Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Помеѓу 1 јануари и 31 март 2026 година, вкупниот број на биткоин адреси што содржат најмалку 1 милион долари се намали од 148.084 на 127.494, што претставува загуба од 20.590 адреси или пад од 13,90 проценти во текот на кварталот, покажува анализата на Finbold. Ова намалување се совпадна со значителен пад на цената на биткоинот, која падна од околу 88.700 долари на почетокот на годината на 68.200 долари до крајот на првиот квартал, што е пад ...
Во 2025 година Град Скопје исплатил 750 илјади евра оштета на граѓаните поради напади од бездомни кучиња, при што биле поднесени стотици тужби и судски одлуки за надомест на штета. Од јануари 2025 до јануари 2026 година се поднесени вкупно 440 тужби за нематеријална штета предизвикана од каснувања од кучиња скитници, а судовите донеле 383 правосилни одлуки врз основа на кои градот исплатил значителни финансиски средства на оштетените ...
Под мотото „Колективниот договор не се чепка, културата има глас“, пред Министерството за култура на 16 април во 12 часот е најавен протест на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ). „СКРМ ќе одржи протест на кој ќе го изрази своето незадоволство од срамната одлука на Уставниот суд за поведување постапка за укинување на Колективниот договор за култура и кршењето на колективните договори во начинот на пресметка на плата“, стои ...
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција Татјана Димитровска обвинета дека оддала службена тајна на обвинетиот во случајот „Адитив“ Небојша Стојановиќ, денеска во судница се изјасни дека не чувствува вина за делото што ѝ се става на товар. Таа рече дека не се чувствува виновна ниту дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот после кој таа добила сертификат со највисок степен на доверливост ...
Црногорскиот актер Мима Караџиќ деновиве престојува во Рим, каде што времето го поминува во друштво на Аријана Михајловиќ, сопругата на покојниот фудбалер Синиша Михајловиќ, пишува српски „Блиц“. Караџиќ го прославил и својот роденден во Рим. View this post on Instagram A post shared by Mima Karadzic (@karadzicmima) Друштвото ја поминало вечерта во опуштена атмосфера во барот што го води Аријана Михајловиќ, а моменти од излегувањето ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче побара Владата да одговори дали откако ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се на власт побарале екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски и ако не да одговорат зошто и дали веќе денеска ќе побараат Будимпешта да го врати бегалецот и азилант откако новиот премиер на Унгарија Петер Маѓар најави екстрадиција на Груевски. Од новата унгарска власт Филипче побара да го истражи потеклото и текот на парите што од сега ...
Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...
Платформата за резервација на сместување Booking.com потврди безбедносен инцидент во кој неовластени лица добиле пристап до дел од податоците на корисниците. Компанијата со седиште во Амстердам, која нуди повеќе од 30 милиони сместувачки единици низ целиот свет и поврзува милиони патници со разни услуги, објави дека презела потребни мерки за заштита на своите корисници. Компанијата соопшти дека забележала „сомнителна активност“ што вклучувала ...
Манчестер јунајтед вечерва приреди ново разочарувања за своите навивачи и беше поразе нод Лидс на домашен терен со 2-1. Овој триумф е од големо значење за гостите во битката за опстанок во Премиер лига, додека за Јунајтед не би требало да има сериозни последици со оглед на предноста што ја има пред Челси во трката за место во Лига на шампиони. Клучна фигура во победата на Лидс беше Окафор, кој ги постигна двата гола во првите 30 минути. ...
Два поранешни европски шампиони денеска од 21.00 часот ќе се обидат да направат пресврти и да се пласираат во полуфиналето на фудбалската Лига на шампионите. Тоа се Ливерпул и Барселона, а двата тима имаат голема негатива од првите натпревари. Барселона влезе во двомечот со Атлетико Мадрид како фаворит, но во првиот меч на Камп Ноу сè тргна наопаку. Пау Кубарси доби црвен картон кон крајот на првото полувреме, а од слободен удар Хулијан ...
Ким Кардашијан доби улога на продуцентка во претставата „Стравот од 13“ (The Fear of 13) на Бродвеј, која го обработува кривичното правосудство, пренесува „Пипл“. Ријалити ѕвездата и претприемачка се приклучи на тимот продуценти на претставата „Стравот од 13“, која се темели на вистинската приказна на Ник Јарис, човек кој поминал повеќе од две децении на одделот за осудени на смртна казна поради убиство за кое тврди дека не го сторил. ...
Изборниот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан покрена прашања за обемот и иднината на политичкото влијание на десничарските популистички движења, особено оние поврзани со политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, објавува „Политико“. Според весникот, администрацијата во Вашингтон не успеала да му обезбеди на својот долгогодишен сојузник во Будимпешта доволна поддршка за да ја задржи власта, што се толкува како сигнал за ...
Здружението на транспортери на Црна Гора од денеска во 10 часот започнува дводневна блокада на товарниот сообраќај на граничните премини, незадоволно од мерките на ЕУ за ограничување на престојот во земјите членки, објави РТЦГ. Протестот ќе трае до четврток во 10 часот, а од блокадата ќе бидат изземени превозот на лекови, животни и запалив материјал. Од Здружението порачаа дека, доколку не им бидат исполнети барањата, ќе се обидат да го ...
Роботската хирургија, која до неодамна изгледаше како научна фантастика, веќе станува реалност и во Македонија. Во приватната болница „Аџибадем Систина“ веќе функционира робот што е произведен од една од водечките кинески компании во светот во оваа област. За самата операција, за нејзиниот тек, за безбедноста на пациентот, но и за тимот кој стои позади секоја операција, зборуваме со доктор Бобан Сарџовски, гинеколог-акушер од „Аџибадем ...
Низ државата оваа недела ќе има засилени радарски контроли од страна на МВР, како дел од европската акциска контрола која ја спроведуваат сите членки на Европската мрежа на сообраќајни прекршоци – РОАДПОЛ. -Од 13 до 19 април стартува европската акциска контрола на брзина на патиштата. Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени контроли за ...
Актерката Руби Роуз ја обвини пејачката Кети Пери за сексуален напад, кој наводно се случил пред многу години во ноќен клуб во Мелбурн. Ѕвездата на „Портокалово е ново црно“ ги изнесе своите тврдења во серија објави на социјалната мрежа Threads, а подоцна потврди дека целиот инцидент го пријавила во полиција, пренесуваат странските медиуми. Сè започна кога Роуз одговори на објава за Кети Пери, која го исмеа настапот на Џастин Бибер на ...
Загрепската полиција уапси една измамничка од тројца измамници, наводно сите државјани на Македонија, кои, глумејќи лекари, зеле 40.000 евра од 87-годишна загрепчанка, објави „Јутарњи лист“. Уапсена е 25-годишна државјанка на Македонија, додека по нејзините сонародници, засега со непознат идентитет, и понатаму се трага, а полицијата ги товари за кривично дело измама, извршено со цел стекнување противправна имотна корист. Имено, тие уште на ...
Македонското овчарско куче караман пред неколку дена беше официјално внесено во меѓународниот регистар на кинолошки раси и со тоа се вбројува меѓу 378-те светски признати раси на кучиња. Овој чекор претставува значајна потврда за македонското кинолошко наследство и за автентичноста на расата. Претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче – Караман“, Илија Ико Каров, за МИА посочи дека признавањето е резултат на процес што траел ...
До 2050 година, метаболичката болест на црниот дроб ќе погоди 1,8 милијарди луѓе ширум светот, предизвикани од растечката дебелина и зголемениот шеќер во крвта, сугерира новата студија. Стеатотичната болест на црниот дроб поврзана со метаболичка дисфункција (МАСЛД), порано позната како неалкохолна масна болест на црниот дроб (НАФЛД), е една од најраспространетите и најбрзо растечките заболувања на црниот дроб во светот. Според најновите ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до ...
Цената на златото денеска бележи стабилност на меѓународните пазари. Според актуелните информации, вредноста на чистото, 24-каратно злато се движи околу 129 до 130 евра за грам, додека цената по унца изнесува приближно 4.000 евра. Овие нивоа на цената доаѓаат во услови на умерени движења на глобалните финансиски пазари, каде златото традиционално се смета за сигурно засолниште за инвеститорите во време на економска неизвесност. Аналитичарите ...
Шпанија и Кина најавија продлабочување на меѓусебните односи и заедничка заложба за зачувување на глобалниот мир и развој, во време кога меѓународниот поредок „се распаѓа“, како што оцени кинескиот претседател Си Џинпинг. Пораката беше испратена за време на неговата средба со шпанскиот премиер Педро Санчез во Пекинг, на која двете страни ја истакнаа потребата од зајакната соработка во услови на зголемена глобална неизвесност. Посетата на ...
Џастин Бибер се најде на удар на критики по настапот на Коачела, кој дел од публиката го прогласи за еден од најлошите во историјата на фестивалот. Неговото враќање на сцената во саботата, на 11 април, предизвика бурни реакции на интернет, особено поради наводниот хонорар од 10 милиони долари (околу 8,5 милиони евра), пишува „Дејли мејл“. По првиот викенд од Коачела, најмногу се зборува токму за настапот на 32-годишниот Бибер. Обожавателите ...
Австриската економија повторно се соочува со неизвесност, откако најновите прогнози на институтите ВИФО и ИХС покажаа дека очекуванотo економско закрепнување во 2026 година е сериозно доведенo во прашање. Иако на почетокот на годината постоеја сигнали дека кризата полека се надминува, геополитичките тензии и растот на цените на енергенсите ја менуваат сликата. Наместо стабилен раст, се наметнува сценарио на слаб економски напредок, намален ...
Амбасадорот на Иран во Обединетите нации, Амир Саид Иравани, изјави дека блокадата на иранските пристаништа од страна на САД претставува тешко кршење на суверенитетот на земјата, во услови на кревок прекин на огнот. „Воведувањето поморска блокада претставува тешко кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Исламската Република Иран“, рече Иравани во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, објавиja медиумите “. Тој ...
Остатоци од храна по Велигден можат да се влечат со денови. Првиот ден не е проблем да се почестите со варено јајце со салата, но потоа станува здодевно. Уште полошо што варените јајца во фрижидер можат да траат најмногу една недела, па чекате до последен момент за да ги искористите. Но, не грижете се, добрата вест е дека варените јајца можат да се користат на многу начини, а ние имаме едноставни рецепти со кои тоа ќе биде најлесно. Полнети ...
Американската војска изврши уште еден напад врз пловило во источниот Пацифик, при што загинаа двајца, во најновиот смртоносен удар на американските сили врз чамци за кои Вашингтон тврди дека имаат врски со латиноамерикански наркокартели, пренесе „Ал џазира“. Јужната команда на САД (САУТКОМ), која е одговорна за американските воени операции во Латинска Америка и на Карибите, го потврди нападот во објава на социјалните мрежи ноќеска, тврдејќи ...
Падот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите претставува значаен политички пресврт кој ги надминува границите на Унгарија и отвора нови дилеми за иднината на десницата во Европа. Со години, Орбан беше симбол на конзервативен отпор кон либералните политики и силен критичар на европската интеграција, а неговиот модел на владеење инспирираше бројни партии низ континентот. Сега, неговиот пораз предизвикува политички шок и несигурност кај ...
Израелските воздушни напади и ракетните напади на Хезболах се засилија за време на викендот во јужен Либан и во северен Израел, при што двете страни сигнализираа дека војната ќе продолжи и покрај дипломатските напори, а најновата жртва е двегодишно девојче, објави „Би-би-си“. Либанското министерство за здравство соопшти дека, откако борбите повторно се разгореа на 2 март по напад на Хезболах врз Израел, во израелските напади загинале 2.055 ...
Неколку часа по воведувањето на американската блокада на иранските пристаништа и на Ормускиот Теснец и повеќе од една недела по почетокот на двонеделниот прекин на огнот договорен меѓу САД и Иран, состојбата сè почесто се опишува како „ниту војна, ниту мир“, кревко примирје со неизвесен исход, пренесуваат медиумите. Имено, иранските власти јасно го искажаа својот став околу новите состојби, велејќи дека се решени да ја обезбедат безбедноста ...