Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Во неделата навечер по изборниот земјотрес во Унгарија кога опозициската Тиса на Петер Маѓар постигна убедлива победа над владејачката Фидес на Виктор Орбан, политичката атмосфера во Европа се загрева. Во емисијата „Разговор“ (Das Gespräch) на ORF 2, дискусијата меѓу поканетите гости покажа колку различни се толкувањата на резултатот. Додека во Будимпешта илјадници граѓани славеа и меѓународните медиуми зборуваа за историска промена, во ...
Производството на нафта во неколку земји од Блискиот Исток се намали во март поради конфликтите во регионот, според извештајот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Според податоците на ОПЕК, најголем месечен пад е забележан во Ирак и Саудиска Арабија, каде што производството е намалено за 2,563 милиони барели дневно. Иран, според истиот извештај, го намалил производството за 182.000 барели дневно. Во извештајот, исто ...
Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд денеска во Вашингтон го почнуваат пролетното заседание. На самитот кој ќе трае од 13 до 18 април, се очекува светските финансиски лидери, министри и централни банкари да разговараат за состојбата на глобалната економија. Посебен акцент ќе биде ставен на ризиците поради геополитичките тензии, инфлацијата и нестабилноста на енергетските пазари. Се очекува објавување на клучни извештаи, меѓу кои и ...
Кремљ денеска соопшти дека нема да му честита на новоизбраниот унгарски премиер Петер Маѓар за изборната победа по парламентарното гласање одржано еден ден претходно, објави „Анадолија“. – Ние не испраќаме честитки до непријателски земји. А Унгарија е непријателска земја, таа ги поддржува санкциите против нас – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков додаде дека Москва имала дијалог со премиерот во заминување Виктор Орбан. Во ...
Статистиката покажува дека постои одреден образец според кој пролетта е период со повеќе раскинувања, но причините за тоа се сложени. Пролетта носи повеќе сончева светлина, што влијае врз нивото на хормони како серотонин и допамин. Тоа може да ја зголеми енергијата, оптимизмот и желбата за промени. Луѓето почесто го преиспитуваат својот живот и врските кога се чувствуваат „поживи“ отколку во зима. На социјалните мрежи кружи и таканаречената ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран сака да постигне договор и дека тој нема да прифати никаков договор што ќе му дозволи на Техеран да поседува нуклеарно оружје, објави „Ројтерс“. Трамп рече дека разговорите наишле на застој поврзан со нуклеарните прашања и дека започнала „блокада на бродовите што минуваат низ Ормускиот Теснец“. Тој изјави и дека Иран „се јавил утрово“ и дека „би сакале да склучат договор“. ...
Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, денеска изјави дека како иден премиер има намера да ги одржи добрите односи со Македонија и со другите земји со кои Будимпешта и досега имала стратешко партнерство. Тој порача дека промената на власта во Унгарија не значи автоматско влошување на врските со државите со кои кабинетот на Виктор Орбан негувал блиска соработка. Напротив, според него, таму каде што односите биле нарушени, постои ...
Фудбалска Федерација на Гана донесе одлука за селекторската позиција пред претстојниот Мундијал, откако го официјализираше ангажманот на Карлос Квеирош. Искусниот 73-годишен стратег прифати краткорочен договор со важност до крајот на Светското првенство 2026. Португалецот, кој во кариерата ги водеше и Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, последно работеше во Оман, од каде неодамна замина. Со прифаќањето на оваа улога, Квеирош ќе го запише ...
Новите истражувања ја поврзуваат прекумерната консумација на кратки видеа со проблеми во вниманието, самоконтролата и општо послаби когнитивни функции. Станува збор за феноменот познат како „гниење на мозокот“ (Brain rot), кој на Универзитетот Оксфорд се дефинира како влошување на менталната и интелектуалната состојба, најчесто поради консумирање површна или недоволно стимулативна содржина со кратка форма. Преглед на 71 студија со речиси ...
Соочен со сè поголем отпор, американскиот претседател Доналд Трамп изгледа ја избришал контроверзната објава на „Трут сошал“ на која е прикажан како фигура слична на Исус, објави „Би-би-си“. Сликата, генерирана со вештачка интелигенција, на која Трамп изгледа како да лекува болен човек во болнички кревет, предизвика жестоки реакции од двете страни на американскиот политички спектар, вклучително и од некои од неговите најголеми поддржувачи. ...
Финалето на Лига на шампиони во 2027 година ќе означи крај на една препознатлива ера, последен пат ќе се игра со топката со петокраки ѕвезди, пишува британски „Гардијан“. Според најавите, од сезоната 2027/2028, „Адидас“ ќе го загуби долгогодишното право за дизајн на официјалната топка, кое ќе премине во рацете на „Најк“, во зделка вредна околу 45 милиони долари годишно. Германскиот бренд од 2001 година ја градише својата препознатливост ...
Федерален судија денеска ја отфрли тужбата за клевета од 10 милијарди долари што претседателот Доналд Трамп ја поднесе против „Волстрит журнал“ и Руперт Мардок поради текст за неговите врски со Џефри Епстин, објави „Ен-пи-ар“. Окружниот судија на САД во Флорида, Дарин П. Гејлс, во одлуката напиша дека Трамп не успеал да образложи како написот бил објавен со намера да му наштети, но му оставил можност на претседателот да поднесе изменета ...
Гитаристот на бендот „Ноу даут“, Том Димон, открил дека му е дијагностицирана Паркинсонова болест во ран стадиум, но вели дека и понатаму може да свири и ќе настапи на претстојната концертна резиденција во Лас Вегас, пренесува „Ен-би-си њуз“. Веста ја споделил во видео објавено на 11 април, во кое навел дека првите симптоми ги почувствувал пред неколку години, а дијагнозата ја добил по серија медицински прегледи и тестови. „Секој ден е ...
Непријатен момент го одбележа дуелот меѓу Струга и Тиквеш, во кој во центарот на вниманието се најде фудбалерот Папе Фал. Сенегалецот влезе во игра во второто полувреме, но само неколку минути подоцна по еден дуел незгодно падна и предизвика загриженост на теренот. Иако првично се обиде да продолжи, набргу му се влоши состојбата, по што мораше да интервенира медицинската екипа со возилото покрај теренот. Фал беше изнесен и веднаш пренесен во ...
Нафтен танкер денеска попладне поминал низ Ормускиот Теснец, иако блокадата на иранскиот поморски сообраќај што ја воведе администрацијата на претседателот Доналд Трамп требаше веќе да стапи во сила, покажуваат податоците објавени од „Кплер“, платформа за податочна интелигенција и аналитика за глобалните трговски текови, објави „Си-ен-ен“. Бродот, регистриран под името „Елпис“, е делумно натоварен и беше ставен под американски санкции во ...
Пласманот меѓу осумте најдобри на турнирот во Мадрид донесе напредок на ВТА листата за најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Според денешното рангирање, Ѓорческа напредуваше за осум позиции и сега се наоѓа на 191. место, со вкупно 385 бодови, ист учинок како и Анастасија Севастова, која е пласирана веднаш пред неа. Сепак, ова рангирање е за 21 позиција под нејзиниот најдобар резултат во кариерата. Од почетокот на 2026 година, ...
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, изјави за изборите во Унгарија дека му е жал што Виктор Орбан загубил, додавајќи дека тој бил негов пријател и дека ќе остане негов пријател, објави „Кликс“. – Уште првиот ден покажа дека многу лаги што му ги припишуваа, во смисла на диктатура, останаа апсолутно неосновани, бидејќи ги призна изборните резултати и без никакви ограничувања ја спроведе транзицијата на власта – рече Додик. Тој додаде ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово му ја честиташе победата на изборите во Унгарија на Петер Маѓар, објави „Данас“. Тој утрово на својот профил на „Икс“, покрај честитката, порача и: „Верувам во продолжување на добрата соработка меѓу Унгарија и Србија и сум му благодарен на Виктор Орбан што овозможи такви односи“. На вчера одржаните парламентарни избори во Унгарија, според последните информации на изборната комисија, Тиса, ...
Принцот Вилијам, како сопственик и управител на имотот Корнвол, остварил добивка од најмалку три милиони евра со изнајмување на Министерството за правда на напуштен затвор во Дартмур. Проблемот е што затворот бил евакуиран поради опасно високо ниво на токсичниот гас радон. Војводство Корнвол го изнајмува спорниот затвор на државата за 1,8 милиони евра годишно од декември 2023 година. Иако објектот е напуштен од јули 2024 година, договорот за ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска јавно го осуди нападот на американскиот претседател Доналд Трамп врз папата Лав, оценувајќи дека таквиот настап е неприфатлив. Со тоа таа се приклучи на политичари од различни идеолошки табори во Италија, кои застанаа во одбрана на поглаварот на Римокатоличката црква. Оваа реакција е особено значајна бидејќи ретко се случува Мелони отворено да му се спротивстави на Трамп, со кого последниве години ...
Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, денеска изјави дека, доколку рускиот претседател Владимир Путин му се јави, тој би разговарал со него и би му рекол да ја заврши војната во Украина, објави „Асошиејтед прес“. – Ако Владимир Путин се јави, ќе кренам. Ако навистина разговараме, би можел да му кажам дека би било добро да се запре убивањето по четири години и да се стави крај на војната. Веројатно тоа би бил краток телефонски ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе ја чека ждрепката за Европското првенство од последниот, четврти барабан. Извлекувањето на групите е закажано за 16 април во Катовице. Во истиот барабан со Македонија се наоѓаат и селекциите на Хрватска, Србија, Исланд, Украина и Грција, што значи дека овие репрезентации нема да можат да се најдат во иста група. Континенталниот шампионат ќе се одржи од 3 до 20 декември во пет земји, Полска, ...
Поранешниот капитен на Челси и англиската репрезентација, Џон Тери, е дел од конзорциум што подготвува преземање на Колчестер jунајтед, клуб кој настапува во четвртото ниво на англискиот фудбал, најавувваат британските медиуми. Според британските медиуми, станува збор за зделка вредна околу 14 милиони фунти, со која Тери би добил значајна улога во спортскиот сегмент на клубот од Есекс. Во моментов, Колчестер се наоѓа на средината од табелата ...
Молитва е она што го бараме да ни се оствари. Ние луѓето бараме многу работи, но Господ ја знае нашата иднина. И Господ знае дали тоа што го бараме ни е потребно за спасение. Затоа што, ние во молитвата „Оче наш“ кажуваме „да биде волјата твоја“. Ова го вели протосингел Висарион, јеромонах од Делчевско-каменичката епархија, кој гостува во најновото издание на „Попкаст со Мартин Богатиноски“ – Господ сака да нѐ види во Рајот, во вечноста, а ...
Викторија Бекам повторно го привлече вниманието на јавноста со нова објава на социјалните мрежи, на која со својот сопруг Дејвид Бекам сподели момент од Мајами. Поранешната членка на „Спајс грлс“ и денес успешна дизајнерка објави фотографија на која позира во елегантен црн костим за капење, додека покрај неа стои Дејвид без маица. Селфито, снимено во одраз на прозорец, ја прикажува нивната опуштена, но сè уште беспрекорно стилизирана ...
Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ги пофали постапките на македонските институции во врска со обидот за предизвикување пожар на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопје, оценувајќи дека е важно случајот темелно да се истражи и виновниците да понесат одговорност. На мрежата „Икс“, таа ја сподели објавата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во која тој го осудува инцидентот. ...
Поморската блокада на Иран, наредена од претседателот Доналд Трамп, започна денеска откако САД и Иран не успеаја да постигнат договор за време на директните мировни разговори во Пакистан за викендот, објави „Интелиџенсер“. Двонеделното примирје меѓу САД и Иран сè уште се одржува, и останува можно двете страни да постигнат договор, но Ормускиот Теснец и натаму е практично затворен, а бидејќи блокадата треба да го спречи извозот на иранска ...
Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, жестоко ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност, при што го спомена и случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој исто така доби азил во Унгарија. Маѓар порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за луѓе обвинети или осудени за ...
Несекојдневен инцидент ја вознемири јавноста во Аргентина, откако фудбалерот Емилијано Ендризи предизвика вистинска паника во авион непосредно пред летот од Сан Салвадор кон Буенос Аирес. Според локалните медиуми, дефанзивецот на Гимназија ненадејно извикал „бомба“, а наводно додал и заканувачка порака дека „сè ќе експлодира“, што веднаш ги вознемирило патниците и екипажот. Реакцијата на безбедносните служби била експресна, полицијата влегла ...
Иако мали количини кучешка храна обично нема да ѝ наштетат на мачката, долгорочното хранење со ваква храна може да предизвика здравствени проблеми. Како што наведува „The Spruce Pets“, мачките можат да јадат кучешка храна од различни причини – поради глад, обид за доминација или затоа што ги привлекува мирисот. Иако на прв поглед изгледаат слично, храната за мачки и храната за кучиња имаат важни разлики. Зошто мачките не треба долгорочно да ...