Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски би го критикувал изборот за советник за млади кој го направи премиерот Христијан Мицкоски. Назначувањето на Столе Пандов би било пречекано со жестоки критики од опозиционерот кој бараше вработување по мерит и беше гласен против непотизмот и партиските вработувања. Државата чиишто млади во најголем процент од сите земји во регионот сакаат да ја напуштат конечно доби власт којашто борбата со белата чума ја ...

Основното јавно обвинителство во Битола отвори предистражна постапка по допрен глас по сторијата на ИРЛ за набавка на адитиви за РЕК Битола. ИРЛ на 13 јуни објави истражување во кое откривме како јавни службеници во кризата виделе можност за профит преку сомнителни набавки за потребите на термоелектраните на јаглен во Битола и Осломеј во Кичево. „Основното јавно обвинителство Битола веќе води предистражна постапка во рамките на која проверува ...

Повторно ќе им се суди на директорите на болницата во Тетово, во која за време на ковид пандемијата во пожар изгореа 14 луѓе. Пресудата на Судот во Тетово била нејасна, одлучи Апелациониот суд во Гостивар. За причините за пожарот, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повеќе од две години води предистрага. На повторно судење се враќа дел од предметот против двајцата директори на Тетовската болница за случајот со пожарот во ...

На Маврово се гради. На хартија куќи, во реалноста зграда. Веќе има и една изградена. Таа требало да биде хотел, но газдата си продаде станови. Во најава се и нови градилишта до ски терените. ИРЛ разговараше со Медат Куртовски, градоначалникот на Маврово, за опасноста од неповратни загуби во име на профитот во Нациоаналниот парк „Маврово“. Тој вели дека во општината нема доволно туристички легла, а тие се стремат да го развијат туризмот. ...

Вовед За парламентарните и претседателски избори и за опциите кои се пред македонските граѓани се разговара многу. Но, и на два дена пред изборниот ден ниедна партија не разговара со својот електорат за потребите и аспирациите на сите граѓани. Кампањите на оние кои се натпреваруваат воопшто не се грижат да ја образложат или дебатираат својата понуда. Овие избори ја прикажаа длабоката криза на вредности во македонската политика, најпосле во ...