И покрај тоа што се споменуваше дека по реконструкцијата на Владата ќе раководи со друг ресор, Азир Алиу во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 навести дека ќе продолжи да биде министер за здравство. Како што рече, „во секој ресор каде што има резултати треба да се продолжи, во интерес на институциите и процесите што се во тек“. Алиу изјави дека веќе започнале разговорите меѓу коалициските партнери за завршените процеси и за перформансите на сите ...

Ставени во функција сите камбани на храмот Св. Јован Крстител во село Мислешево, струшко. Како што информираат од оваа парохија денес бил поставен и електронскиот систем од шест мелодии , први од ваков вид . -Денес на камбанаријата од нашиот Соборен храм беше поставен електронски систем од шесте мелодии со кој се ставија во функција сите камбани. Со тоа, нашата парохија стана првата во општината со ваков систем. Изразуваме благодарност до ...

На 64-годишна возраст, денес во својот дом почина Виолета Мојсова, долгогодишна судијка во Основниот суд Велес, која зад себе остави длабока трага во правосудниот живот на градот. Виолета Мојсова беше истакнат правен професионалец кој повеќе децении посветено ја извршуваше судиската функција во Основниот суд Велес. Со својата стручност, професионалност, интегритет и човечност остави значаен белег во правосудниот систем на Македонија. Судиска ...

Партијата Вреди е подготвена за избори, особено после позитивниот резултат на локалните избори, вели првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Сепак, Сали додаде оти смета дека граѓаните очекуваат да видат остварување на ветеното. Во прилог на тезата дека не се плашат од избори во кој било момент, генералниот секретар на Вреди вели дека раководат со десет општини и тој факт ...

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс. Како што соопшти, во фокусот на разговорот биле владеењето на правото и актуелните случувања поврзани со мирот и глобалната стабилност. Ахмети истакна дека за време на средбата ја изразил благодарноста за континуираната поддршка од Соединетите Американски Држави и уверувањето дека партнерството меѓу двете земји ...

Учениците кои не успеаја да се запишат во првиот уписен рок ќе имаат нова можност веќе на 23 јуни. Министерството за образование и наука соопшти дека во средните училишта низ државата остануваат слободни 11.882 места. По завршувањето на првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година, Министерството за образование и наука (МОН) објави дека второто електронско пријавување за упис во средните училишта ќе се реализира на 23 јуни. Според ...

Скандалозни злоупотреби во здравствената администрација открил министерот за здравство, кој тврди дека со години постоела пракса еден вработен да се пријавува на работа во име на повеќе свои колеги, додека тие воопшто не биле присутни на работното место. Според неговите наводи, наместо да бидат во канцелариите, дел од вработените времето го минувале надвор од институциите, а системот бил злоупотребуван преку меѓусебно „чекирање“ со ...

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на Ученичкиот дом „Орде Чопела“. Во рамки на акцијата беа отстранети трње, шипки, искосена трева и поголеми количини отпад што подолг период биле наталожени и исфрлани од несовесни граѓани. Собраниот отпад со механизација и човечки ...

Меѓу обврските што ќе бидат завршени до крајот на овој месец, министерот за европски прашања го вбројува и Изборниот законик, иако СДСМ ја напушти работната група за негово усогласување Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали е оптимист дека Владата ќе успее во грејс-периодот до 30 јуни, да заврши 9,5 од 10 обврски од Реформската агенда. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, тој вели дека се работи максимално за да се ...

Македонија одлично се снајде во време на криза. Сега останува предизвик и за Македонија и за Црна Гора во идниот период е структурно да се реши одредена проблематика преку продуктивноста и зајакнувањето на индустриите кои се главни приходни елементи на нашите економии. Алфа: Денеска се одржува самитот на ЦЕВ, голем глобален меѓународен самит во регионот под покровителство на Словенија или Словенија е носител на целата акција уште од две ...

Да се зборува за јавен долг од влада која само до пред две години била власт и која што во периодот додека владеела го дуплирала сето она кое што го задолжиле сите влади од осамостојувањето е малку дегутантно, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Во 2018 година имаме земено, како држава, еврообврзница од 500 милиони евра, во 2020 година – 700 милиони евра, во 2021 година – 700 ...

Идејата на Владата, како што во интервјуто за 360° на МРТ 1 објаснува вицепремиерот и министер за европски прашања, е дел од предметите предвидени со правосудниот испит да се полагаат на јазикот на кој ќе побара кандидатот (албански, турски, англиски…), а двата предмета што опфаќаат практичен дел да бидат на македонски Според Правилникот за начинот на полагање на правосудниот испит објавен од Министерството за правда, тој се состои од два ...

„Сметам дека имаме перспектива и нашите пријатели во меѓународните институции, во Европска комисија и челниците на поголемите држави во Европска Унија ни даваат знак дека процесот на проширување не е запрен, дека има волја за поддршка, нè поддржуваат на патот којшто ние го одиме заедно со нив“, вели првиот вицепремиер и министер за европски прашања Министерот за европски прашања Беким Сали вели оти прашањето за внесување на Бугарите во ...

Жителите на дел од скопската населба Драчево утре (23 јуни) ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа. Според најавата на надлежните служби, прекинот во снабдувањето со струја ќе трае од 10:00 до 14:00 часот. Без електрична енергија ќе бидат корисниците на улиците „Герника“ 1, 4, 5, 6, 7 и 8, како и дел од улицата „Сердарот“. Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги испланираат своите ...

„Тие што управуваа со институции 20 години не успеале, значи тие покажуваат дека не успеале да обезбедат обуки, едукација, унапредување на Албанци во институциите во период од 20 години, за ние утре, еве денес ние ВЛЕН, коишто нели според нив без достоинство ги претставуваме Албанците во институциите, да не можеме да ги унапредиме Албанците коишто заслужуваат, врз основа на меритократија“, вели првиот вицепремиер, министер за европски прашања ...

На 22.06.2026 во 02:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул„Орде Чопела“ во Прилеп, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Д.М. од Прилеп, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп. На 22.06.2026 во 02:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул„Орде Чопела“ во Прилеп, ...

Првиот вицепремиер, министер за европски прашања и генерален секретар на Влен, Беким Сали, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 рече дека при преговорите за реконструкција на Владата што се во тек, Влен ќе има освежувања во своите редови. Засега е извесно дека две имиња ќе ги нема во реконструираната влада. Арбен Фетаи даде оставка од вицепремиерското место за добро владеење, како и Фатмир Лимани, министерот за социјална политика, демографија ...

Во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој истакна дека законите од областа на правосудството се носат низ транспарентна постапка, со вклучување на јавноста и експертската фела. „Овие закони кои што се дел од планот за раст ги носиме низ една транспарентна постапка, нешто што не било случај во минатото, имаме буквално за секој закон јавна расправа, каде што слушаме ...

Нула резултати, економски дебакл, две години лажни ветувања, рекорден долг на државата и зголемена сиромаштија, е оценка на Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ, за двегодишниот учинок на владата што го изнесе во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Имаме сериозно влошување на животниот стандард, имаме сериозно намалени странски инвестиции од 76,1 процент во 2025 година во однос на 2024 година, зголемен јавен долг за над 2,5 ...

Електронско гласање на дијаспоратана парлламентарни избори со повеќее заштитни механизми – со отворена дилема дали ќе се остане седмата изборната изборна единица или или гласовите ќе се прелееат во постојните. Процентот на финанисрање на платеното политичко рекламирање, бројот на галсови за независни пратенчички листи, но и дополнителни механими за ДИК во однон на одлуката за прегласување – ова според извори на ТВ 24 во работната група на ...

Времето утре и во среда ќе биде под влијание на циклонска активност со центар во Турција, со развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток се очекува облачно време со локални врнежи од дожд. Од петок ќе следи период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури ќе бидат над 30 степени. Времето утре и во среда ќе биде под влијание на ...

Охрид, 22. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Една од причините зошто оваа улога ми стана толку посебна е колку длабоко се поврзав со Риналдо како лик, порача охридската оперска дива Миланка Новеска која неодамна во Лондон дебитираше во улогата на Риналдо во истоимената опера на Георг Фридрих Хендл. Пред публиката во The Cockpit Theatre таа се претстави заедно со Ensemble OrQuesta Baroque, Marcio Da Silva и Predrag Gosta кои ќе го оживеат ова ...

Битола, 21 јуни 2026 (МИА) - Зоран Ѓоргиев, публицист и истражувач од Битола ја промовира книгата „Приказните од Широк сокак“, во која е фокусиран на куќите на главната битолска улица и старите битолски фамилии чии судбини, како што посочува авторот Ѓоргиев, се вткаени во Широк сокак. На промотивниот настан во Битола, авторот Ѓоргиев истакна дека Широк сокак отсекогаш бил повеќе од улица, тоа е место каде се среќавале генерации, каде се ...

Можност за болната германска економија Растот е токму она што очајно и треба на болната германска економија, а Германија е веќе најголемиот трговски партнер на Турција, каде работат 8.600 германски компании. Министерката Рајхе смета дека има голем потенцијал затоа што Турција и покрај вртоглавото зголемување на инфлацијата и каматните стапки повисоки од 30 отсто, значително инвестира во нови технологии, обновливи извори на енергија, ...

Некогаш фудбалот во Македонија се сметаше за машка територија. Телевизорот беше зафатен, масата полна со грицки, а на жените им остануваше или да се приклучат на атмосферата или да почекаат натпреварот да заврши. Таа слика денес сè повеќе исчезнува. Македонските жени не само што седнуваат пред телевизорите за време на големите фудбалски натпреварувања, туку ги знаат репрезентациите, ги препознаваат фудбалерите, разговараат за тактиката, ги ...

Седечкиот начин на живот и брзата, преработена храна сè повеќе го нарушуваат здравјето на граѓаните. Податоците на Институтот за јавно здравје се загрижувачки – дебелината е во пораст и кај возрасните, и кај децата. „Дебелината и прекумерната телесна тежина во Македонија, според Светскиот атлас за дебелина на Светската здравствена организација, изнесуваат околу 60 проценти, односно толкав е уделот на лица со прекумерна тежина и дебелина. ...

Потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во рамки на активностите за унапредување на меѓународната економска и инвестициска соработка, остварил средба со Ерик Ли, претседател на „Chengwei Capital“ и основач на еден од највлијателните кинески медиумски портали „Guancha“, на која, како што информираат, биле разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре – 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“. Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева. Наде Проева, беше истакната историчарка, универзитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја. Нејзина особена професионална ...

За тетовец од селото Гајре кој им се заканувал на сопругата и неговата мајка и извршил физичко насилство врз сопругата се бара мерка притвор. Обвинителството соопшти дека вчера тетовецот им побарал 100 евра а откако тие не му дале почнал да ја крши покуќнината, а сопругата ја удрил со тупаници и ја влечел по косата. Осомничениот се товари за кривично дело – загрозување на сигурноста. The post Тетовец физички ја нападнал сопругата и мајката ...

Странка на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија. Сметаме дека овој документ ги одразува реалните состојби во државата и овозможува вистински преглед што властите треба да направат за Северна Македонија да почне да гради просперитетна иднина за своите граѓани, како демократска, функционална, праведна и европска држава. Ја ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.43
54%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
1.0
69%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
81%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.55
80%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.12
69%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.71
90%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.72
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.78
40%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.92
66%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
48%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.25
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.9872

Currency

71.521

Currency

37.0916

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Алуминиум

3.11

Калај

50.54

Бакар

12.22

Рутениум

49029.89

Сребро

1862.96

Платина

50476.67

Иридиум

233896.68

Злато

129060.56

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Паладиум

38355.84

Родиум

249168.29