Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Девојки, сакате да ја зачините вашата врска со нешто ново и интересно? Секс под туш е одличниот избор со кој може да го изненадите вашиот партнер и да внесете дополнителна возбуда во врската. Ова се 4 пози за секс под туш кои вреди да ги пробате барем еднаш во животот. Поза – рацете на sидот Ставете ги рацете на sидот и свртете се со грбот кон вашиот партнер. Ова е класичната doggy style, која под туш е поинтересна и повозбудлива. Пареата ...
Летото и топлото време носат многу предизвици, а еден од нив е како да ја негуваме мрсната кожа на лицето за време на пеколно високите температури. Со цел да ја намалиме реактивноста на мрсната кожа во овој временски период, постојат неколку трикови за нега на овој тип на кожа: Заменете ја течната пудра со минерална пудра во прав Течните пудри се апсорбираат во горниот слој на кожата, а мрсната кожа природно, додатно лачи себум, што може да ...
Ако некогаш сте си имале работа со нарцис, веројатно не сакате тоа искуство повторно да го доживеете. Ако не сте имале такво искуство, тогаш е најдобро е да го избегнете. Не сите луѓе родени во овие знаци се нарциси, но припадниците на овие знаци покажуваат многу особини на нарцис, пишува Your Tango. Бик Понекогаш Биковите веруваат дека се подобри од сите останати и дека заслужуваат многу повеќе. Имаат недостиг од емпатија бидејќи ако нешто ...
Познатите личности со текот на годините популаризираа различни необични трендови во исхраната. Еден од најновите трендови кај познатите е OMAD диетата или диетата „еден оброк дневно“.Многу приврзаници на диетата ОМАД тврдат дека таа им помага подобро да управуваат со тежината и да останат во форма. Тоа е всушност екстремна верзија на интермитентна диета, позната и како интермитентен пост. Главната разлика е во тоа што луѓето кои ја ...
Непцата што крварат се најчесто запоставени проблем во усната шуплина. Повеќето луѓе се фокусираат на здравјето на забите и отстранувањето на кариес, но не водат грижа за здравјето на непцата. Крварењето на непцата не е безопасно и во повеќето случаи е предизвикано од одредени причини. Кои можат да се тие? Воспаление Ако не четка забите добро има голема веројатност некаде да се задржи храна. Престојот на бактериите во устата за повеќе од 24 ...
Ако сте од оние што го користат лакот за коса само за коса (што е и логично), во продолжение ќе прочитате неколку нови начини како можете да ги искористите својствата на овој препарат. -Ако стапалата ви се потат во текот на денот и сакате да го запрете нивното лизгање во обувките, само напрскајте ги со лакот за коса и проблемот ќе биде решен. -Ако сакате најубавите обувки од кожа што ги имате да ви светат во текот на целиот ден, тајната е ...
Секојдневно сме опкружени со фотографии од совршени тела, а одразот во огледалото често не е она што сакаме да го видиме. Ваквите работи кај нас можат да разбудат разочарување и недостаток на самодоверба. Сепак, сите сме луѓе и тоа е нормално. Секако дека и луѓе Крис Хемсворт гледаат некои недостатоци кај себе. Мораме да разбереме дека најголемиот дел од тоа е само во нашата глава и дека партнерите тоа не го доживуваат така. Покрај ...
Сезонската храна која се бори против воспаление игра клучна улога во промовирањето на целокупната благосостојба, особено во областите како што се здравјето на цревата и дигестивниот систем. Вклучувањето на оваа храна во вашата исхрана може да помогне да се намали воспалението и да се подобри варењето. Лекарот по семејна медицина, д-р Брина Конор, издвои неколку такви сезонски намирници кои можат да помогнат за затегнат стомак, здравје на ...
Постојат неколку едноставни начини со кои можете да се погрижите вашиот плакар секогаш да мириса добро, како и облеката во него. Клучот е редовно да го бришете и да не ставате валкани алишта внатре. Дополнително, направете го следново: Спречете ја влагата Елиминирањето на влагата е клучно за спречување на формирање на мувла, што предизвикува непријатни мириси. Користете абсорбенти за влага, особено ако имате влага во вашиот дом. Така облеката ќе ...
И навидум студена и строга жена ќе биде „стопена“ од искрениот комплимент на мажот кој ѝ се допаѓа. Жените едноставно сакаат да слушнат дека се посебни, дека се пријатно друштво, да знаат дека нивното мислење е навистина важно за мажите, итн. Жените се екстремно слаби во однос на мажите кои покажуваат чувства, не кријат дека понекогаш се ранливи, ја гледаат како „капка вода на дланка“ и се покрај неа, без оглед што и да се случи. Може да биде ...
Повеќето луѓе, во просек се тушираат еднаш дневно. Новите истражувања, сепак, посочуваат дека е подобро да се биде малку “валкан”, со цел да се одржи природната рамнотежа и влажност на кожата. „Бројот на туширањата зависи од активностите на поединецот”, вели д-р Дејвид Е. Бенк од Њујоршкиот центар за дерматологија. Тој додава дека ако имате физичка работа или ако вежбате најмалку еден час секој ден, тогаш дефинитивно треба да се туширате ...
Иако грубата и мртва кожа на стапалата ви изгледа како невозможна работа за отстранување, сепак имаме добри вести за вас- Постојат неколку брзи и едноставни работи кои може да ги направите за да вашите стапала бидат меки и нежни 365 дена во годината! Секојдневното чекорење и притискање на стапалата, особено доколку поголемиот дел од времето се движиме во несоодветни чевли, тоа може да резултира со појава на плускавци и непријатни меурчиња на ...
Едноставен трик со парчиња краставица може да биде вашето тајно оружје против досадните муви ова лето. Како што времето станува потопло, природно е да сакате да ги отворите прозорците и вратите за да влезе свеж воздух. Но, иако е убаво да уживате во лесен ветaр, отворените прозорци ги покануваат мувите да влезат и да летаат низ вашиот дом. Освен што се досадни, мувите носат повеќе од 100 различни патогени, вклучувајќи бактерии, габи, вируси и ...
Ако сакате да изгледате природно со вашата шминка, тогаш ќе го обожавате овој нов трик кој во последно време е тренд меѓу „бјути“ блогерките. Сè што ви треба е прашок за пециво! Демонстрирајќи го овој трик за шминкање на TikTok, Џорџи Кларк откри дека често користи прашок за пециво за обратно контурирање на носот. Во видеото, таа објасни дека можете да постигнете природен, исончан изглед со земање мал, триаголен сунѓер за шминкање, нанесување ...
Кромидот е неопходна состојка во многу јадења и често е основа на речиси секоја подготовка во кујната. Освен што дава длабочина на вкусот, правилно пржениот кромид може значително да го подобри квалитетот на јадењето. Ако сакате да постигнете побогат вкус при пржење кромид, постои едноставен трик што можете да го пробате – додавање прстофат шеќер. Овој мал додаток помага во карамелизирање на кромидот, правејќи го малку сладок и уште ...
Кога тоалетната школка пожолтува и традиционалните методи не успеваат, посегнете по производ со специјална задача Таблетите за миење садови се исклучително сестрани средства за чистење кои ќе бидат корисни дури и ако го немате овој уред. Малкумина знаат, но можат успешно да се користат за отстранување на лошиот мирис и тврдоглавата нечистотија во тоалетот. Ова не е шега. Чистењето на тоалетот често е вистински предизвик. Кога тоалетната школка ...
Никој не сака да биде изневерен. Но, што ако сте вие партнерот кој изневерува? И уште полошо, што ако сте вие сте личноста која изневерува, а не сте ни свесни за тоа? Ова сценарио можеби ви се чини невозможно, но терапевтите издвоија нов начин на изневерување. Покрај „класичната“ прељуба и емоционалното неверство кога намерно се поврзувате со луѓе на начин што се граничи меѓу пријателското и љубовното, но не доаѓа до физичко неверство, има и ...
Интересно е што всушност шеќерот и солта се намирници чиј внес најтешко се контролира. И шеќерот и солта често се скриени во преработената храна, па многу луѓе не се ни свесни дека ги консумираат во преголеми количини. Имено, препорачаниот дневен внес на шеќер е 25 грама за возрасни лица, што е отприлика шест чајни лажички, додека препорачаниот внес на сол за возрасни е една лажичка на ден, или 4 до 6 грама. Поединечни студии покажуваат дека ...
Веројатно сте носеле долна облека што штотуку сте ја донеле дома од продавница, но постои причина зошто треба темелно да ја измиете пред да ја облечете, дури и ако е сосема нова. Иако новата долна облека може да биде нова, нема да биде без потенцијални иританти или заразни микроби. Постојат неколку работи што треба да ги земете предвид пред да облечете неиспран нов пар долна облека. Многу продавници за долна облека дозволуваат пробување, но тие ...
Иако многу луѓе го започнуваат денот со добри намери и план за поздрав живот, попладневните часови претставуваат најголем предизвик во процесот на слабеење. Експертите предупредуваат дека малите, но чести попладневни навики можат сериозно да го саботираат успехот во слабеењето. Малите навики што ги повторуваме секој ден можат да имаат поголемо влијание врз телото, па затоа подолу ви ги претставуваме некои од најчестите попладневни грешки што го ...
Освен бришењето садови, многу луѓе користат крпи за миење садови за да ги избришат рацете и работните површини, а потоа ги оставаат на стол, радијатор или слично место во кујната. Но, колку време е потребно додека повторно не треба да се перат во машината за перење? Иако често изгледа чиста, кујната, а со тоа и крпите што ги користиме во неа, може да биде плодна почва за бактерии. Според микробиологот Џејсон Тетро, крпите за миење садови се ...
Како што температурите растат, така се менуваат и нашите омилени мириси – тешките, зимски ноти се заменуваат со лесни, освежителни мириси. Во лето, идеално е да се користи тоалетна вода, колонска вода или освежителен лосион за тело. Причината е едноставна – високите температури го зголемуваат интензитетот на мирисот, па затоа посилните парфеми можат да станат агресивни или дури и да предизвикаат главоболка. Цитрусните ноти како што се лимон и ...
Ако се прашувате зошто вашата врска станала неподнослива, веројатно треба добро да ја анализирате моменталната ситуација и да бидете објективни. Проследете на што се должеле вашите последни караници и бидете реални – почнете од себе. Доколку не можете да најдете ништо погрешно во вашето и нејзиното однесување, тогаш размислете дали ова се вашите настанати навики: Неслушање Комуникацијата е клуч во секоја врска, па ако таа не е добро воспоставена ...
Со оглед на тоа што температурите се зголемуваат со денови, важно е да бидете внимателни да не доживеете топлотен удар. Затоа, важно е да бидете свесни за помалку познатите знаци.Игнорирањето на здравствените совети може да предизвика топлотен удар, а во најлош случај може да доведе до откажување на органите, па дури и смрт. Иако постојат некои поочигледни знаци на топлотен удар, како што се висока телесна температура (40°C или повисока) и ...
Најчестите причини поради кои жените не можат да доживеат оргазам се од ментална и физичка природа. Во една научна студија само 18,4 проценти од жените изјавиле дека доживуваат оргазам во текот на сексот, односно дека за него им е потребна стимулација на клиторисот. Во друга студија, објавена во Journal of Sexual Research, четвртина од мажите изјавиле дека одглумиле оргазам. Сексологот Сара Хантер Мареј одвојува неколку причини поради кои мажите ...
Лубеницата е природен диуретик, го зголемува либидото и е извор на витамини и минерали. Сепак, луѓето кои имаат дијабетес треба да бидат внимателни. Летните горештини се идеални за разладување со слатка лубеница. Ова вкусно сезонско овошје главно се состои од вода, а идеално е за засладување бидејќи има само 30 калории на 100 грама. Исто така е одличен извор на витамини Б, Ц, витамин А, калиум и магнезиум. Овие две последни се важни за ...
Ако ви се случило телефонот да падне во вода или сте истуриле малку течност врз него, вие сте меѓу 25-те проценти од корисниците на паметни телефони кои се соочиле со овој проблем. Експертите наведуваат дека во тој случај, можете да преземете неколку чекори што можат да помогнат во зачувувањето на телефонот. Според нивниот совет, потребно е веднаш да се исклучи уредот. Доколку станува збор за водоотпорен телефон, а вие сте го потопиле или ...
Зелката и другите видови зелена салата можат брзо да се расипат ако не се складираат правилно, но можат да траат до 14 дена подолго ако ги складирате со два едноставни производи што се наоѓаат во вашата кујна. Зеленчукот е основен дел од многу јадења, но за да се одржи нивната свежина, треба правилно да се складираат. Малкумина се свесни дека зелката и зелената салата имаат заштитна обвивка, што ги прави посклони кон расипување ако се остават ...
Французинките, познати по својот софистициран, ненаметлив стил, често избираат една класична фризура која совршено ги задоволува барањата за функционалност, елеганција и шарм – француската плетенка. Во текот на летото, кога температурите се зголемуваат, жените низ целиот свет бараат фризури погодни за топли денови. Освен што спречува косата да се лепи на вратот и лицето поради потење, француската плетенка изгледа уредно и елегантно. За разлика ...
Штом се појават гадење, повраќање или дијареја, речиси инстинктивно посегнуваме по парче тост или двопек. Оваа навика се пренесува од генерација на генерација и честопати изгледа како универзален рецепт за смирување на желудникот. Но, дали двопекот навистина помага и колку е корисно да се потпираме исклучиво на оваа „безбедна храна“ кога страдаме од проблеми со желудникот? Се испостави дека науката потврдува – и предупредува. Кога ќе се појават ...