плата во Македонија за две години е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти, соопшти денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој, повикувајќи се на официјалните статистички податоци, посочи дека во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. – Во истиот период растот на цените изнесува 7,8 проценти. Кога растот на платите ќе ...
Велика Британија започна програма за развој на нови ракети со долг дострел наменети за Украина, како дел од напорите за зајакнување на украинските одбранбени способности во војната против Русија. Според информациите, проектот се реализира во соработка со британската одбранбена индустрија и има за цел да обезбеди оружје способно да погодува цели на значително поголеми растојанија од досегашните системи. Британските власти сметаат дека ...
Во 2020 година, Финска се соочи со еден од највознемирувачките сајбер-инциденти во европското здравство. Психотерапевтскиот центар Vastaamo пријави напад врз својата база со пациентски досиеја – длабоко лични записи од психотерапевтски третмани, односно информации што пациентите ги споделиле во најранливите моменти од својот живот. Случајот ја потресе финската јавност затоа што покажа нешто што секој современ здравствен систем мора сериозно ...
Во општина Бутел овој викенд се одржа вториот мото собир, кој привлече голем број љубители на моторите и љубители на адреналин и забава. Настанот се одвиваше во паркот „Олимписки Сон“, кој беше централна точка на мото случувањата. Посетителите имаа можност да уживаат во разновидна програма исполнета со мото игри, музика и гастрономска понуда. Атмосферата беше исполнета со добра енергија, дружење и заедничко уживање на моторџиите и гостите. ...
Во пријатна и инспиративна атмосфера, пред многубројни љубители на книжевноста, писатели, студенти и професори од Филозофскиот факултет во Загреб, како и претставници на културниот живот во Хрватска, во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа книжевна вечер посветена на современата македонска книжевност и на авторите Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков. Творештвото на Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков, ...
Силни грмотевици проследени со град денес погодија неколку сојузни покраини во Австрија, додека системот на бури се движеше над Словенија во раните попладневни часови. Во Австрија е на сила црвено предупредување , додека Словенечката агенција за животна средина (Арсо) издаде портокалово предупредување за североисточниот дел од земјата поради можност за силни ветрови, обилни врнежи од дожд и град, објавија Heute и 24ur.com. Австриската ...
Кога сме подолг период изложени на стрес, доаѓа до промени во лачењето на кортизолот и другите стресни хормони. Тоа може да доведе до нарушување на имунолошката рамнотежа и до несоодветен одговор на имунолошкиот систем. Токму поради тоа, кај одредени лица може да се активираат или влошат автоимуни заболувања, нагласува во интервју за МИА доц. д-р Емилија Секулоска, директор на Универзитетска клиника за ревматологија во Скопје. – Покрај ...
Во овоштарникот на Оливера Ставревска-Локоска во Претор, Преспа, се прска само кога има вистинска потреба за заштита на насадите. Во сезона, на прскање заштедуваат од 3 до 5 пати, што води кон поеколошки и поодржливо земјоделство како и заштита на животната средина. Тоа го овозможува агрометеоролошката станица која е дел од десетте вакви модерни дигитални системи со кои се опфатени сите 4.500 хектари во Преспанскиот Регион засадени со овошки. ...
Летото не започнува точно на полноќ, ниту со првиот утрински зрак. Денес, 21 јуни, астрономското лето во Македонија започнува во 10:24 часот — точниот момент кога Северната хемисфера е најмногу наклонета кон Сонцето. Тоа е летната краткоденица, денот со најмногу дневна светлина во годината. Во тој миг Сонцето, гледано од Земјата, ја достигнува својата најсеверна точка на небото, а кај нас почнува астрономското лето. Зошто баш 10:24? Затоа ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress секојдневно ви нуди здрава доза OhridIN, за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е компилација од охридска убавина од изминатата недела, од понеделник, 15 до сабота 20 јуни 2026 година. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Јавното претпријатие „Македонски пошти“ ќе вгради камери во новите возила, за да ја следат дистрибуцијата на пратките, одлучи Управниот одбор. Целта е да се надминат проблемите кои се појавиле при испораката, но не епрецизрано за какви аномалии станува збор. „Како новина во возилата ќе вградиме камери во товарниот дел. Така ќе се следи пратката од самото задолжување во поштата, транспортот, до испораката на корисникот на услугата. Така ќе ги ...
Добивај вести на Viber Поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, со нов пост се огласи на социјалните мрежи, укажувајќи според него на „македонски двоен стандард“. Според неговата објава, иако нашата земја имала причина за одбележување на два тешки настани изминатава недела, повразани со тешката историја со окупирање на нашата земја од соседите, сепак, во медиумите бил споменат само настан поврза со бугарскиот окупатор, но не и ...
Со почетокот на летната краткоденица денеска официјално започнува летото на северната хемисфера, а со тоа и новата летна сезона во Македонија. Астрономското лето започнува на 21 јуни, кога Сонцето ја достигнува најсеверната точка во своето привидно движење на небото. Токму поради ова, денешниот ден е најдолгиот во годината, додека ноќта трае најкратко. Овој природен феномен го означува почетокот на периодот со повеќе сончеви часови, повисоки ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Кога ги сакате животните искрено и ви значат како да се член на семејството, лесно е да го имате и „Најубавиот излог во Охрид“. Сега имаме уште еден пример, откако пред две години пишувавме за сличен таков кај продавницата за производи за мобилни телефони на улицата „Македонски просветители“, кои своите две мачки-миленички навечер ги кријат од тогаш ладното време во дуќанот, а им имаат подготвено посебни ...
По долги години континуирани реакции, поплаки и сериозно незадоволство од страна на граѓаните, главниот град конечно влегува во процес на решавање на еден од најголемите комунални проблеми. Надлежните најавија дека подготовките на терен се веќе во тек и дека во претстојниот период Скопје ќе добие три современи јавни тоалети. Овие нови санитарни објекти е предвидено да бидат поставени на три исклучително фреквентни и клучни точки низ градот, ...
Охридскиот аеродром од денеска добива нова авионска врска со Европа. Компанијата „Остријан ерлајнс“ ја воведува линијата Виена – Охрид, со што градот ќе биде директно поврзан со австриската престолнина. По повод пристигнувањето на првиот авион од Виена, на Охридскиот аеродром е најавена прес-конференција. На настанот ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на Австрија во ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Денес недела 21 јуни, во попладневните часови особено во западните и во северозападните планински предели од Македонија ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме. Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, а во Скопје и околината максималната температура денес ќе се искачи до околу ...
Летото на северната полутопка официјално започнува на 21 јуни во 10:24 часот, додека во истиот момент на јужната полутопка започнува зимската сезона. Со почетокот на летото настапува и најдолгиот ден во годината. Сонцето тогаш го достигнува својот највисок дневен пат над хоризонтот – изгрева на североисток, на пладне е на најголема висина, а заоѓа на северозапад. Астрономите овој момент го нарекуваат летен сонцестој или летен солстициум. Во ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Пред точно 20 години на денешен ден, во ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, беше направена првата интервенција, во тогаш новоотворената Катетеризациона сала, единствена таква во државата, надвор од Клиниката за кардиологија во Скопје. Воведувањето на интервентната кардиологија како дејност, во тогаш популарно виканиот „Кардиолошки Завод“ значеше почеток на нова етапа во ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од останатите настани кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Охрид некогаш: Охрид во 1977 година, „Туристичка“ и „Јане Сандански“, без „Мини Маркет“ OhridPress со ...
Летото во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент, на јужната полутопка ќе настапи зимата. Денеска е летниот солстициј – астрономски момент што го означува почетокот на најжешката годишна сезона и долгодневицата, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути. На ...
Охрид, 21. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска ...