Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Моја Бренан, пејачката на славната ирска фолк група „Кланад“ и една од најзначајните фигури на келтската музика во светот, почина денеска на 73-годишна возраст, пренесуваат ирските медиуми. Како што соопшти нејзиното семејство, Бренан починала во својот дом во округот Донегал, опкружена со најблиските, пишува „Гардијан“. Последните години таа боледуваше од пулмонална фиброза. Бренан ја основаше групата „Кланад“ во 1970 година заедно со ...
Хезболах нема да почитува ниту еден договор што ќе произлезе од разговорите меѓу Либан и Израел, посредувани од САД, изјави висок функционер во милитантната група. Вафик Сафа, истакнат член на политичкиот совет на Хезболах, посочи дека групата „воопшто не е заинтересирана за исходот од разговорите меѓу Либан и неговиот непријател Израел“ и дека што и да биде договорено тоа нема да ги обврзува. Либанските власти се надеваат дека ќе постигнат ...
Водителката Билјана Дебарлиева празничниот велигденски викенд го помина во сончеви прошетки во Милано, каде деновиве ужива заедно со сопругот Јован и блиски пријатели. На една од фотографиите што ги сподели, Дебарлиева е во опуштен момент на градски плоштад, опкружена со гулаби, додека со насмевка и нежност ги храни птиците. Облечена во елегантен светол костим и со внимателно стилизирана фризура, таа зрачи со софистицираност и е совршено ...
Грција се подготвува за задушувачки бран на африканска прашина и невообичаено високи температури оваа недела, при што метеоролозите предупредуваат на значително влошен квалитет на воздухот и појава на каллив дожд низ целата земја, објави „Ефимерида“. Метеорологот Јанис Калијанос соопшти дека воздушни струења од Северна Африка ќе ги подигнат температурите далеку над 21–22 степени во повеќето региони. Тој нагласи дека овие топли воздушни маси ...
Македонскиот повремен репрезентативец потпиша со ГРК Охрид најмалку до 2028 година. Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 cm) и следната сезона ќе го носи дресот со број 11. Доаѓа од шпанското првенство и одличните настапи за тимот на Ваљадолид по две сезони, а пред тоа го носеше дресот на ракометниот клуб Вардар 1961. – Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се ...
Да се биде сопственик на куче значи да се грижите за среќата на вашето куче. Иако веројатно се трудите најдобро што можете да му обезбедите здрав и исполнет живот на вашето домашно милениче, секогаш има простор за подобрување. На крајот на краиштата, вашиот лојален придружник е член на вашето семејство, а малите промени во вашата дневна рутина можат да направат голема разлика во нивната благосостојба и однесување. Добрата вест е дека не мора ...
Кога од соседната зграда во Холмлија, јужно од Осло, почнал да се крева црн чад, Беким Ахмеди од Тетово и Норвежанецот Магнус Кевин Стриге тргнале да им помогнат на своите соседи, објави ВГ.но. Како што пренесе Порталб.мк, 29-годишниот тетовец во неделата слушнал вресоци кои доаѓале од соседната зграда и веднаш го зел противпожарниот апарат и се упатил кон зградата од која излегувал чадот. „Кога стигнав таму, насекаде видов многу чад. На ...
Се зголемуваат турбуленциите пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу фудбалерите на Атлетико Мадрид и Барселона денеска од 21.00 часот. „Јорганџиите“ имаат водство од 2:0 од првите 90 минути. За време на тренингот на Каталонците, тренерот на Барселона Ханси Флик побара од делегатот на УЕФА да коментира за висината на тревата. Исто така, се пожали дека теренот е доста сув. Жалбата не беше формална, но УЕФА ја зеде ...
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл пристигнаа во Австралија на четиридневна посета, за време на која ќе учествуваат во спортски активности, како и во активности поврзани со менталното здравје и прашањата на ветераните. Тие ја посетија Кралската детска болница во Мелбурн откако пристигнаа во Австралија неколку часа порано истиот ден. Тие се сретнаа со персоналот, пациентите и јавноста и учествуваа во медитативна активност во ...
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираат по денешната јавна изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатена кон новинар од ТВ Алфа. „Сметаме дека е недозволиво и непримерно за претседател на политичка партија јавно да упатува тешки обвинувања за корупција проследена со реторика на дискредитирање кон новинари и медиуми. Oва не е изолиран случај, туку загрижувачка пракса ...
Иако дел од политичките партии веќе го „вратија“ поранешниот македонски премиер Никола Груевски во јавниот дискурс, правните процедури укажуваат дека патот до екстрадиција е далеку посложен и неизвесен отколку во политичката изјава на новиот унгарски премиер Петер Маѓар. Јавно се знае дека Груевски е политички азилант, но се отвора и можност тој да има и унгарско државјанство. Ретко кој може од овде да прогнозира што ќе се случи затоа што ...
На маратонот во Ротердам еден од најбрзите и најпрестижни маратони во Европа, македонскиот атлетичар Жан Тосев од АК Струмица оствари врвен резултат. Нашиот натпреварувач на маратонот во холандскиот град успеа да ја помине маратонската дистанца со време од 2:26:47. Тасев на маратонот го освои 72. место. Конечниот пласман на најдобрите маратонци можете да го погледнете на следниот линк ТУКА Со овој извонреден настап, Тосев го оствари третото ...
Фудбалерите на Арсими со тешко изборена победа од 1:0 денеска стигнаа до три нови бода и на извесен начин го осигураа опстанокот во Првата македонска лига, додека Пелистер и покрај теренската надмоќ, повторно ги потврди проблемите со реализацијата. Двете екипи беа мошне претпазливи, со јасна намера да ги запрат противничките акции уште надвор од сопствениот шеснаесетник. Играта најчесто се сведуваше на пресретнување и оневозможување на ...
Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте Попладневни вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте ...
Подготовките на машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија за настапот во Европската лига 2026 ќе започнат една недела порано од претходно договореното. Селекторот Јошко Миленкоски побара, а Федерацијата одобри најдобрите одбојкари првиот собир да го имаат на 6 мај во Крушево. ИО на ОФМ позитивно одговори на оваа промена свесен за она што ја очекува репрезентацијата – учеството во Европската лига 2026 за Македонија, која има ...
Најмалку 16 лица се повредени при пукање во средно училиште во Сиверек, во турската покраина Шанлиурфа, откако поранешен ученик со ловечка пушка отворил оган во зградата, пренесува британски „Дејли мејл“. #SonDakika Şanlıurfa Siverek’te bir lisenin önünde silah sesleri duyuldu. Olay yerine çok sayıda polis ve ambulans sevk edilirken, 7 kişinin yaralandığı öğrenildi. pic.twitter.com/GqILe3XREK — 23 DERECE (@yirmiucderece) April 14, 2026 ...
Фудбалерите на Барселона денеска ќе гостуваат на стадионот „Метрополитано“ од 21.00 часот, каде што ќе се обидат да ја надоместat негативата од 2:0 од првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Пред натпреварот, играчот на Барселона, Ламин Јамал се пожали на начинот на кој Атлетико се обидува да го спречи, истакнувајќи дека тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне често користи повеќе играчи за да го ...
За време на гостувањето во емисијата „Al Cielo Con Ella“, Шакира се осврна на „заповедите“ кои ги промовира во рамки на тековната турнеја, а меѓу другото порача дека постои посебно место во пеколот за жени кои не поддржуваат други жени, пренесува „Јаху“. Додека гостуваше во ток-шоу во доцните вечерни часови, колумбиската ѕвезда беше прашана за сегментот на големото платно на нејзината светска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“, во кој на ...
Цените на нафтата реагираа силно на новата ескалација на Блискиот Исток откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди блокада на морскиот сообраќај поврзан со Иран. Нафтата брент скокна за 7,4 проценти на почетокот на неделата, над 102 долари за барел, само за делумно да се корегира во вторник наутро на околу 96,5 долари, што го покажува високото ниво на неизвесност на пазарот. Американската централна команда (CENTCOM) објави дека ќе ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и ги повикал двајцата лидери да ги продолжат разговорите и да спречат понатамошно ескалирање на тензиите. Yesterday, I spoke with Iranian President Massoud Pezeshkian, as well as with U.S. President Donald Trump. I urged the resumption of the negotiations suspended in Islamabad, the clearing up ...
Американскиот секретар Шон Дуфи објави промотивно видео во кое гејмерите се повикуваат да станат контролори на летање на аеродромите. Паролата на поставеното видео од секретарот гласи „Не е игра, туку кариера“. Поради дефицит на кадар, Федералната администрација за авијација (ФАА) и Министерството за транспорт ја забрзуваат оваа иницијатива, па на 17 април ќе почне да се примаат апликации со цел да се ублажи недостигот на работници во ...
Полицијата во Грција регрутирала мигранти за насилно да одвраќаат други мигранти преку копнената граница со Турција, покажуваат голем број докази откриени од Би-би-си. Според полициските документи, до кои дошла Би-би-си, стражарите опишуваат како регрутирањето на таканаречените платеници било нарачано и надгледувано од високи офицери. Тие откриваат наводи за бруталност, при што сведоците известуваат дека мигрантите биле соблекувани, ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг предложи предлог од четири точки за постигнување мир и стабилност на Блискиот Исток, објавија кинеските државни медиуми. Предлогот вклучува почитување на принципот на мирен соживот, почитување на националниот суверенитет, почитување на меѓународното право и хармонизирање на развојот и безбедноста, според новинската агенција Синхуа, пренесува Нова.рс. Си го презентираше овој предлог за време на состанокот во ...
Во сараевската населба Добриња вчера е убиен Аднан Метановиќ (36), дознава порталот „Аваз.ба“. Аднан Метановиќ бил син на покојниот Руждија Метановиќ, музички менаџер и продуцент, кој соработувал со Тифа. Телото на 36-годишен маж било пронајдено на тротоарот пред зградата во понеделник вечерта, поради што на почетокот се сомневало дека станува збор за самоубиство. Меѓутоа, полицијата утврдила дека станува збор за насилна смрт, по што тројца ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ го скрши мразот и стана првиот лидер што влезе во конфликт со новиот унгарски премиер Петер Маѓар. Вучиќ му ја честиташе победата, но Маѓар не чекаше долго за јасно да ја постави својата реторика кон српската власт и кон Кремљ, односно кон Владимир Путин. Тој алудираше дека рускиот претседател е „кумот“ што ги влече конците во Србија и во Словачка. – Точно знам што се случува во Србија, а знам и каква ...
Нов обвинител од скопското обвинителство го презеде предметот „Талир 2“ каде остана да биде обвинет само поранешниот премиер Никола Груевски и партијата. Обвинителот Кристијан Смилевски дојде на денешното рочиште на местото на обвинителката Ленче Ристоска која даде оставка откако републичкиот јавен обвинител Ненад Савески ѝ ги зеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“. Смилевски го проучил предметот и се надева дека ќе го заврши пред да застари, ...
Сите барем еднаш сме го слушнале правилото од нашите баби „јади, да не се фрли“, но дали знаете колку храна навистина фрламе? На социјалните мрежи се споделува мапа што ја прикажува просечната количина на фрлена храна по глава на жител на годишно ниво во Европа. Бројките се навистина изненадувачки, особено кога ќе се погледнат црвените зони. Според овие податоци, во Македонија се фрлаат околу 80 килограми храна по жител, додека во Србија таа ...
Кривична пријава доби полицаец од Струмица, кој се товари за „злоупотреба на службена должност и овластување“. Полицаецот имал задача да провери тепачка, отишол на локацијата, а наместо да го сработи повикот – на насилниците им побарал пари за „мирно решавање“ на настанот. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., на работно ...
Изјавата на новоизбраниот унгарски премиер Петер Маѓар дека Унгарија нема да биде засолниште за странски криминалци повторно го отвори прашањето за можната екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Во политичка смисла, неговото евентуално враќање во земјава би имало тежина, но не и драма каква што некои ја најавуваат. Како што посочуваат експертите, Груевски денес повеќе би претставувал потенцијален проблем за ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Во просек поевтинувањето е за 2,73 проценти, во однос на претходната одлука од пред една недела. Со новата одлука, бензините поевтинуваат за 1,5 денар по литар, а дизелот за 2,5 денари. Нова цена има и за екстра лесното масло за 3,5 денари, додека мазутот се намалува за 2,084 денари по килограм. Според новата пресметка, од ноќеска на ...