Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со своето меѓународно патување, овојпат со учество на FIXION Fest – фестивал за фантастичен и хорор филм кој се одржува во Чиле. Филмот е избран меѓу десетте долгометражни остварувања во официјалната селекција, во рамки на јубилејното десетто издание на фестивалот. Селекцијата опфаќа наслови од различни делови на светот, со фокус на современата жанровска ...

Во време кога историските личности се делат на херои и предавници, новиот роман „Љубов и Смрт“ прави нешто многу поризично: ги претставува револуционерите како луѓе. Наместо мит, авторот го прикажува Гоце Делчев како човек што се сомнева, се плаши, сака, страда и се бори со сопствената совест. Ова не е удобна верзија на историјата. Ова е приказна за товарот на изборите. Опасноста на романот не е во тоа што поставува нови факти, туку во тоа ...

Цените на нафтата паднаа утрово пред отворањето на европските пазари откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе им помогне на бродовите да го напуштат Ормутскиот теснец, план што Иран го отфрли. Американската референтна сурова нафта (WTI) падна за 0,28 проценти на 101,65 долари за барел, додека Брент, меѓународниот референтен, падна за само 0,06 проценти на 108,10 долари, објави Euronews. Сега многу работи ...

Кремљ драматично ја засили личната безбедност на претседателот Владимир Путин, воведувајќи нови мерки што вклучуваат инсталирање системи за надзор во домовите на неговите блиски соработници. Овој потег беше поттикнат од бран атентати на високи руски воени функционери и страв од државен удар, според извештај од европска разузнавачка агенција до кој дојде Си-Ен-Ен . Во документот се наведува дека на готвачите, телохранителите и фотографите ...

Француската Влада одобри демонтирање на затворената нуклеарна централа Фесенхајм во близина на германската граница, откако вчера во службениот весник беше објавен декрет со кој се овластува енергетската компанија ЕДФ да почне со процесот. ЕДФ соопшти дека набрзо ќе почне со работа на проектот, кој ќе се спроведува во четири фази, додавајќи дека подготвителните работи се во голема мера завршени. Централата, лоцирана јужно од југозападниот ...

Трагичен настан, што се случи во пристанишниот град Драч, ја вознемири албанската јавност, кога возач кој управувал возило под дејство на алкохол удрил во деца додека играле на тротоар. Од ударот на местото на несреќата починале две деца на 10 и 13 години, додека едно на 8- годишна возраст се бори за живот на клиниката за трауматологија во Тирана. Четвртото дете кое било со нив е неповредено. Возачот Никол Радачи (57) го напуштил местото на ...

Современ дом АД Прилеп во првите три месеци од годинава остварил нето добивката од 7.379 илјади денари и истата е зголемена за 2% споредбено со претходната година кога изнесувала 7.247 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни приходи изнесуваат 29.472 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат намалување од 4%. Оперативните приходи се намалени за 3%. -Друштвото во ...

Украински дрон погоди станбена зграда во близина на центарот на Москва рано утрово, изјави градоначалникот на градот, неколку дена пред воената парада на Денот на победата во Русија. Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави на Телеграм дека нема повредени. Оштетената зграда, опишана од Киев Индепендент како луксузна висока зграда, се наоѓа во западниот дел од главниот град, каде што се наоѓаат и неколку амбасади. Два други украински дрона беа ...

Скопје, 4. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денес се одбележува годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Големиот македонски револуционер и национален херој е роден на 4-ти февруари 1872 година, во селото Кукуш како син на Никола и Султана Делчеви. Основното образование го завршува во Кукуш по што заминува да учи во Солун каде науката и литературата ги усовршува во воената школа. Има активна улога во многу политички клубови во ...

На денешен ден пред 46 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа ...

Во Собранието за денеска се најавени седници Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за образование, наука и спорт, како и Законодавно правната комисија. На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се расправа за Предлог на закон за младински додаток и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, двата во првио читање. На дневен ред на Комисијата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави почеток на операцијата „Проект Слобода“ за извлекување на трговските бродови заглавени во Ормутскиот теснец. Станува збор за пловила од неутрални земји кои побарале помош од САД. Трамп изјави дека овие држави немаат никаква врска со конфликтите на Блискиот Исток и дека САД ќе помогнат нивните бродови безбедно да ја напуштат областа. Операцијата треба да започне во понеделник наутро по локално ...

Охрид, 4. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го одбележуваат денот посветен на Свети свештеномаченик Јануариј и другите со него. Овој светител беше епископ во Камбанија Италијанска. Во времето на гонењето на Максимијан беше изведен на суд и мачен на разни начини, а тој поднесе сè трпеливо. Кога го фрлија во оган, огнот се разлади со невидлива роса и маченикот стоеше неповреден сред огнот и Му пееше пофалба на Бога. Тогаш му ...

Соединетите Американски Држави денеска ќе почнат иницијатива за помош на пловилата заглавени поради блокадата на Ормуската Теснина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека земјите од целиот свет побарале помош. Пишувајќи на својата платформа „Truth Social“, Трамп наведе дека Вашингтон ги информирал тие земји дека безбедно ќе ги води нивните бродови надвор од блокираните водни патишта „за да можат слободно и способно да ...

Во македонското Собрание денеска ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката. Државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката им се доделува за делото „Континуитетот на Македонскиот јазик I“ (Приказ на лексиката меѓу Слепченскиот патерник, ...

Три лица починаа по сомневање дека се појавил хантавирус на крузер што пловел во Атлантскиот Океан, потврди Светската здравствена организација (СЗО). Еден случај е потврден, додека пет други сомнителни случаи се под истрага. Епидемијата е регистрирана на крузерот MV Hondius, кој пловел од Аргентина до Зелен ’Рт, објави Би-би-си. Светската здравствена организација изјави за Би-би-си дека „е во тек темелна истрага за сомнителните случаи на ...

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, е хоспитализиран во критична, но стабилна состојба, изјави неговиот портпарол, неколку дена откако републикански политичар во своето ток-шоу изјави дека гласот му е „малку гребнат“. Портпаролот Тед Гудман не кажа зошто 81-годишниот Џулијани е хоспитализиран, колку долго ќе биде таму или каква е неговата прогноза. „Градоначалникот Џулијани е борец кој се соочил со секој предизвик во ...

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во Будимпешта и е осуден во повеќе судски постапки во Северна Македонија, преку објава на социјалните мрежи упати серија обвинувања кон домашните институции, тврдејќи дека против него бил воден политички мотивиран прогон и дека судските процеси биле „монтирани“. Реакцијата на Груевски доаѓа по јавните настапи на министерот за правда, Игор Филков, кој информираше дека се собира документација од ...

Кога Орландо Меџик поведе со 3-1 во серијата и имаше предност од 24 поени во второто полувреме од шестиот натпревар, целиот кошаркарски свет веќе го пишуваше нивното име во втората рунда од НБА плеј-офот. Но, она што следуваше ќе се раскажува со години, како еден од најголемите пресврти, но и еден од најголемите колапси во историјата на лигата. Детроит Пистонс синоќа на домашен терен го прегазија Орландо во решавачкиот натпревар број 7 со ...

Европската фудбалска унија (УЕФА) го назначи германскиот судија Даниел Зиберт да ја дели правдата на реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампиони меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид. Станува збор за искусен арбитар кој ќе има важна задача на натпреварот што ќе го одлучи патникот во финалето на елитното европско клупско натпреварување. Првиот дуел заврши без победник (1-1), па затоа сè ќе се решава на реваншот во Лондон, каде што двата ...

Милијардерот Илон Маск сведочеше пред федералниот суд во Калифорнија во рамки на неговата тужба против компанијата OpenAI, предупредувајќи дека вештачката интелигенција (ВИ) е технологија која „би можела да нè убие сите“. Како што пренесува американскиот медиум CNN, оваа правна битка би можела да ја промени иднината на една од највлијателните технологии на денешницата. Маск ги обвинува OpenAI, нејзиниот извршен директор Сем Алтман и ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека Словачка нема да учествува во новите кредити на ЕУ за Украина. Фицо во видео обраќање на „Фејсбук“ потсети дека одби да го поддржи заемот на ЕУ за Украина во измос од 90 милијарди евра. Исто така, тој напомена дека Словачка ѝ е сосед на Украина и дека поради тоа двете земји мораат да се вклучат во дијалог и да бараат решенија кои нема дополнително да ги нарушат словачко-украинските ...

Бик Во врската, тие бараат стабилност и безбедност. Тие сакаат да се грижат за своето семејство и да им овозможат на своите најблиски „совршен живот“. Бикот обично е искрено врзан за својата партнерка и тој не би сакал да ризикува стабилна врска за привремена авантура. Девица Кога ќе се чувствуваат сакани, луѓето родени во овој знак ќе му дадат на својот партнер иста количина на љубов колку што ја добиле. Покрај тоа, тие се дарежливи и многу ...

Голем скандал го стресе бразилскиот фудбал поради инцидентот кој се случи за време на тренингот на тимот на Сантос, а во главна улога беше Нејмар. Според информациите кои стигнуваат од Бразил, Нејмар се степал со синот на некогашниот бразилски репрезентативец Робињо. Робињо јуниор кој има само 18 години се најде на мета на речиси двојно постариот Нејмар (34 години) и тоа за време на еден класичен тренинг. Тоа што требаше да биде стандарден ...

Двајца од починатите биле брачен пар на возраст од 70 и 69 години Три лица починале на крузер што пловел во Атлантикот, а сомнежите се дека биле заразени со хантавирус, изјавиле денеска од Светската здравствена организациј (СЗО) за новинската агенција Франс-прес, пренесува „Гардијан“. Еден случај на инфекција со хантавирус е потврден, а има уште пет сомнителни случаи, рекле од СЗО. Од шесте заболени лица, тројца починале, а едно е на ...

Реал славеше во Барселона против Еспањол со 2:0 во последниот вечерашен дуел од тековното коло во Ла Лига и не им дозволија на фудбалерите на Барса да почнат да ја слават шампионската титула уште вечерва. Реал во меч во кој Винисиус Жуниор имаше свој ден, успеа да најде начин да ги грабне трите бода на ова гостување и да не дозволи лутиот ривал уште на четири кола пред крајот на сезоната да биде првак. Одлуката вечерва падна во период од ...

Ролинг Стоунс го потврдија издавањето на нов албум со наслов „Форин Тангс“, кој ќе биде нивниот прв студиски проект по албумот „Хакни Дајмондс“ од 2023 година, добитник на Греми награда. Според најавите, новиот албум ќе биде објавен на 10 јули. Членовите на бендот Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд преку социјалните мрежи споделиле делови од омотот на албумот, изработен во колаж-стил, кој потсетува на периодот од албумот „Сам Грлс“. Секој од ...

Актерката Весна Петрушевска започна иницијатива за собирање 10.000 потписи со цел, како што вели, да се стави „црвено светло“ за политичките партии и да се отвори прашањето за заштита на децата на социјалните мрежи. Таа преку јавен повик апелира граѓаните да се приклучат преку платформата за петиции, нагласувајќи дека не станува збор за финансиска кампања. „Јас не барам и не примам пари. Барам само ваша поддршка и потпис“, посочува ...

Фудбалерите на Интер славеа против Парма сод 2:0 во натпреварот од 35-тото коло од италијанската Серија А и официјално станаа нов шампион на Италија. Со вечерашната победа, екипата на Кристијан Киву и математички ја обезбеди новата, 21-ва титула во италијанското првенство во историјата на клубот и заслужено го заработи епитетот најдобар тим во земјата. Моментот за такво нешто се очекуваше веќе неколку недели, особено по неуспесите на Наполи ...

Екипата на Тотенхем по подолго време конечно побегна од опасната зона, откако вечерва забележа многу важна победа од 1-2 на гостувањето кај Астон Вила на „Вила Парк“, во натпревар од 35 коло во Премиер лигата. Гостите одиграа одлично прво полувреме и уште тогаш го решија прашањето на победникот. Најпрво Конор Галагер го отвори резултатот со прецизен удар, што беше негов прв погодок за новиот тим, додека предноста ја зголеми Ричарлисон, кој ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
29%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
36%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
64%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
27%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.23
44%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
90%
1010
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.66
37%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
40%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
6.17
42%
1008
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
42%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Злато

166450.52

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Платина

64172.89